логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БЕСЕДА 44


Crkva.akvarel8.jpgЗа тоа каква промена и каква обнова во човекот христијанин врши Христос, Кој ги излечи душевните страсти и слабости.


1. Оној што приоѓа кон Бога и навистина сака да биде Христов следбеник, треба да пријде со цел да се промени, да ги измени својата претходна состојба и поведение, да се подобри и да стане нов човек, кој во себе нема да задржи ништо својствено на стариот човек. Зашто речено е: „Кој е во Христа, тој е ново создание” (2. Кор. 5, 17). Затоа и дошол нашиот Господ Исус Христос, за да ја измени, преобрази и обнови природата, и душата, која како последица на престапот пропаднала поради страстите, одново да ја создаде, соединувајќи ја со Својот сопствен божестван Дух. Тој дошол со цел оние што веруваат во Него да ги направи нов ум, нова душа, нови очи, нов слух, духовен нов јазик, со еден збор, нови луѓе, или нови мевови, помазувајќи ги со светлината на Своето знаење, за да налее во нив ново вино, т. е. Духот Свет. Зашто вели дека новото вино треба да се става во нови мевови (Мат. 9, 17).

2. Како што непријателот, земајќи го човекот кој му се потчинил, го направил нов за себе, го обложил со штетни страсти, го помазал со духот на гревот, ставил во него вино на секое беззаконие и лошо учење, така и Господ, избавувајќи го човекот од непријателот, го направил нов, помазувајќи го со Својот Дух, и ставил во него вино на животот, новото учење на Духот. Оној што петте лебови ги претворил во многу лебови, на магарицата, неразумна по природа, ñ дал глас, блудницата ја обратил кон целомудреност, направил огнот, што по својата природа гори, да ги оросува фрлените во печката и за Даниил ја скротил природата на дивите ѕверови, лавовите, може и душата, запустена и здивена од гревот, да ја промени преку светиот и благ Дух на ветувањето во Својата благост, кротост и мир.

3. Како што овчарот може да ја излечи шугавата овца и да ја спаси од волците; така само вистинскиот Пастир Христос можел, кога дошол, загубената и со красти покриена овца ‡ човекот, да ја излечи од гревовната нечистота и проказа (лепра) и да ја врати кај Себе. Зашто дотогашните свештеници, левити и учители не можеле да ја излечат душата со принесување дарови, жртви и со попрскување со крв, па дури ни себе си не биле способни да се излечат, затоа што и самите биле немоќни: „бидејќи не е можно,” како што е кажано, „телешката и јарешката крв да ги премавне гревовите” (Евр. 10, 4). Господ, пак, покажувајќи ја немоќта на тогашните лекари, рекол: „Секој од вас сигурно ќе Ми приговори: Лекаре, излекувај се Сам” (Лука 4, 23), сакајќи со ова да каже: Јас не сум како оние што не можат самите себе да се излечат; Јас сум вистинскиот лекар и добриот пастир; Јас ја положив душата Своја за овците, можам да ја излечам секоја душевна болест и немоќ; Јас сум непорочното јагне, еднаш принесено како жртва, и можам да ги излечам оние што приоѓаат кон Мене. Вистинското исцелување ñ се дава на душата само од Господа. Зашто речено е: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот” (Јован 1, 29), т. е. гревовите на душата, којашто поверувала во Него и Го возљубила со сето свое срце.

4. Значи, добриот пастир ја лекува овцата покриена со красти, а овца овца не може да лекува. И ако словесната (разумната) овца не биде излечена, нема да влезе во небесната Господова Црква. Така и во Законот се зборува преку сенка и слика. Ова Духот ни дава да го разбереме кога зборува за прокажаниот и за човек со телесен недостаток. Речено е: Прокажан и човек со телесен недостаток да не влегува во Црквата Господова (3. Мој. 21, 17-23). За прокажаниот пропишано е да отиде кај свештеникот, и да го моли да дојде во неговиот дом и да ги стави своите раце на проказата, на местото до коешто се допрела проказата, и да го излечи (3. Мој. 13). Налик на ова, Христос, вистинскиот Првосвештеник (Архиереј) на идните блага, снисходејќи кон душите прокажани од гревовната проказа, влегува во нивната телесна скинија, и ги излекува и исцелува страстите. Дури тогаш душата може да влезе во небесната Црква на светите, во вистинскиот Израил. Зашто ако некоја душа, којашто ја има на себе гревовната проказа на страстите, не пристапи кон вистинскиот Првосвештеник и не биде излечена од Него уште сега, нема да влезе во живеалиштето на светите, во Црквата небесна. Зашто оваа Црква, како непорочна и чиста, прифаќа само непорочни и чисти души. Зашто речено е: „Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога” (Мат. 5, 8).

5. Душата којашто вистински верува во Христа треба од сегашната порочна состојба да прејде во друга, добра состојба, и сегашната понижена природа да ја измени во друга, божествена природа, и да стане нова природа, во содејство со силата на Светиот Дух. На тој начин таа може да стане корисна за небесното царство. А да го достигнеме ова можеме само ние коишто веруваме, вистински Го љубиме Него и ги исполнуваме сите Негови свети заповеди. Ако во времето на Елисеј дрвото, коешто според природата е полесно од водата, фрлено во вода, го изнело од водата врз себе железото, коешто е по својата природа потешко, тогаш колку полесно Господ, испраќајќи Го уште овде лесниот, лесноподвижниот, благ и небесен Свој Дух, преку Него ќе ја олесни, окрили, изнесе во небесните височини душата потопена во водите на лукавството, и ќе ја претвори и промени нејзината сопствена природа.

6. Како што во видливиот свет никој не може самиот да го преплива и да го премине морето ако нема лесен и лесноподвижен брод, што, направен од дрво, може да плови по водата, затоа што ако излезе на море ќе потоне и погине, така и душата не може самата да го премине, совлада и преплива горчливото море на гревот, непреминливата провалија на лукавите сили и мрачните страсти, ако не Го прими во себе лесноподвижниот, небесен и лекокрил Христов Дух, Кој го прегазува и преминува секое лукавство. Преку Него, пак, таа ќе може, слободно движејќи се, да влезе право во небесното пристаниште на спокојството, во градот на царството. И како што морнарите не црпат вода и не пијат од морето и не ја добиваат облеката и храната од него, туку сево ова го донесуваат на бродот однадвор, исто така и христијанските души не ја добиваат небесната храна и духовните облеки од овој свет, туку одозгора, од небото и, одржувајќи се во живот преку тие нешта и живеејќи на бродот на благиот и животворен Дух, ги поминуваат непријателските лукави сили, началства и власти. И како што сите бродови, на коишто луѓето можат да го препловат горчливото море, се градат од истиот дрвен материјал, така и сите христијански души се поткрепуваат со единственото Божество на небесната светлина, со различните дарови на единствениот Дух, и го преминуваат целото море на лукавството.

7. На бродот, за да може добро да плови, неопходен му е капетан, а исто така и умерен и пријатен ветар, а во верната душа сè ова е Господ. Тој ñ ја дава силата на душата да ги преплови суровите бранови на лукавството, кога ветриштата на гревот предизвикуваат страшни непогоди и бури. Тој самиот го смирува бранувањето, како што Самиот знае, со сила, брзина и вешто. А без небесниот капетан ‡ Христос, никој не може да го премине лукавото море на мрачните сили и брановите на горчливите искушенија, што се подигаат. Зашто речено е: „Се издигаа до небесата, слегуваат до бездната” (Псал. 106, 26). На Оној, Кој одел по опасни бранови, позната Му е целата вештина на управување со брод, водење битка, издржување на искушенија. Зашто речено е: „Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне” (Евр. 2, 18).

8. Значи, нашите души, од сегашната состојба, треба да преминат во друга состојба и да се изменат во божествената природа, од стари да станат нови, т. е. од непогодни и неверни - добри, чесни и верни, па така да се доведат во ред и да станат корисни за небесното царство. И блажениот Павле за својата промена и за тоа како бил уловен од Господа го пишува следново: „Се стремам не би ли го достигнал она за кое Христос ме достигна мене” (Филип. 3, 12). А како Бог го уловил (фатил)? Како што бунтовникот, кога ќе фати и зароби некого, го носи таму каде што се крие, а потоа и него самиот го фаќа вистинскиот цар, така и Павле, кога во него дејствувал бунтовничкиот дух на гревот, ја гонел Црквата, ама бидејќи ова го правел од незнаење, не затоа што Му се противел на Бога, туку мислејќи дека прави подвиг за вистината, затоа и Господ не го презрел, туку го уловил. Небесниот и вистински Цар неискажливо го осветлил, го удостоил да го чуе Неговиот глас, му удрил шлаканица по лицето како на роб и му подарил слобода. Гледај ја благоста на Владиката и како душите, кои се залепиле за порокот и станале жестоки, Господ може во еден миг да ги измени и да им ги предаде Својата благост и мир.

9. За Бога сè е можно, како што и се случило со разбојникот. Преку верата тој за еден миг се изменил и влегол во рајот. Затоа дошол Господ, за да ги измени и пресоздаде нашите души и да ги направи, како што е напишано, учесници во божествената природа (2. Петр. 1, 4) и во нашата душа да ја смести душата небесна, т. е. божествениот Дух, Кој ни го покажува патот кон секоја добродетел за ние да можеме да живееме живот вечен. Затоа, со сето срце треба да веруваме на неискажливите Негови ветувања,зашто Оној, Кој ветил, не лаже. Треба да Го возљубиме Господа, со сите сили да се трудиме да напредуваме во сите добродетели, неуморно и непрестајно да молиме во целост и потполно да Го добиеме ветениот Негов Дух, за да оживеат нашите души уште додека сме во плот. Зашто ако душата не ја прими во себе светињата на Духот, за големата вера и за молитвите, и не стане учесничка во божествената природа уште во овој свет, соединувајќи се со благодатта, во соработка со која може непорочно и чисто да ја исполни секоја заповед, тогаш таа е непогодна за небесното царство. Ако некој стекнал нешто добро овде, истото тоа ќе биде живот за него во оној ден, по благодатта на Отецот и Синот и Светиот Дух во вековите. Амин.

 

Издавач: ЃаконијА

Превод: о. Игор Калпаковски

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

Beseda36.jpg


 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная