логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,
МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ
(17/30 септември)

„А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта;
најголема меѓу нив е љубовта“
(1. Кор. 13: 13)

Животите на светителите се духовна лектира која за нас, кои се нарекуваме православни христијани, претставуваат насушна храна со која ја нахрануваме сопствената душа, која, пак, е гладна за нивните подвизи и натчовечки достигнувања. Светителските восхитувачки подвизи честопати нè оставаат без здив, па со денови размислуваме за големината и чистотата на нивната вера, која тие ја поседувале, како и за бескрајната храброст која ја имале во предсмртните мигови. Денешните славенички, светите маченички Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија, олицетворение се на сето досега кажано, зашто нивното житие е доказ, како и колку треба да се љуби вистината и за неа да се пострада, без разлика какви нечовечки понижувања нè затекнуваат во животот.


Историските податоци ни говорат дека, овие свети маченички живееле и пострадале во градот Рим, за време на нечестивиот цар Адријан. Мудрата Софија ушта во младоста останала вдовица, но како прекрасна христијанка ги воспитала своите три ќерки во Христовата вера. Кога започнале гонењата на христијаните и кога мачителите дошле во домот на Софија, Вера имала 12 години, Надеж 10, а Љубов само 9 години. Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија со богомудри совети ги охрабрувала своите ќерки за да издржат до крај. Таа им говорела дека небесниот љубител - Господ Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и бесмртен живот. Но, безумниот мачител ги зел една по една и ги мачел со страшни маки: најпрво Вера, па Надеж, па Љубов. Ги тепале, ги сечеле со остри ножеви, ги фрлиле во оган и во врела смола, и на крај, една по една, ги посекле со меч. Мртвите тела на своите ќерки Софија ги зела, ги однесла надвор од градот и таму чесно ги погребала. Таму, над нивниот граб останала три дена и три ноќи, молејќи се на Бога, и тука ја предала својата душа во рацете на Бога, брзајќи да стигне во рајските населби, каде што блажените души на нејзините славни ќерки ја чекале.

Овој настан од свештената историја на нашата страдална Црква, денес нè потсетува какви треба да бидат основните добродетели, кои, како православни христијани, треба да ги поседуваме. Светата и праведна Софија ни е образец со каква мудрост треба и ние треба да ги воспитуваме сопствените чеда, зашто таа родила такви деца, кои постанаа Христови невести и кои пострадаа за Христос Бог, во Кого бескрајно веруваа како во свој Спасител. Навистина, света Софија е мајка достојна за восхит и за убаво спомнување! Таа, гледајќи ги страшните и лути маки на своите премили чеда, не само што не тагувала, што е својствено за секоја мајка, туку постојано ги утешувала со Божјата благодат, ги радувала, ги учела и ги молела да не го жалат својот времен живот, туку беспоштедно да ја пролеат својата крв за својот Господ Исус Христос. Навистина, света Софија е олицетворение на мудроста и наш вистински пример како и колку треба и ние да бидеме мудри во животот.
Светата маченичка Вера, која била најстара од трите сестри, денес нè потстетува на основната христијанска добродетел - верата, каква и колку чиста треба да биде истата. Ако апостол Павле ни сведочи дека, „верата е жива претстава за она, на кое се надеваме, и докажување на она, што не се гледа“ (Евр. 11: 1), тогаш, зарем самото страдање на светата маченичка Вера не е ли сигурно преточување во живот на овие зборови? Иако имала само 12 години, таа била сосема убедена дека нејзините страдања не се залудни, зашто имала жива претстава за она, во кое се надевала, а тоа бил вечниот живот во рајските населби. Пред нејзините детски очи постојано стоел преслаткиот Христов лик, кој бескрајно ѝ помагал во најтешките мигови, па затоа мачењата кои, таа ги претрпела, постанувале слатки и безболни, зашто имале длабока и конкретна смисла. И навистина, света Вера преку страдањата го докажала она што не се гледа, а тоа е вечниот задгробен живот, кој за вистинските православни христијани е реалност. Тоа го докажале и денешните славенички, зашто нивниот спомен трае со векови и ќе трае до крајот на светот и векот.
Светата маченичка Надеж, средната од трите сестри, ни покажува каква треба да биде и нашата надеж во овој живот. За православниот христијанин надежта треба да претставува вистинско надевање на Бога, кое е дадено во човечкото срце, со вдахновување и просветување од Бога, со цел човекот да не очајува во Божјата благодат. Затоа апостол Павле говори: „Со надеж се спасивме. А надеж за она, што се гледа, не е надеж, оти, како ќе се надева некој на нешто, што се гледа? Кога се надеваме, пак, на она, што не го гледаме, со трпение го очекуваме“ (Рим. 8: 24-25). Сета наша надеж треба да биде нашиот Господ Исус Христос, оти преку Него сè добивме. По тоа се познава и божествената благодат, зашто преку Христос ни се даде благодат и вистина, според зборовите на Светото Писмо: „Зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа“ (Јован 1: 17). Токму врз оваа благодат се темели сета наша надеж, но се темелела и надежта на светата маченичка Надеж, која, заштитена од Божјата благодат, се удостоила за маченички венец и за влез во рајските населби.

Преку страдањето на најмалата сестра, светата маченичка Љубов, треба да се потсетиме дека основната христијанска добродетел – љубовта, претставува Божји дар, преку кој што се чувствуваме поттикнати да Го љубиме Бога како наше врвно добро и да го исполниме сето она, што Он го заповеда за спасение и блаженство наше, но и на ближниот. Вистинската и нелицемерна љубов се покажува и докажува преку добрите дела и самата ги дополнува верата и надежта, усовршувајќи го нашето лично спасение. Од нас се бара да имаме љубов кон Бога како неопходен долг, зашто ако ја немаме во нашите души, веднаш оставаме простор во нас да се всели духот на злото и гревот. А, зарем може да има мерка и граници нашата љубов кон Бога? Ако се потсетиме дека светата маченичка Љубов имаше само 9 години, кога во страшни и ужасни маки пострада за Христа, тогаш веднаш ќе си дадеме одговор на тоа прашање. Во никакви мерки и во никакви граници не смее да биде ограничена нашата љубов кон Оној, Кој заради нас прими човечко тело, претрпе страшна смрт на Крстот и воскресна во третиот ден заради нас и нашето спасение. Таква љубов имале сите три сестри, но и нивната мајка, зашто преку страдањата ја посведочиле љубовта и умреле за неа, зашто за возљубената Вистина достојни се сите маки да се претрпат.
Во Беседата на гората, Господ Исус Христос напомена кои се блажени во овој свет. Сите тие блаженства се посведочија низ животот и страдањето на денешните славенички. Светите Софија, Вера, Надеж и Љубов се блажени заради нивното чисто срце, зашто нивното срце било вистинско око, со кое ја гледале духовната реалност, а пред сè, живиот Бог. Блажени се, зашто биле гонети и мачени заради правдата, па затоа биле слични на Христос и на апостолите, кои преку страдање се прославија на небесата. Блажени се, зашто биле посрамотени пред луѓето од нивно време, но тие сè претрпеле преку цврстата вера и надеж во Бога, Кој во свое време ќе дојде како последен Победник и праведен Судија. Затоа, светите маченички денес се радуваат и се веселат на небесата, зашто голема е нивната награда. Се радуваат во плачот, се радуваат во страдањата, се радуваат во умирањето, зашто сите најдобри во човечкиот род, кои го поминале истиот трновит пат, кој го поминале и тие, пречекани се во оној свет, каде што владее Христос Господ, каде што нема воздишки, ни таги, ни страдања, туку живот и радост вечна. Амин!


        Протоереј
     Златко Ангелески



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная