логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  

Во чест на празникот на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите - Педесетница, Божјото чедо Симеон стави метанија за искушеник.

 

 

 Мисли за мотивирање и посочување

 Деца, постојат неколку мисли што можат и треба да нè раководат при подвигот на молитвата. Мисли кои, од една страна, можат да ни послужат како поттик во молитвата, а од друга страна, за време на молитвата, можат да ни послужат за собирање на умот во случај кога тој се расејува. При што, за време на молитвата, не треба да се задржуваме на тие мисли освен само за еден миг, колку да се снајдеме. Би ги нарекол мисли за мотивирање и посочување. И тоа се само миговни мисли, а не душевни состојби на ниво на лажни благодатни чувства, распалена крв или вообразби и слики кои ние со напор на нашата мечта си ги создаваме (види кај свети Игнатиј Брјанчанинов „Темели на духовниот живот“, стр. 78).

Како прво, на молитва треба да застанеме со мисла дека се даваме себеси на Бог, а не дека бараме нешто од Него – освен Самиот Него. Ние никогаш ништо не бараме од Него за себе (здравје, успех итн.), туку само Му се даваме и Му се принесуваме. Тоа треба да биде нашиот правилен став при молитвата. Но, тогаш се случува една антиномична појава, а тоа е: токму кога најмногу се даваме и ништо од Него не бараме, тогаш и најмногу добиваме – Го добиваме Него Самиот. Всушност, во молитвата само Него и треба да Го бараме, а не некој од Неговите дарови, но само преку целосно самопринесување и давање Нему. Ваквиот начин на молитва никогаш не заморува и никогаш не е здодевен. Напротив, секогаш е откровение на нови духовни простори.

Од претходното произлегува логичен и духовно проверен заклучок дека Христос ни е сè – решение на сите наши проблеми и задоволување на сите наши потреби. Односно, со оваа мисла може да се изгони секоја мисла за некаква наводна потреба или проблем којашто демонот се обидува да ни ја подметне за време на молитвата. Како што велат светителите од опит: Христос ни стана сè – храна, пијалок, светлина, очистување, светиња, здравје, сила која штити, спасува, чува и која дава милост (свети Јован Кронштадски); Присилете се на Исусовата молитва и таа ќе ви стане сè – храна, пијалок, облека, светлина, утеха и духовен живот (Старец Ефрем Филотејски). Или како што вели негде, ако добро паметам, свети Јован Златоуст, дека Христос ни е и мајка и татко, и пријател и роднина, и засолниште и лек... итн, итн... Колку тоа ќе го живееме зависи и од степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме, но нема порадосно нешто од тоа доживување.

Мислата која ни помага кога за време на молитвата ќе се најдеме во безблагодатна состојба, или кога е срцето затворено, или кога молитвата не ни е собрана, или кога сме генерално во состојба на затемнетост, е мислата дека треба да Го следиме Христос каде и да оди. А бидејќи Он слезе и во адот, ако треба и ние ќе слеземе со Него. Нам ни е добро секаде каде што е Он, и молитвата нема да ја прекинеме. И така преку нашиот живот го живееме Неговиот живот, а главен дел од нашиот живот е токму молитвата. Тоа исто, во молитвената пракса, значи дека не ги бараме и не се задржуваме на ефектите од молитвата, туку Го следиме, Го бараме Него. Задржувањето на ефектите од молитвата, е прекин на молитвата. Сето ова можеме да го постигнеме ако се заборавиме себеси, ако се молиме до самозаборав.

Од последното произлегува и мислата дека молитва само треба да тече и дека притоа ние воопшто не сме важни. Не можеме на двајца господари да им служиме – и на нашето его, односно на нашиот стар човек и на Бог. Единствено што е важно за нас е непрестајното и непречено течење на молитвата, тогаш таа ќе прерасне во едно непрестајно славословие на Света Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух.

Уште неколку нови практични совети, деца: Самата молитва можеме и со внатрешно слово да ја кажуваме „погласно“, односно поточно и појасно формулирана во умот, без оглед на тоа дали умот ни е во срцето или надвор од него, и така да си помогнеме таа да биде повнимателна, да ја кажуваме со поголема собраност. Исто така, на првиот степен, може да ја кажуваме молитвата малку на глас и малку во себе, наизменично, во зависност од тоа што во моментот највеќе ни помага да се собереме. На вториот степен, на пример, можеме да ја кажуваме малку внатре во срцето и малку само во умот, исто во зависност од тоа како моментално пособрано ја кажуваме. Ова сè со цел да се избегне демонскиот исон или демонската позадина содржана од разни помисли кои имаат за цел да ја ослабат, да ја надвладеат и потиснат нашата молитва и на крај да ја уништат.

Основен предуслов за молитвата е нашиот однос кон ближниот. Не смееме никогаш да се поставуваме над некого, да се сметаме поважни, повредни од кого и да е. Тогаш напразно се молиме. Замислете го и најништожниот и најгрешниот човек (жив или починат) коj вие сметате дека е таков. Е, треба да знаеме дека ние сме и под него, и дека тој е повреден и поважен од нас. За да успееме да ја оствариме оваа Божја заповед, треба да правиме разлика помеѓу она што сум направил или правам и она што сум и кој сум јас. Треба да сфатиме дека ние со доброто што го правиме, всушност, му служиме на ближниот, ние сме негови слуги. И дека сè добро што правиме е дар Божји и го правиме во слава Божја. Ако така постапуваме, тогаш од тоа што правиме добро нема да извлекуваме заклучок за тоа што сме и кои сме ние. Заклучокот за тоа кој сум и што сум го извлекувам од мојата споредба со Христос Богочовекот, Совршениот. И уште, заклучокот за самиот себе и мојот однос кон ближниот го извлекувам и од тоа како Бог гледа на мојот ближен – оти Он се поистоветува и со најмалиот наш ближен: Она што го направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте (сп. Матеј 25, 40). И гледам дека сум во суштина најгрешниот човек, подолен од сите, ни од што претходно постоечко создаден. Никој и ништо. А ако не ја правиме оваа разлика помеѓу она што правиме и она што сме, и ако заради тоа негуваме високо мислење за самите себеси и се поставуваме над својот ближен, тогаш несвесно (а отсега свесно) се поставуваме и над Христос и многу грешиме. Значи и заклучокот за нашиот ближен не го извлекуваме од неговите дела, туку од тоа како Бог гледа на него. Ова наше внатрешно доживување не е пречка за остварување на нашата од Бог дадена служба во Црквата, во семејството или општеството, токму напротив.

И уште една напомена. Ние најчесто функционираме така, што заклучокот за самите себе го извлекуваме од нашите добри дела, а заклучокот за нашиот ближен го извлекуваме од неговите лоши дела. Настрана тоа што нашиот заклучок е најчесто субјективен и се заснова на нашите страсти – оние страсти што постојат во нас ги препознаваме и кај другиот. Сигурни знаци дека токму вака размислуваме се озборувањето, судењето и осудувањето на ближните. Затоа и Христос меѓу другото вели: Со каков суд судите, со таков и ќе ви биде судено (Матеј 7, 2). За одредени наши или туѓи грешни постапки можеме да поразговараме за да се поучиме како не треба, но не смееме и да вадиме лош заклучок за некого од тоа. 

Знам дека последниов дел – односот кон нашите ближни – бара и посебнo објаснување, но сметав дека е најважен за молитвата и како доволно објаснет го сместив во овој текст.

Деца, запамтете: Само првата изречена молитва може да се нарече молитва, а сето останато молитвено повикување на Богочовекот Христос  е љубов.

Митрополит Струмички Наум



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная