логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



ОМИЛИИ  - на неделните и празничните евангелија на Епископот Охридски Николај
ЧЕСНИОТ ПОСТ - НЕДЕЛА ВТОРА
Евангелие за исцелението на фатениот
Марко 2,1 - 12; Зач . 7

 Минатата недела го слушнавме евангелието за чудотворното дејство  на големото и моќно присуство Христово.
Натанаил, кој што се посомнева во зборовите на апостол Филип,  дека е дојден на светот долго очекуваниот Месија во лицето од Исус од Назарет, тој Натанаил штом се доближи до самиот Господ Исус Христос веднаш го призна и го исповеда како  Син Божји и цар на Израилот. Денешното евангелие зборува за големото страдање и труд на оние што вистински веруваат да дојдат во присуство на Христа Господа.

Четворица луѓе носеа еден фатен роднина, или пријател свој, со сè неговата постела - толку очаен и неподвижен бил фатениот.
Залудно се туркаа низ многубројниот народ за да се доближат до Господа, па кога не успеаја во тоа, тие се качија на покривот од куќата, го отворија покривот и низ покривот, со напор и мака, ја спуштија постелата на болниот пред нозете на чудотворниот Исцелител.
Верата нивна во Христа била силна.

„А Исус кога ја виде верата нивна, му рече на фатениот: Синко ти се простуваат гревовите твои“.
Господ не ја слушна исповедта на верата на оние што го носеа болниот, но ја виде нивната вера. Христос можеше да ги види и најтајните длабочини на срцето човечко, и разгледувајќи ја таа длабочина на нивните срца, Господ ја виде големата вера нивна.
Но и со своите телесни очи Тој ја виде и ја узна верата нивна во напорите и трудот нивни за да го донесат болниот до него. Нивната вера беше очигледна и за духовното и за телесното гледање на Христа Господа.

Исто така очигледно за Господа беше и неверувањето на книжниците што беа присутни на овој настан и кои помислија во срцата свои:
 Оти хули оној на Бога?
Кој може да простува гревови, освен единиот Бог?
Откако со својот дух ги виде мислите во срцата на книжниците, Господ почна благо да ги укорува:
„Зошто го помислувате тоа во срцата свои?“.

Сезнајниот Господ лесно ги чита и нечистите и чистите срца. Како што го виде веднаш чистото срце на Натанаил, во кое немаше лукавство. За да им покаже дека има власт и над телата и над душите  на луѓето и гревови да простува и фатени тела да лекува., Господ му рече на фатениот:
„Тебе ти велам: стани, земи ја постелката  своја и оди си дома!“
На ваква моќна заповед тој стана веднаш, па штом ја зеде својата постелка, се појави пред сите -  така што сите се восхитуваа и го славеа Бога велејќи: „ Никогаш вакво нешто не видовме!“

Погледнете, колку чудна моќ покажува Господ истовремено.
Тој гледа во срцата на луѓето и открива  вера кај едни и лукавство кај други.
Тој ѝ ги проштева гревовите на душата и ја прави душата здрава и чиста од прапричините на болестите и немоќта.
.........
Колкав треба да биде нашиот труд за отварање на Божјото  присуство , најдобро ни покажува примерот на овие четворица луѓе, кои не се плашеа на качувањето на покривот од куќата, ниту пак се воздржуваа од срам или страв, својот болен другар да го спуштат од високо точно пред нозете на живиот  Господ.
 Ова е типичен пример на ревност, слично на примерот на вдовицата која што непрестајно му досадувала на  најправедниот судија со молба да ја спаси од нејзиниот противник (Лука 18,1 - 5).
 Ова значи да се исполни заповедта Божја, постојано да му се молиш на Бога.
Ова е доказ за вистинитоста на другата заповед Господова:
 „Чукајте и ќе ви се отвори (Матеј 7, 7 )!
 На крајот , ова е и објаснување на чудната заповед Христова:
 „Царството небесно на сила се зема  и силните го грабаат“ (Матеј 11, 12).

Господ бара од своите верни да направат  многу усилби, да вложуваат многу труд, да бараат, да тропаат, да постат,  да прават безброј милосрдни дела - сè со цел да им се отвори царството небесно, односно, величественото , страшното  и животодавното присуство Божјо.

„Бидете будни во секое време и молете се, вели Господ,  за да го избегнете сето она што ќе настане и да се исправите пред Синот Човечки“ (Лука 21, 36).

Чувајте го срцето, за да не се залепи за земјата;
стражарете над мислите свои,  за да не ве одалечат од Бога;
 стражарете над делата свои, за да го намножите својот талант;
 стражарете над деновите свои, за да не ве грабне ненадејно смртта непокајани, среде вашиот грев.
Таква е нашата православна вера: наполно делотворна, потполно молитвена и будна, солзелива и страдалничка.

Ниту една друга вера не бара од верниците толку усилби за да се удостојат да застанат пред Синот Божји. Сите тие усилби ги предложи  за целиот свет, а на верниците им заповеда  самиот Господ и Спасител наш, а Црквата постојано ги повторува низ вековите, од поколение во поколение, посочувајќи им на верните сè поголем и поголем број духовни витези кои го исполнија Христовиот закон и се здобија со неискажлива слава и моќ и на  небото и на земјата.

„Кога исполните сè што ви е заповедано речете: Ние сме слуги негодни оти го извршивме она што бевме должни да го извршиме“ (Лука 17, 10).
На друго место, пак вели:
 „Никој не може да дојде при Мене, ако  не Го привлече Отецот“ (Јован 6,44).
И пак, на едно друго место:
 „Без Мене не можете да направите ништо“ (Јован 15, 5).

Во таа смисла Апостол Павле, кога им пишува на Ефесјаните, им вели:
 „По благодат сте спасени“ (Ефес.2, 8).

Дали да речеме дека сите наши трудови за спасение се залудни?
Дали да ги спуштиме рацете и да чекаме додека самиот Господ не се јави за да не земе во Својата сила, во свое присуство?
 Дали и самиот пророк Исаија не вели:
 „Секоја наша правда, како извалкана облека“ (64, 6)?
Ова прекрасно го објаснува апостол Павле, кога вели:
„Јас посадив Аполос поли, но Бог направи да израсте.  Затоа, ниту оној кој сади е нешто, ниту пак оној што полева, а само Бог, Кој прави да израсте“ (1. Кор. 3, 6-7).
Значи ние нашата должност не смееме да ја занемаруваме, оти постои опасност од вечно пропаѓање.

Должност на земјоделецот е да ора и да полева, а од силата, мудроста и милоста Божја, зависи дали посевот ќе никне, дали ќе порасне и донесе плод.
Должност на научникот е да испитува и да истражува, а од силата, мудроста и милоста Божја зависи дали знаењето ќе му се открие.
Должност на родителите е да ги одгледуваат и воспитуваат децата во стравот Божји,  а од силата , мудроста и милоста Божја зависи дали трудот на свештеникот  ќе роди плод.
Должност на сите нас е да се грижиме и да се трудиме, да се удостоиме да застанеме во присуството на Синот Божји, но од силата, мудроста и милоста Божја зависи дали  ќе бидеме пуштени кон Него.

Никогаш не треба да се трудиме без надежта во милоста Божја. Туку сиот наш труд нека биде осветлен со надеж дека е Господ близу до нас и дека ќе нè прими во својата светлина. Не постои  подлабок и понепресушен извор од изворот на милоста Божја.

Кога блудниот син се покајал, по своето жално паѓање на степен на свинскиот живот, милосрдниот татко му излезе во пресрет, го прегрна и му прости.
 Господ неуморно им излегува во пресрет на своите непокајани деца. Ги протега рацете кон сите што го свртуваат лицето кон Него.
„Секогаш ги протегав рацете свои кон непокорниот народ, “ вели Господ за Евреите. (Иса. 65,2).
 Па кога Господ ги протега своите раце и кон непокорните, што станува тогаш со покорните?
Покорниот пророк Давид вели:
„Секогаш Го гледав пред себе Господа, зашто Он е од мојата десна страна, за да не се поколебам  (Псалм. 15, 8-9).
На покорните трудбеници за своето спасение, Господ не им го откажува своето присуство.

Затоа својот труд никогаш да не го сметаме за залуден, како што прават безбожните и очајните, туку трудејќи се до највисоката можна мера да се надеваме на милоста на Господа Бога.
Да го зголемиме нашето трудење, особено во времето на чесниот пост, како што ни наложува и светата Црква. Нека ни светат во својот пример оние четворицата што се качија на покривот од куќата, го пробија покривот и го спуштија својот пријател - фатениот, пред нозете на Господа .

Ако една петтина од вашата душа е фатена или гнила од болести, веднаш да побрзаме со другите четири здрави петтини пред Господ и Господ ќе направи болното  да биде здраво.
 Ако едно наше чувство нè соблазни и од соблазната се разболи, да побрзаме со другите четири чувства пред Господа за да се  смилува над нашето болно чувство и да го излекува.
Кога еден дел од телото ќе заболи , лекарите препорачуваат двојна нега, чување и исхрана на останатото тело,  за здравото да стане уште поздраво и појако и така да ѝ се спротивстави на болеста тоа што е болно.

Така е и со нашата душа. Ако сме се посомневале со умот, брзо да се потрудиме со срцето и со душата да ја зајакнеме верата своја, та болниот ум со помош на  Господа да ни заздраве и да ни зајакне. Ако сме згрешиле со  заборавот на молитвата, да побрзаме со милосрдни дела да ја вратиме изгубената молитвеност и обратно.

Господ ќе погледне на нашата вера, на нашите страдања и на нашиот труд, и ќе нè помилува.  Според својата бескрајна милост ќе нè пушти во своето присуство, во присуството бесмртно и  животодавно, со кое живеат, се крепат и се радуваат безбројните ангелски сили и светителските војски.

На Господ  и Спасителот наш Исус Христос нека Му е слава и благодарност, заедно со Отецот и Духот Свети - на еднобитната и неразделна Троица,
сега, секогаш. низ сето време и сета вечност.
Амин!

Пренесе: Мина Даниловска



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная