логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БЕСЕДА 24

Состојбата на христијаните е слична на тргувањето и заквасувањето. Како што трговците ги собираат земните добивки, така христијаните ги собираат помислите расеани во овој век. И како што квасецот го скиснува целото тесто, така гревовниот квасец проникнува во целиот род Адамов, но Христос во верните души го става небесниот квасец на благоста.

monahinji.antimis.jpg1. Христијаните личат на трговци кои стекнуваат големи добивки од трговијата. Како што трговците од земја-та ги собираат земните добивки, така и христијаните од целата земја ги собираат, преку добродетелите и силата на Духот, помислите на своето срце, расеани во овој век. И тоа е најважната и вистинска трговија; затоа што овој свет му се противи на горниот свет, и овој век му е противположен на горниот век. Затоа христијанинот, според Светите Писма, треба, откако ќе се откаже од светот, од овој век во кој умот гази и се фаќа во стапици од времето на Адамовиот престап, да си помине и да се пресели со умот во другиот век и со мислата да престојува во горниот свет на Божеството, како што е речено: „Нашето живеалиште е на небесата" (Филип. 3, 20).

2. А во ова никако не е можно да се успее ако душата не поверува во Господа со сето срце, ако не се одрече од овој век и ако силата на Божјиот Дух не го собере срцето, расеано по целата земја, во љубов кон Господа и не ги пресели мислите во вечниот свет; затоа што од времето на Адамовиот престап, душевните помисли, кои се тргнале од Божјата љубов, се расеале во овој век и се помешале со предметните и земни помисли. И како што престапникот на заповедта Адам го примил во себе квасецот на злоштетните страсти, така и родените од него, и сиот Адамов род, преку наследување, станале причесници на тој квасец. А со постепеното напредување и растење, гревовните страсти дотаму се умножиле во луѓето, што се прошириле до прељуби, разврати, идолослужења, убиства и други неубави дела, се дури пороците не ја скиснале целата човечка природа. Дотаму злото пораснало во луѓето, што помислиле дека Бог не постои, па почнале да им се поклонуваат на неодушевените (неживите) камења. Никако не можеле да си изградат дури ни поим за Бога. До тој степен квасецот на злоштетните страсти го скиснал родот на стариот Адам.

3. Но Господ, при Своето доаѓање, благоволил да пострада за сите, сите да ги искупи со Својата крв и небесниот квасец на благоста да го стави во верните души, понижени од гревот, а на тој начин, со нивното постепено напредување и растење, да ја изврши во нив секоја правда на заповедите и сите добродетели, додека тие не скиснат во доброто, станувајќи едно, и не бидат, според изразот на Павле, еден дух со Господа (сп. 1. Кор. 6, 17), кога на порокот и лукавството веќе ќе им биде невозможно да и дојдат дури и на мисла на душата, целосно скисната (заквасена) од Божествениот Дух, како што е речено: Оној кој љуби „не мисли зло" итн. (1. Кор. 13,5). А без небесниот квасец, т.е. силата на Божествениот Дух, душата не може да и се придружи на Господовата благост и да стигне до животот; исто како што и на Адамовиот род би му било невозможно до тој степен да падне во порок и лукавство, ако во него не влегол претходно квасецот на порокот, т.е. гревот - таа нешто како умствена и мислена сила на сатаната.

4. Како што ако некој замеси тесто, но не стави квасец, колку и да меси и да се труди над тестото, тоа очигледно останува нескиснато и не е за јадење, а кога е ставен квасец, квасецот ја привлекува кон себе целата смеса и прави се да скисне - со што и Господ го спореди царството, кога рече: „Царството небесно прилега на квас, што го зема жена и го клава во три мери брашно, дури не скисне сето" (Мат. 13, 33) - или како што месото, ако некој добро се погрижи за него, но не го посоли со сол, којашто ги истребува црвите и ја уништува смрдеата, засмрдува, почнува да гние (се расипува) и веќе не е човекот да го употребува, така, слично на ова, замисли си го сето човештво како месо и незаквасено тесто, а под сол и квасец од другиот век подразбери ја божествената природа на Светиот Дух. Според ова, ако во понижената човечка природа не бидат ставени и помешани од оној век и од онаа татковина небесниот квасец на Духот, а исто така и добрата и света сол на Божеството, душата нема да се ослободи од лошиот мирис на порокот и нема да скисне поради тежината и бесквасноста на лукавството.

5. А кога душата прави нешто, како што се гледа, сама од себе, кога вложува напор да гр изврши тоа, потпирајќи се само на сопствената сила и мислејќи дека сама по себе, без содејство на Духот, може да го заврши делото - многу греши, затоа што таа душа, којашто си замислува сама пр себе и само со свои сили, без Духот, да напредне до совршена чистота, неблагопотребна е за небесните живеалишта, неблагопотребна е за царството. Ако човекот, наоѓајќи се под влијание на страстите, не пријде кон Бога, откако ќе се откаже од светот, не поверува со надеж и трпение дека ќе добие некое богатство, необично за својата сопствена природа, т.е. силата на Светиот Дух, и не го прими од Господа одозгора во душата божествениот живот, таа нема да го почувствува вистинскиот живот, нема да се отрезни од опиеноста со материјалното, озарувањето од Духот нема да заблеска во замрачената душа, нема да засјае во неа светиот ден и таа нема да се разбуди од најдлабокиот сон на незнаењето за вистински да Го познае Бога, со помош на Божјата сила и дејството на благодатта.

6. Зашто, ако човекот не се удостои, според верата, да ја прими благодатта, тој е неблагопотребен (бесполезен) и неспособен за царството Божјо. И обратно, оној што, откако ја примил благодатта на Духот, во ниедна работа не поаѓа по крив пат, не ја нажалува благодатта со негрижа и лоши дела и, на тој начин подвизувајќи се, долго време нема да Го огорчи Духот, ќе успее да го зграпчи вечниот живот. Како што некој ги чувствува во себе дејствата на злобата во страстите, какви што се: раздразливоста, похотата, зависта, тромавоста, лукавите помисли и другите нескладности; така човекот треба да ја почувствува благодатта и божествената сила во добродетелите, имено: во љубовта, во снисходливоста, во благоста, во радоста, во леснотијата, во божествената радост, за да му биде можно да се уподоби на богатствата и Божествена природа и да го проникне благата и света дејственост (енергија) на благодатта. Со текот на времето и годините, волноста, покажувајќи се благоискусна, и ако е постојано во единство со благодатта и нејзе благоугодна, станува, според мерката на напредувањето и растењето, целосно духовна. И кога веќе Духот ќе ја направи света и чиста, станува достојна за царството. Слава и поклонување на пречистиот Отец и Синот и Светиот Дух во вековите! Амин.

Издавач: ЃаконијА

 

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1504
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1741
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3919
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

01/07/2025 - вторник

Петровденски пости (на масло)

Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил; Преподобен Пиор;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова маченица Акилина  26 јуни/13 јуни  2025

Тропар на св. Христова маченица Акилина 26 јуни/13 јуни 2025

Избран саду на Божјата благодат,Акилино света девственичке,радост на ангелите, посрамување на демоните,моли се, о, ти јагне Божјо,за оние кои Неговата...

Тропар на светиот  Христов подвижник Онуфриј Велики  25 јуни/ 12 јуни  2025

Тропар на светиот Христов подвижник Онуфриј Велики 25 јуни/ 12 јуни 2025

Блажен си ти о велики Онуфрие,кого Бог во борба го поведе,да покаже и посведочи дека телото може да се победи,стариот...

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј  24 јуни/11 јуни 2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј 24 јуни/11 јуни 2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная