логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


За состојбата на оние кои се во ГРЕВ , односно, во животно промашување - Свети Теофан Затворник
(братски ве советувам текстот да го читате со внимание зошто истиот изобилува со длабочина и духовна точност која бара сериозен пристап - ваш во Христа брат и слуга, о. Ивица Т.)

 

 Словото Божјо во повеќе случаи го опишува грешникот, пред кого се наоѓа неодминливата потреба за обнова преку покајанието (духовното будење), како некој кој потонал во длабок сон. Препознатливиот белег на таквиот тип на личности не секогаш е нивната јавна порочност, а поскоро отсуството на воодушевената, личнопројавената ревност за Богоугодување и силна гадливост кон се што е гревовно, при што, кај нив благочестието не претставува централен предмет на нивните грижи и трудови затоа што нивната грижа е насочена кон разни други нешта. И во однос на своето спасение тие се наполно рамнодушни и не разбираат во каква опасна состојба се наоѓаат. За животот во добро се крајно безодговорни и кон верата се, исто така, крајно студени, иаку гледано однадвор, наликуваат на оние кои водат исправен и безукорен живот. Ова се општи белези, а на личен план безблагодатниот се препознава и на следниот начин.

 Кога ќе го напушти својот Творец, својот извор на Живот, човекот целото свое внимание го насочува кон себе и се поставува за главна цел на својот живот и дела. Тоа се случува поради следниот факт, откако се одвратил од се Божјо, за него не постои ништо по вредно од него самиот, и особено поради тоа што имајќи ја од порано во себе секоја Божја полнота од која се испразнил, тој брза и се грижи со што и како истата да ја исполни. Пустотијата на празнината, која се формирала во него преку отпаѓањето од Бога, непрестано распалува незадоволство со ништо неопределената, но непрестана потреба. На тој начин човекот станува бездна без дно, иаку со сите сили се труди со нешто да ја исполни - но не гледа, ниту чуствува некаква полното. И поради тоа, преку целиот свој живот тој е во пот, труд, големи напори, зафатен со разноразни нешта во кои се надева дека ќе пронајде остварување на недефинираната потреба која одвнатре го изгара. Тие нешта му го голтаат целото внимание, целото негово време и труд, иаку за нив тој мисли дека тие се неговото примарно богатство, со кое тој живее со целото срце.

                Од овие нешта ни станува разбирливо зошто човекот, поставувајќи се себе си за своја исклучителна цел, никогаш не е во себе, а постојано е надвор од себе, врзан за создадените или од егото и суетата измислени нешта. Отпаднат од Бога, Кој е полнота на се', самиот е празен, и му останува истата таа празнина да ја разлее по бескрајните разноразни нешта и да живее во нив. Така грешникот е во непрестано очекување и грижа, кои ги исполнува со многу разноразни суетни нешта надвор од себе и Бога. И затоа, впечатлива карактерна препознатливост на животот во грев е немањето загриженост во однос на спасението, но затоа крајно многугрижие за многу работи. (Лука. 10, 41).

                Пројавите и нијансите на многугрижието зависат од својствата на празнината што се формирала во душата.

1.       Празнината на умот, кој заборавил за Единствениот, Кој е се', породува грижа за многу знаење, циничноподобни истражувања и распрашувања, и сето тоа заради суетонадуено егоистично љубопитство.

2.       Празнината на вољата, која се лишила од потребата во себе да го има Единиот, Кој е се', породува желби за многу нешта, стремеж да се поседуваат многу нешта или да се поседува се', односно, се' да биде под наша воља, во наши раце. Тоа е таа, таканаречена, љубов за поседување.

3.       Празнината на срцето, кое се лишило од насладувањето со Едниот, Кој е се, формира неутолива желба за многу и разнообразни задоволства или потрага и врзаност за многубројни предмети во кои очекуваме да најдеме наслада за внатрешните и надворешните сетила.

И така грешникот, наоѓајќи се непрестано во грижа за многу знаење, многу поседување и многу насладување, се насладува, поседува, љубопитствува. И така започнува круговртежот во кој тој се врти преку целиот живот. Љубопитството го намамува срцето, кое се надева дека ќе вкуси задоволство, и затоа потоа ја навлекува вољата. Дека тоа е така, секој може да провери сам, доволно е да ги набљудува дејствијата во својата душа - макар на еден ден.

                Грешникот непрестано би пребивал во тој круговртеж, ако него го оставиме сам - таква е нашата природа кога се наоѓа под ропство на гревот. Неопходно е да напоменеме дека истиот тој круговртеж се зголемува и усложнува илјадакратно, и тоа поради причината што грешникот всушност не е сам. Постои цел еден свет од лица кои единствено тоа го прават - љубопитствуваат, се насладуваат, придобиваат, и за остварување на таа цел тие ги систематизирале сите начини, ги подчиниле на закони, ги поставиле како неопходност за сите кои принадлежат кон нивната сфера и кои преку взаемниот сојуз доаѓаат во неминовни меѓусобни допири, и така, допирајќи се - ти се тријат еден од друг - при што преку триењето степенот на љубопитствување, насладување и придобивање на поседи се подигнува на десета, стота, илјадата, и истите во ова распалување ја положуваат сета своја среќа, наслада и живот. Тоа е она што го нарекуваме суетен (егоистичен, опрелестен, лажен, отпаднат) свет, и се што се случува во него, сите постигнувања и напори, обичаи, правила, врзки, јазик, веселби, разоноди, поими - се, од најмалото до најголемото е натопено со духот на трите изроди на многугрижието, за кои веќе кажавме погоре, и сите тие нешта водат до неутешна пропаст на духот на светољупците (на оние кои го љубат суетниот свет). Наоѓајќи се во жив сојуз со целиот сутен свет, секој грешник се заплеткува во илјада пати плетената мрежа за него. Во неа тој се замотува се подлабоко и подлабоко, така што во еден момент самиот тој престанува да се гледа. Навистина, тешко бреме лежи врз целата личност на грешникот светољубец и врз секој дел од неговото битие, така што тој нема сили да мрдне ни малку надвор од духот на суетниот свет, затоа што тогаш ќе треба да подигне многутонна тежина. Затоа и никој не се зафаќа, дури и не помислува да се зафати со такво несовладливо дело, но, сите си живеат, движејќи се по колосекот на кој се нашле.

                Да биде бедата поголема, овој суетен (егоистичен, опрелестен, лажен, отпаднат)  свет си има и свој владател (космократор; прим;прев), кој е единствен по лукавство, злоба и опитност во измамите. Преку телото и материјалноста, под чие силно влијание се наоѓа душата по своето отклонување (од Божјата промисла за неа; прим.прев), владетелот на суетниот свет има слободен достап до неа и секогаш кога ќе и се приближи распалува во неа на различни начини љубопитствување, желба за придобивање, сластољубива самоутеха, и преку различните соблазни (прелести; сластозаводливи убавини) постојано ја држи заробена од нив. А преку разни помисли (ментални / умствени сценарија; прим.прев) и дава потстрек за задоволување од нив и потоа, или и помага да ги оствари, или ја осуетува со тоа што и отвара нови, по - задоволувачки планови, а сето тоа го прави со една цел - да го продолжи и да го задлабочи нејзиното робување од нив. Сите наведени нешта ги преставуваат, всушност, променливите светски успеси и неуспеси, неблагословени од Бога.  Овој владетел, за кого погоре спомнавме, има цели легиони свои слуги, тоа се духовите на злобата - нему потчинети. Секој миг тие брзо итаат по сите краишта од населениот свет за да посеат тука едно, а на друго место - друго, од своите семиња, за со нив посилно да ги заплеткаат оние кои веќе се заплеткани во мрежите на гревот, а и ако може да ги подноват истенчаните или веќе скинати нишки, и најповеќе внимаваат на некого да не му дојде помисла да се ослободи од нивните лаги и да започне да се ослободува. Во последниот случај тие брзо се лепат до своеволникот, отпочеток - по еден, а ако се покаже дека е потребно - тогаш доаѓаат и одреди и полкови, па и легиони, и секогаш во различни видови и по различни начини за, ако може, да ги затворат сите можни излези и да ги поправат нишките и мрежите и, според  други споредби, повторно да го турнаат во бездната оној кој се извлекува од неа по стрмнината. Во ова невидливо царство на духовите постојат специјални престолни места каде што се составуваат (адските / пеколни; прим. прев) планови, каде што се примаат распоредби, но и каде се примаат извештаите со одобрение, а и со укор за извршителите. Тоа се тие длабини сатански, по искажувањето на свети Јован Богослов (Откр. 2, 24). На замјата, во кругот на нивното човечко царство, тоа се местата на сојузи на злостори, развратници и, особено, безверни богохулници - кои со дело, збор, или со разни свои пишани нешта насекаде го разлеват мракот на гревот (отпаѓањето и напуштање на постоењето благословено од Творецот; прим. прев) и ја закриваат светлината, вистината и љубовта Божја. Орудието, преку кое ја изразуваат својата воља и власт, е севкупноста од светски обичаи (начин на организирање и осмислување на животот во овој свет; прим. прев) кои докрај се натопени од гревовни форми и содржини и кои ја имаат силата засекогаш да го занесат човекот и да го одвлечкаат од Бога.

                Така изгледа устројството на гревовната сфера и секој грешник е целиот во неа, и секогаш во неа е заробен од предимно едно нешто. И тоа едно нешто понекогаш може да биде, однадвор гледано, и прифатливо, па дури да заслужува и одобрување. Сатаната секогаш има само една грижа, а таа се состои од тоа човекот, во однос со она со што се занимава, односно, таму каде што му се насочени свеста, вниманието, срцето - да не присуствува Бог, туку било што друго кое е надвор од промислата и благословот Божји, та кога ќе се приврзе за нив со умот, вољата, срцето да ги има наместо Бога и само за нив да се грижи, за нив да се интересира, од нив да се насладува и нив да ги посдува. Тука не се само телесните и душевните страсти, но и многу благовидни, привлечни нешта, каква што е склоноста кон науката, уметноста, општествено - политичкиот  живот, и сите овие нешта можат да станат алки од синџирот со кој сатаната ги држи слепите грешници во своја власт и не им дава да станат свесни за тоа.

                Но, ако го погледнеме грешникот и неговата внатрешна состојба и настроеност, може да се покаже дека тој многу често има доста знаење, (информираност, количина на информации, но без втемеленост и осмилена цел; прим.прев), но е тотално слеп за Божјите дела и воопшто нема сознание за делото на своето спасение (ослободување од  духовното робство), а во исто време непрестано е во грижи и безспокојство, но исто така е пасивен и безгрижен во однос на устројувањето на своето спасение и ослободување. Непрестаните тревоги, но и наслади во срцето што ги доживува, сепак го оставаат безчуствителен во однос на се што е духовно. Како резултат на сето тоа сите сили на неговото суштество се поразени и во него преовладуваат:

1.       духовната ослепеност,

2.       неодговорноста и

3.       тоталната безчуствителност.

Тој, затоа што не може да ја види сопствената состојба, не ја осознава и опасноста на својата положба, а не чувствувајќи ја опасноста, тој не се ни обидува да се избави од неа. Во неговиот ум не се зародува ниту една мисла дека треба да се промени и спаси, дури е и наполно и неизменливо убеден дека со него е се во ред, и дека нема што повеќе да посакува и дека се треба да си остане како што си е.  Секој друг начин на вреднување на животот го смета за излишен, па дури на такви нешта не обрнува внимание и ниту сака да ги разбере - и затоа се отуѓува од нив, ги избегнува, па дури и ги мрази.

 

Делувањето на благодатта Божја

 

Веќе кажавме дека грешникот прилега на човек кој потонал во длабок сон. И како оние што "тврдо" спијат, па и каква опасност да се надвисне над нив, тие нема да станат и да се разбудат - ако некој не дојде и не ги разбуди - така и тој кој потонал во гревовниот сон нема да се разбуди доколку Божествената благодат не дојде во него и не му помогне. Поради безграничното Божјо милосрдие таа е подготвена за сите, па и затоа сите ги посетува и јасно секого го повикува: Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите и Христос ќе те осветли! (Ефес. 5, 14)

Оваа поврзаност помеѓу гревовниот сон и оној обичниот ни овозможува сестрано да го разгледме феноменот во кој се случува нашето повторното враќање кон Бога, односно, нашето обраќање (покајание, духовно будење, себеосознавање; прим. прев).

Како што оној кој спие се буди, станува и се приготвува за новиот ден, така и оној кој му се враќа на Бога се буди од гревовниот сон, доаѓа до сознанието и решеноста дека треба да се промени (дека треба да стане), дека му е потребно да се облече со сила за нов начин на живеење во Светата  тајна Покајание - Исповед и Светата  тајна Причест (веќе е готов за работа).

Во Христовата приказна за блудниот син овие моменти се посочени на следниот начин: А кога дојде на себе си... (Лука. 15, 17) - се опомена - Ќе станам и ќе отидам - односно, решава да го прекрати претходниот начин на живеење - и стана, па отиде, по што на следниот начин му се обраќа на својот Татко: Зграшив против небото и пред Тебе  - покајание, а по искреното покајание Татко му го облекува со најубава облека ( оправдување и проштевање на гревовите) и му приготвува трпеза (Света Причест – остварување и засведочување на спасителното заедништво со својот Спасител и Господ – Исус Христос).

По горе изложеното може да се заклучи дака при нашето повторно враќање кај Бога има три суштински моменти:

1. будење од гревовниот сон;

2. решеноста да се издигнеме над гревот и суетниот свет и да започнеме да растеме во Богоугодување;

3. облекување со сила од висините, односно со силата на Светиот Дух во Светите тајни на Црквата: Крштевања, Покајание - Исповед и Причест. Особено со тајната на Покајание - Исповед својот спасителен живот го започнуваат оние кои се крстени, но по крштевањето не започнале да живеат спасителен живот во Црквата.

 

 

 

превод од руски: презвитер Ивица Тодоров



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная