логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Митрополит Струмички Наум


TViTer442

Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022 15:58)


Сите носиме свој Крст (страдање) – прашањето е: сакаме да носиме Крст со смисла, со утеха и надеж на Воскресение, или сакаме да се мачиме со бесмислен крст? Мислам дека изборот не е тежок.

Затоа, ајде да почнеме вистински да го почитуваме Крстот Христов, црпејќи ја од него силата на преобразувањето и Воскресението. Вистинско почитување или носење на Крстот значи вистинско живеење според Крстот.

            Ако правилно го носиме нашиот Крст, тогаш, секако, ќе ни се отворат очите да видиме дека главниот фокус при страдањето не е на самото наше страдање, туку на нашиот личносен однос со Богочовекот Христос, однос што токму преку страдањето го градиме. Нашиот крст е всушност начинот на кој Бог избрал да комуницира со нас, а којшто е најсоодветен за нашето спасение. Ако нашето внимание се задржи, главно, на страдањето и не Го препознаеме Бог во истото, тоа значи дека сме самољубиви, а нашиот духовен живот е импровизација и воопшто не е втемелен во Него.

            Значи, да запаметиме: во секое страдање првенствено Го препознаваме Христос и го утврдуваме и надградуваме нашиот личносен однос во и со Него. Самото страдање е реално, но останува во втор план, бидејќи преку прифаќањето и благодарењето тоа станува извор на радост од новоостварениот и надградениот однос со нашиот Господ.

            Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е погрешен – не е синовски (втемелен на личниот однос со Него), туку е робовски или наемнички. Од Крстот (страдањето) треба да ни произлегува радосна тага од надградениот однос со Бог, а не очај.

            Прифаќањето и благодарењето на Бог за тоа што ни се случува не значи и помирување со некаква „судбина“, дека „така ни било пишано“, дека така ни било „од Бога дадено“, и дека ние не можеме ништо од тоа што ни се случува да промениме. Прифаќањето и благодарноста кон Бог за нашите страдања не е пасивен едностран однос, туку основен почеток на еден нов однос со Бог, кој самиот по себе, во суштина, на подобро ги менува работите – не само како однос кон самите нив, туку и во реалниот живот.

            Нашиот однос со Живиот Бог е жив однос: нешто прифаќаме со благодарност, со друго недвојбено се согласуваме, за трето љубовно се бунтуваме и бараме да се промени – сѐ зависи од тоа колку е изграден нашиот однос со Него; или не. Нема боголикост и богоподобност на човекот, нема вистинска слобода и љубов во односот меѓу човекот и Бог, нема вистински однос меѓу човекот и Бог ако човекот нема можност да ја промени и Божјата волја. Нема човек и нема Бог – нема Богочовек.

            Како се откажуваме од Крстот Христов?

Прво, се откажуваме од Крстот Христов секогаш кога избегнуваме страдања – кои се за спасение на нашите ближни и за наше спасение; кога не го прифаќаме начинот на кој Бог решил да комуницира со нас, кој согласно Неговата промисла е најспасителен за сите нас.

Второ, се откажуваме од Крстот секогаш кога нашата безбедност ја темелиме на нешто што е надвор од Бог, а не на Него, односно на самите себе и своите сопствени знаења и сили, и на некоја од формите на самочовечко општествено уредување или групирање. На пример, кога нашата сигурност ја темелиме на државата, нацијата, партијата, на семејството или на некои други видови самочовечко групирање (обично бизнис и разни тајни организации), како и кога се чувствуваме безбедни поради имотот и парите што ги поседуваме, како и човечката власт.

Секое такво втемелување на нашата сигурност е стварно откажување од Крстот Христов. Нормално, страдањата што секако ќе дојдат, ќе бидат бесмислени и полни со очај.

            Накратко, Крст е кога се саможртвуваме за доброто на другите, а не кога другите ги жртвуваме за свое добро! Крстот е она на кое и со кое ме распнуваат, а не она на кое и со кое јас ги распнувам другите.

            Затоа и постојано ви повторувам: во глобалниот театар на илузијата во којшто живееме многу страни немаме, или ќе бидеме со Христос и распнати на Неговиот Крст или со другата страна – световната, во која, патем речено, разликуваме две еднакво опасни групи – онаа, свештеничко-фарисејската, којашто Го предаде на чело со Јуда, и онаа којашто Го осуди и распна.

Нашата христијанска заблуда е што барајќи ја сигурноста во овој свет и „овоземното царство“, најчесто се определуваме за онаа група од првата опција, маскираната во побожен лик, која всушност, Го предаде; затоа што сме потполно исти како нив – немајќи внатрешно духовно покритие: прво – за името христијанин, а второ – за свештеничките чинови што ги носиме. Атеистите најчесто се определуваат за другата – којашто Го осуди и распна.

            На која од овие две световни страни и да сме, со Христос не сме – да не се лажеме себеси!

„Бидете мудри како змии“ (Матеј 10, 16); значи, изложете го целото тело на удар освен главата, односно, ако треба, изгубете сѐ – само и само да си ја сочувате верата, и затоа не влегувајте во световните шеми (партиски, национални, глобални) – каде што автоматски ја губите.

Погрешно одбраната страна еден ден секако ќе се поврзе со одрекување од Богочовекот Христос, со покајание и исповед, и со повторно помазување со светото Миро како акт на враќање и присоединување кон Православната Црква. Кој има уши да чуе – нека чуе!

            Не само мудри како змии, туку треба да бидеме и „незлобливи како гулаби“ (Матеј 10, 16). На тој начин победило и се ширело христијанството во првите три века, затоа што никому не враќало со зло за зло.

            На кој начин ја бараме сигурноста и безбедноста во овој свет и „овоземното царство“, а се одрекуваме од Царството Небесно и истовремено од Богочовекот Христос? На ист начин како што се одрекуваме и од Крстот Христов.

Прво, кај нас – денешните христијани и нашето свештенство, постои едно суптилно тежнеење (свесно или неосвестено), внатре во нас, почнувајќи од себе и од нашето најтесно семејство, па сѐ до најшироката заедница, да создадеме некакво „земно царство“, во кое ќе ги задоволиме сите наши страсти – за славољубие, среброљубие и сластољубие, не гледајќи дека со тоа се откажуваме од Царството Небесно; а тоа е толку очигледно. Со други зборови, сакаме да имаме личен мир, секогаш да се чувствуваме добро, сите наши потреби да се задоволени, а да не ни се случува никакво страдање или недостаток што сето тоа ќе го поремети.

            И второ, кога нашата лична безбедност, односно задоволувањето на животните потреби ги темелиме на нешто што е надвор од Бог, а не на Него – за што претходно говоревме.

Секое такво егоцентрично втемелување на нашата обезбеденост, како што и порано сум рекол, е одрекување од Крстот Христов, од Богочовекот Христос, а последователно, и од Царството Небесно.

            Но, забораваме дека поради нашата душевна оболеност тоа не е можно, и дека секое зло што ни се случува е само последица на отсуство на благодатта Божја од која самите сме се одрекле. Многупати сум повторил дека е добро кога сме во прелест (лажна состојба на умот и емоциите) барем да знаеме дека сме во прелест, а не да мислиме дека пребиваме во вистината.

            Зарем не забележуваме дека колку повеќе се трудиме да го оствариме, толку повеќе тоа „земно царство“ е сѐ подалеку и подалеку од нас, и толку повеќе таквото тежнеење духовно нѐ разнебитува? Не можеме да им служиме на двајца господари, на Бог и на мамон – на парите. Зарем не гледаме што се случува околу нас? Целиот свет е во криза на сите нивоа, почнувајќи од личното – од самите себе, па до пошироката заедница – државата, и на крај, завршувајќи со глобалното општество. Барајќи го „земното царство“, ние остануваме без благодатта на Небесното.

            Време е да си признаеме дека од оваа суптилна страст, барање на „земното царство“ и сигурноста втемелена надвор од Бог, страдаме сите – кој помалку, кој повеќе, дека ги изневеривме сопственото предназначение и заветите од Светото Крштение, и дека си ги продадовме душите на како и да се нарече оваа световна врева околу нас – која просто нѐ вшмука, и на ѓаволот.

Нашето учество и на социјалните мрежи од пред некое време е веќе препознатливо по тежнеења кон „земното царство“ (тоа лесно се забележува) и заземање погрешна страна – световната. Затоа и е показател на непокајание и на меѓусебна поделба.

Мала криза, и се случи неверојатно предавство на нашиот христијански идентитет. Што ли ќе биде при поголема – при директен прогон и мачеништво? Ако и ние, христијаните, не сме веќе никаков пример за сведоштво на покајание, љубов и единство, тогаш кој? И, ако навистина го бараме Царството Небесно, зошто тогаш веќе го немаме откриено во нашето срце, преку умно-срдечната молитва, и по толку многу години „христијански духовен живот“?

            Единствено добро, од сето ова, е што самите се откривме – до проѕирност, и самите видовме кои сме и што сме – кој видел, де. Не е воопшто чудно зошто номиналните христијани и останатите го прават она што им е ним својствено, но многу е чудно кога оние што за себе тврдат и се прикажуваат како вистински христијани, теолози и свештеници – без оглед на рангот, го прават она што им е несвојствено, и покрај толкуте многу опомени.

            Јасно ли е сега зошто и тогаш се одрекоа од Господ на славата? Од истата причина како и ние денес – поради тежнеењето кон „земното царство“ и сигурноста надвор од Бог; со таа разлика што за нив има некакво оправдување – тие чекале овоземен цар, и затоа ќе добијат втора шанса, а за нас, православните христијани, нема никакво оправдување – ние треба да го очекуваме и да копнееме по доаѓањето на Царството Небесно со воскреснатиот Богочовек Исус Христос, во слава.

Запаметете добро, за нас, денешните христијани, без вистинско и длабоко покајание (преумување), втора шанса нема.

            Господи Исусе Христе, преку Богородица, помилуј нас!


Митрополит Струмички Наум

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3222
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная