логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TViTer614

 (Од архивата на Преминпортал)

Прашање од Марјан:

Најнапред благодарност на Господа, што секако преку Вас preminportal ни овозможивте подобро и подлабоко осознавање на вистината, преку мноштвото објавени материјали на страната. Искрен да бидам, имам 30 год. и веќе 2 год. сум во брак, имам и Духовник на кого се исповедам, гледам да сум редовен во црквата на Богослужбите и Литургиите и тоа го правам веќе долги години наназад. Знам и свесен сум дека сето тоа не е доволно од моја страна и дека треба многу повеќе да се трудам, бидејќи сето тоа што го правам е ситница.

А, дека не сум бил на правиот пат наназад низ годините го дознав од пред некој ден, благодарение на прекрасните изворни материјали и текстови кои ги имате објавено на Вашата страна. Во животот немало никој за верата да ме поучи, роден сум од речиси некое семејство кое не е упатено воопшто во верата и кое живее од ден за ден и по пат на случајности како и многумина за жал. Во последно време има и некои мали надежи, да се надеваме ќе оди на подобор, Дај Боже! За среќа моите родители се покрстени, а фала му на Господа и јас.

Но од постењето, присуството на Литургии, исповедта, причестувањето, итн. моите воопшто ниту знаеле, а за жал не ги ни интересира. Се\' настана од еден миг кога сам решив да се заинтересирам за нашата прекрасна вера и да почнам да навлегувам за многу работи сам да се интересирам, трудам, дознавам и упатувам. Имено што ми е целта на разговорот, значи и покрај тоа што имам Духовен свештеник и што присуствувам на Богослужбите и Литургиите во нашите цркви, толку време, сепак не живеев ни приближно како христијанин се\' додека не дојдов во средба со Вашите објавени материјали. Цело време бев човек со лоши и Богонеугодни карактеристики, лесно можев да експлодирам во разговор при одредени провокации на поединци, како на работа, така и со поединци во секојдневниот општествен живот (другари, пријатели, роднини, домашни, жена, итн.) значи многу лесно можело да се разгневам. Понатаму некој кога ќе ми нанесел некаква неправда или зло, повторно сум се расрдувал и разгневувал, дури и постојано сум потклекнувал на помисли за како да возвратам. Не сум пружал доволно љубов со луѓето и околината. Лесно можел човек да ме налути и на сето тоа некој пат би се воздржал, но, доста често сум посакувал или да возвратам или пак сум и возвраќал без размислување, па, дури да се тепам, итн.

Исто така на работното место, бидејќи не сите, но, има луѓе кои доаѓаат на работа само заради тоа да на некого на било каков начин му напакостат и му нанесат неправда и зло, многу пати намерно, а може да е и ненамерно само Господ знае, таквите напади на мене, мојата личност и вредност многу ме погодувале, разочарувале за мојата иднина, бидејќи ако нешто што би ме погодило би било изнесено пред други луѓе кои би се јавиле како слушатели во моментот за мене претставува нарушување на мојот авторитет, каркатер и идентитет, за што кај мене во вкавите ситуации се појавува омраза кон ваквите луѓе, гнев, лутина и нетрпение.

Конечно фала на му на Бога, а и кој преку Вас успеав да дознаам каде бил проблемот или коренот на сите овие работи, пошто не знам како со друг збор да ги наречам, може и има некој друг збор или термин кои би ми го кажале во одговорот.

Имено со Духовникот често пати сум имал можност да го прашам: Што е причината што кај мене се појавуваат вакви работи, како што се нервозата, нетрпението, гневот, лутината, омразата, итн. но, не сум добил одоговор, ваков како што можев да го пронајдам низ низата текстови и материјали објавени на странава.

- Дали да продолжам во духовниот живот со истиот Духовен отец или е потребно да го променам и како е постапката, ако е потребно такво нешто, или пак не е потребно воопшто, сите сме луѓе и не знаеме многу работи и обични смртници и секогаш ќе има некој нешто што знае и некој нешто што нема да го знае. Можеби Духовникот и не е човек кој треба да знае се\' можеби растењето во верата, може да биде и двострано, можеби и јас би можел да му бидам од полза, а може и за погибел, само Господ знае.

Исто сакам да Ве прашам, пошто исто со читање сум дошол до сознание дека треба да се применува молитвата: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот!, Јас си ја применувам доста често оваа молитва. Само ме буни фактот повторно што требало да се даде Благослов од Духовникот, а јас не сум го направил тоа, значи пак, Духовникот никој пат не ми кажал како и на кој начин да се молам, тоа се\' сам сум го прочитал и дознал и така и го применувам. Дали сега да побарам благослов од Духовникот, после толку време? А, отприлика и си го знам одговорот, сигурно ќе ми рече: - Добро, нема проблем.

Сепак фала Ви и Вам и на Господа од се\' срце што ми ги отворивте очите.

Слава на Отецот, Синот и Светиот Дух. Амин.

 

 4vek4.jpg

Одговор:

Верувам Господи, помогни му на моето неверие..“, ( молитва  од Правосл.молитвеник) Слава му на Бога и на неговите светии што допреле до вашето срце. Да, како што веќе сте забележале корен на секој наш грев е гордоста. Од многу работи и пороци ќе се откажеме, но таа секогаш преминува од фаза во фаза, од степен во степен, и финалната битка со неа ни преостанува на крајот ;) Како што велат светите отци: послушанието претходи на молитвата, или послушанието е мајка на молитвата. На почетокот на духовниот живот Бог ни ја дава Неговата благодат која ни ги отвара очите, и ако ја искористиме за очистување на нашите гревови, ќе напредуваме од благодат во благодат. Но, ако премине од расудување во осудување и почнеме да ги осудуваме ближните, ќе тапкаме во место...
      Засега останете кај вашиот духовник и молете се за него. Дури и да не е во право, молете се и него, а воедно и за вашето семејство и не избрзувајте со одлуки. Во врска со Исусовата молитва навистина е потребен благослов, но не само тоа туку и духовник кој ќе не води по тој пат. Затоа, доколку сте свесни за тоа што сакате, што ви е потребно и кои се вашите слабости, молете се и Бог ќе ви го открие оној духовник кој е за вашето срце. А дотогаш може да набљудувате, и да барате. Бог да биде со сите нас... во сите дни на нашиот живот.

ПП

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7595
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная