логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

slika1.jpg

БЕСЕДА 8

За тоа, што се случува со христијаните додека се молат и за мерките на совршенството, т.е. можат ли христијаните да ја достигнат совршената мерка?

1. Некој само што ќе застане да се поклони - и срцето му се исполнува со божествената енергија, душата му се весели со Господа, како невестата со младоженецот, според зборовите на пророкот Исаија, кој вели: „Како што младоженецот се радува на невестата, така ќе ти се радува тебе твојот Бог" (Иса. 62, 5). Некогаш, пак, некој човек, кој цел ден бил зафатен со нешто, на еден час ќе и се посвети на молитвата - и неговиот внатрешен човек со голема наслада се издигнува во молитвена состојба, во бесконечната длабочина на оној век, така што полетниот и издигнат ум целиот се насочил натаму. За тоа време во мислата се случува еден заборав за земното мудрување. Зашто мислите се наситени и пленети од нешто што е божествено небесно, безгранично, недостижно, и некако чудно, од нешто што човекот не може да го искаже со устата. Во тој час, човекот се моли и вели: О, кога душава моја би си заминала заедно со молитвата!
2. Прашање: Секогаш ли човекот влегува во таа состојба?
Одговор: Точно е дека благодатта непрестајно е присутна, се вкоренува и дејствува како квасец во човекот од најраната возраст, и престојувајќи постојано во човекот, за него станува како нешто природно и неодделиво, како една суштина со него. Сепак, како што и е нејзе угодно, таа различно ги видоизменува своите дејства во човекот, за негова полза. Понекогаш овој оган се разгорува и посилно се распламтува, а понекогаш е некако послаб и потивок. Некогаш оваа светлина проблеснува и повеќе светли, а некогаш се намалува и бледнее. И ова светило, коешто секогаш гори и свети, понекогаш свети појасно, се разгорува од опиеноста со Божјата љубов, а во друго време сјае штедливо и тогаш светлината, којашто е постојано во човекот, е послаба.
3. Освен тоа, на некои во светлината им се појавувал знакот на крстот и се втиснувал во внатрешниот човек. Исто така, понекогаш човекот, за време на молитвата, влегувал како во екстаза - се чинело дека стои во црквата пред жртвеникот и дека му се подадени три леба, како скиснати со елеј, и колку повеќе јадел од нив, толку повеќе тие нараснувале и се подигале. Понекогаш се појавувала и облека, како светлоносна, каква што нема на земјата во овој век и каква што рацете човечки не можат да изработат. Зашто како што Господ, откако се искачи на гората заедно со Јован и Петар, ја преобрази својата облека и ја направи слична на молња, истото се случувало и со онаа облека, а човекот облечен во таа облека се восхитувал и се исчудувал. Во друго време, пак, оваа светлина, појавувајќи се во срцето, ја отворала највнатрешната, најдлабока и скриена светлина, поради што човекот, целосно обземен од онаа сладост и од она осознавање, веќе не владеел со себе, туку за светов бил како разбеснет варварин, а тоа поради преизобилната љубов и сладост и поради скриените тајни; така што човекот, стекнувајќи ја во тоа време слободата, ја достигнува совршената мерка, станува чист и слободен од гревот. Но по ова, благодатта се намалувала, а се спуштала покривката на противничката сила. Благодатта, пак, станувала видлива некако делумно и на некој понизок степен од совршенството.
4. Човекот треба, така да се каже, да помине дванаесет степени и потоа да го достигне совршенството. Потоа благодатта одново почнува да дејствува послабо, а човекот слегува за еден степен и веќе стои на единаесеттиот. А некој, кој е богат со благодат, постојано, дењеноќе стои на највисоката мерка, бидејќи е слободен и чист, секогаш пленет и издигнат. И тогаш човекот, кому му се покажани оние чуда и кој ги запознал истиве искуствено, кога секогаш би било така со него, веќе не би можел да ја прими на себе економијата на словото (т.е. да поучува со збор, заб. на прев.), ниту каков било друг товар, не би се согласил ниту да слуша, ниту да се грижи, како што е вообичаено, за себе и за утрешниот ден, туку би фатил само да седи во еден агол, наоѓајќи се во восхит и како во некаква опиеност. Затоа и не му е дадена совршената мерка, за да може да се занимава со грижата за браќата и со служењето на словото, само што веќе е разорена оградата и смртта победена.
5. Во реалноста се случува следново: некаква примрачна сила, слична на згуснат воздух, налегната е на човекот и лесно го покрива. Светилото непрестајно гори и свети. Сепак, врз светлината како да има некаква прекривка, и затоа човекот сфаќа дека се уште не е совршен и дека не е сосема слободен од гревот, оттаму што, може да се каже, оградата веќе е разорена и урната, па сепак во нешто. и не е сосема и засекогаш разорена. Зашто има време кога благодатта посилно се распламтува, го утешува и го успокојува човекот, и има време кога таа се намалува и бледнее, според тоа како самата таа ја води економијата со ова во полза на човекот. Кој, макар и привремено,  влегол  во  совршената мерка, ја вкусувал  и искуствено го запознавал оној   век? Досега јас не познавам ниту еден човек христијанин совршен или слободен. Напротив, некој и да се успокојува во благодатта, да доаѓа до тајни и откровенија, до чувствување голема благодатна сладост, сепак и гревот се уште престојува во него. Таквите луѓе, поради преизобилието на благодатта и на светлината во нив се сметаа себеси за слободни и совршени. Но грешат во ова, од неискуство измамени од самото тоа што во нив дејствува благодатта. А јас досега не сум видел ни еден слободен човек, а бидејќи понекогаш и самиот делумно сум доаѓал до онаа мерка, дознав и знам дека не постои совршен човек.
6. Прашање: Кажи ни: на кој степен си ти?
Одговор: Сега, по крсниот знак, благодатта така дејствува и ги смирува сите членови и срцето, што душата, од голема радост, станува слична на незлобиво детенце, па  човекот  веќе   не  го  осудува  ниту  Хеленот,   ниту Јудеецот, ниту грешникот, ни оној што живее во светот, туку внатрешниот човек на сите гледа со чисто око и се радува за целиот свет и со сите сили сака да ги почитува и возљуби и Хелените и Јудејците. Во друг час тој е царски син, толку цврсто се надева на Синот Божји, како на татко. Пред него се отвораат врати и тој влегува во многу живеалишта. И колку понапред влегува, пред него повторно се отвораат врати во сразмерен број, на пример, од сто живеалишта во други сто, и тој се збогатува; и колку повеќе се збогатува, толку повеќе му се покажуваат нови чудеса. Нему, како на син и наследник, му се доверува она што не може да се изрече со човечката природа или да се изговори со устата и јазикот. На Бога слава! Амин.

 

Издавач: ЃаконијА

Друго:

 Свети Макариј Велики (Од Старечникот)


Се враќаше еднаш авва Макариј од оазата носејќи палмови гранчиња, и ете, на патот го сретна ѓаволот, кој носеше срп и сакаше да го удри, но не му успеа. Па му рече: „Многу сила има во тебе, Макариј, и не можам против тебе. А еве, ти што правиш, и јас правам: ти не јадеш, ни јас не јадам; ти бдееш, јас, пак, воопшто не спијам; само во едно ме победуваш.“
Го праша авва Макариј: „Што е тоа?“ А тој одговори: „Твоето смирение, и заради тоа не можам да те совладам.“

***

Поминувајќи еднаш низ пустината авва Макариј наиде на череп од некој мртовец фрлен на земја, па кога го помрдна со стапот, тој проговори.

Авва Макриј праша: „Кој си ти?“ Черепот му одговори: „Јас сум првосвештеник на идолите и идолопоклониците кои беа на ово место; а ти си Макариј духоносец, кој кога ги сожалува оние кои се наоѓаат во пеколот и кога ќе се помоли за нив, малку се утешуваат.“ Старецот го праша: „Во што е утехата, во што е казната? Черепот му одговори: „Колку што е оддалечено небото од земјата, толкав е огнот под нас додека стоиме насред оган, од нозете до главата; и не може никој со никого да се види лице во лице, туку лицето на секого е затскриено со грбот на другиот. А ти кога се молиш за нас, тогаш малку се гледа лицето на другиот. Во тоа е утехата.“ Заплака старецот и рече: „Тешко на денот во кој се роди човекот, ако во тоа му е утехата од казната.“ Го праша старецот: „Има ли други поголеми маки?“ Черепот му одговори: „Ние, како оние кои не знаевме за Бог, барем малку сме поштедени; додека оние кои знаеја за Бог, па се откажаа од Него, се наоѓаат под нас.“ И земајќи го черепот, Старецот го закопа.

***

Говореше авва Макариј: „Колку повеќе се сеќаваме на злото коешто ни го нанесувале луѓето, толку тоа нè оддалечува од Бог. А кога веднаш го забораваме, демоните не се осмелуваат да нè нападнат.“

 ***

Еден ден најмладите браќа од скитот дојдоа кај авва Макариј и го прашаа: „Како да се молиме?“

Старецот им рече: „Нема потреба да кажувате многу зборови, доволно е човекот да го насочи својот ум кон небесата и да каже со сета своја душа: ‘Господи, помилуј, како што знаеш и како што сакаш’. Тоа е молитва.“

„Повторно, кога (човекот) ќе почувствува силен напад од ѓаволот врз себе, или од демонот на пониските страсти, нека прибегне со вера при Небесниот Отец и нека повика со солзи пред Него, не со устата, туку со срцето: ‘Помогни ми, Господи!‘. Он го знае начинот како да ѝ помогне на душата која припаднала при Него со вера.“

 

Посети: {moshits}

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7595
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная