логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Vecerna.Ksenija.jpg

НЕВРОКОПСКИ МИТРОПОЛИТ БОРИС РАЗУМОВ
(1888 - 1948)
Новомаченик од комунистичкиот режим

Патот кон Голгота

ДА СИ СПОМНУВАМЕ
И СЕКОГАШ ДА СЕ ПОДГОТВУВАМЕ ЗА СМРТТА

Последната проповед на Митрополит Борис Разумов произнесена на денот на неговото убиство

“Спомнувај си за својот крај и никогаш нема да погрешиш“ (Сирах.7:39)

Богољубиви браќа и сестри,
Со овие зборови древниот библиски мудрец се обраќа на секој еден од нас, така што не повикува никогаш да не забораваме за неизбежниот крај на  земниот живот. Подобно на безумниот богаташ од евангелската беседа (Лук.12:16-21), увлечени од потокот на суетните животни грижи, ние често пати се самозабораваме, така што си мислиме дека ќе векуваме вечно тука на земјата! Уви , нишката на земниот живот секој миг може да биде прекината од Бога!

Светите Божји угодници секогаш живееле со мислата за земната смрт и со тврда вера во вечниот задгробен живот, за кој постојано се подготвувале. Така, великиот апостол Павле откако ни набројува многу маки, страдања и искушенија на којшто бил предаден, тој ни кажува: “Јас умирам секој ден!“ (1Кор.15:31). Толкувајќи ги тие апостолски слова, св. Јован Златоус запрашува: “Како тој умирал секојдневно?“ - и одговара: Преку ревноста и подготвеноста за тоа! А зошто апостолот го кажува тоа? - За да ја потврди вистината на воскресението. Кој би се решил на толку видови смрт ако немаше воскресение и иден живот?! И св. Јован Лествичник во својата книга “Лествица“ во “Шестото слово“ пишува: “Спомнувањето за смртта е секојдневна смрт“!

На друго место пак, апостол Павле изјавува: “...Зашто за мене живот е Христос, а смртта - придобивка.“ (Филип.1:21). Поради тие зборови св. Јован Златоуст ќе спомне: Зборот живот има многу значења, исто како што и зборот смрт. Постои живот телесен, плотски и гревовен... А има и живот вечен и бесмртен (небесен), за кој апостолот кажува: “Нашето живеалиште е на небесата“ (Филип.3:20) и дополнува: “А животот што сега го живеам во телото, го живеам преку верата во Божјиот Син, Кој ме возљуби и Се предаде Себеси за мене“ (Гал.2:20).

Ете, возљубени во Господа браќа и сестри кон каков живот не повикува св. ап. Павле - живот со вера во Христа, Кој е почеток на вечниот блажен живот!

Со таков живот се украсил и денес празнуваниот великомаченик Димитриј Мироточив, кои во негова чест, со Божја помош денес го осветивме овој свет храм.

Свети Димитриј живеел кон крајот на III и почетокот на IV век, во периодот кога Христовата Црква ги претрпила најголемите гоненија од страна на многубожечкиот император Максимијан. Таткото на св. Димитриј бил управител на градот Солун, кој се наоѓа недалеку од тука. И покрај тешкото време, тој и неговата благоверна сопруга биле тајни христијани. Тие во својот дом имале параклис каде што ги вознесувале своите молитви кон Бога и каде што бил крстен нивниот единствен син Димитриј. За разлика од другите маченици кои произлегувале од многубожечки семејства, св. Димитриј имал среќа уште од мал да биде воститан во христијански дух во верата и стравот Божји од неговите родители. Затоа целиот негов живот, уште од неговото раѓање претставувал една права линија устремена кон Христа без никакво отклонување и двоумење.

После смртта на неговиот татко, св. Димитриј ја наследил неговата фукција и станал управител на Солун. Наместо да ги гони христијаните, како што му било заповедано од царот, тој според изразот на неговиот житиеписец, за солунјани станал втор апостол Павле, кои ги доведувал до верата на вистинскиот Бог и го изгонувал јазичкото многубожие.

Откако дознал дека царот Максимијан треба да го посети Солун, св. Димитриј почнал да се подготвува за маченичка смрт со пост и молитва. Откако му зповедал на својот верен служител Луј да го раздаде на бедните богатството на неговите родители, му порачал: “Раздај го земното богатство, за да го најдеш небесното!“

Кога царот пристигнал во Солун, се уште не можел да поверува дека управителот на градот е христијанин. Недвоумејќи се, св. Димитриј пред него смело ја исповедал верата во Христа и го изобличил јазичкото идолопоклонство. Затворен во темница по заповедн а царот, св. Димитриј псалмовски се молел: “Боже мој, избави ме од рацете на грешникот, од рацете на престапникот и насилникот, зашто Ти си моја надеж, Господи, моја сигурност од младоста моја. За Тебе цврсто се држам од раѓањето мое; Ти си мој покровител од мајчината ми утроба“(Пс.70:4-6). Запален од љубовта кон Христа, тој усрдно посакувал да ја пролее својата крв на Него.

Во тоа време, Максимијан направил арена за народот да може да гледа како царскиот борец Лиј се бори со христијаните и безжалосно ги фрла на остри колци. Едно момче - христијанин на име Несториј, запален од ревноста за Христа, отишол во темницата кај св. Димитриј за од него да измоли благослов за да излезе на борба со Лиј. Светецот ја претскажал неговата смрт со зборовите: Ќе го победиш Лиј и маченички ќе пострадаш за Христа! Така и станало. Како што некогаш младиот Давид го победил страшниот великан Голиот, така сега и Нестор со помошта на Бога собрал сила и на земја го соборил Лиј, па го фрлил врз колците. Максимијан разјарен од тоа што дознал дека младиот Нестор дејствувал по заповед на св. Димитриј, и двајцата ги осудил на смрт со прободување со копје.

Така го завршил својот земен подвиг светиот великомаченик Димитриј. Ни ги остави неговите нетлени мошти кои точат чудотворно миро и до ден денес, а неговата душа се вдворила во вечните небесни живеалишта исполнувајќи ги Господовите апокалиптички слова кон сите што пострадале за Христа: “Биди верен до смрт и ќе ти дадам круната на животот“ (Отк.2:10)

(Беседа произнесена во денот кога се осветува храмот “Св. Димитриј“ во с. Карлово, Петричко на 8 ноември 1948 год.)

Извадок од кникага: Пат кон Голгота
Превод:Ристески Борис Гоце

Друго:

НЕВРОКОПСКИ МИТРОПОЛИТ БОРИС РАЗУМОВ - Новомаченик од комунистичкиот режим

Извадок од:“Кризата во нашето училиште”

НЕВРОКОПСКИ МИТРОПОЛИТ БОРИС РАЗУМОВ

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5852
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6658
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6462
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5650
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная