БЕСЕДА 13
За тоа каков плод бара Бог од христијаните.
Бог ги создал сите видливи нешта и им ги дал на луѓето за успокојување и наслада, но им го дал и законот на правдата. А од времето на Христовото доаѓање, Бог бара поинаков плод и поинаква правда, чистота на срцето, добра совест, полезни зборови, чесни и добри мисли, и сето она во што напредуваат светите. Зашто Господ вели: „Ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжциците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно" (Мат. 5, 20). Во законот е напишано: Не прељубодејствувај. А Јас ви велам: Не посакувај, не гневи се. Зашто тој што има намера да Му биде пријател на Бога, треба да се пази од гревовната нечистота и од вечниот оган, којшто полека исчезнува во нас. Ова не прави достојни за царството. Слава на Неговата добросрдечност и на она што се изврши според бдаговолението на Отецот и Синот и Светиот Дух! Амин.
Издавач: ЃаконијА
Посети:{moshits}
Друго: