логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Божествена Литургија во Велјуса (14.01.2025 21:40)

Naum.na.Lit37

На празникот на Обрезанието Господово и свети Василиј Велики, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во параклисот „Свети апостол Павле и свети Григориј Палама“, во манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса. По Литургијата се прекрши и питата со парички во спомен на чудото што го направи свети Василиј Велики.

Во беседата на Литургијата Владиката се обрати со следните зборови:

      „Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така, бараме знак од Бог. А не гледаме дека всушност целата наша многу добро создадена природна околина е, не еден знак, туку безбројни знаци што Он ни ги дава и обезбедува постојано; и дење и ноќе: луѓето – нашите блиски, сонцето, месечината, планетите, ѕвездите, планините, долините, водите, воздухот, растенијата, животните, инсектите; и што ли уште не. Досегашното се однесува на практичната философија, на она што од Бог можеме да го видиме во природата – кога, веќе, не можеме да го видиме сето она што Христос го направи за нас. Но, најголемиот знак за нас треба да го видиме во подвигот на восогласувањето на нашиот живот со Христовиот и во личното познание на Бог! Ние го носиме Неговиот образ, според кој сме создадени, па со начинот на нашиот живот треба да го достигнеме и Неговото подобие, да се вподобиме на Него, да се бориме да имаме љубов слична на Неговата! Кога имаме таква намера и се трудиме во тој подвиг, Божјата благодат ни содејствува, а ние живееме и одиме во светлина. Во спротивно, ни содејствуваат демоните, поврзани со нашите страсти, и ние се наоѓаме во темнина – одголени од Божјата благодат. Каков поголем знак ни треба од ова? Ова ни го овозможува – природното созерцание. Барањето знак од небото е исто што и вкусувањето на забранетиот плод на Адам и Ева – магиски пристап кон животот. Барање на некој лесен, автоматски, магиски начин да дојдеме до Бог, да Го познаеме и да бидеме како богови; без градење на личносен однос и благодатна заедница со Бог! Но, личносниот однос бара самопожртвуваност, време, смирение, труд, давање... На оној што преку целиот свој живот само дава, каков знак му треба од Господ, какво чудо!? Тој не бара, ниту размислува за некакво чудо; тој дава. На фарисеите, како единствен знак што тие ќе го добијат, Христос им го спомнува знакот на пророкот Јона, односно Воскресението. Но, Воскресението на едните ќе им биде за живот, а на другите за суд – да не се надеваме многу на тој знак! Инаку, кога сега би можело и повеќепати да видиме воскресение и не знам какви чуда, тоа ништо нема да значи за нас – за нашата вера, за нашето познание на Бог; ако немаме изградено личен однос со Бог! Личносниот однос со Бог започнува со вера, не со знак; потоа ни се отвораат очите – да ги препознаваме и знаците“.



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2157
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2172
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 620
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/05/2026 - четврток

+Преп. Гаврил Велички; Преподобен Пахомиј Велики; Св. Ахил, епископ Лариски; Преподобен Силуан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Светиот Христов епископ Ахил Преспански, Лариски (28.05.2026)

Тропар на Светиот Христов епископ Ахил Преспански, Лариски (28.05.2026)

 Кога Христос би бил Божја творба,залудна би била нашата борба,

Тропар на светиот маченик Христов Исидор Хиоски  27 мај/14 мај  2026

Тропар на светиот маченик Христов Исидор Хиоски 27 мај/14 мај 2026

Радувај се Исидоре свети мачениче,кој Божјата волја во срцето,

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2026

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2026

Рамноапостолни  учители на словенските земји, богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная