логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Во она време, дојде Исус во Ерусалим; и кога одеше низ храмот, се приближија до Него првосвештениците и книжниците, и старешините, па Му рекоа: со каква власт го правиш тоа и кој ти ја дал таа власт да го вршиш?

А Исус им одговори и рече: ќе ве прашам и Јас еден збор и одговорете ми; тогаш и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам тоа.

Крштението Јованово од небото ли беше, или од луѓето? Одговорете ми.

А тие се мислеа во себе и велеа: ако кажеме од небото, ќе рече: па зошто не му поверувавте? Но, ако кажеме од луѓето, се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јована за вистински пророк. И кога одговорија на Исуса, рекоа: не знаеме. А Исус им одговори и рече: ни Јас не ви кажувам, со каква власт го вршам тоа. (Марко  11, 27–33)

           

naum.ohrid1.jpgДеца, проблемот што денешново евангелие го поставува пред нас е гносеолошки. Познанието на Единствениот Вистински Бог, како што знаеме од учењето на светите Оци и од нашиот мал личен опит, се стекнува единствено преку напорен долгогодишен подвиг во градењето на внатрешна аскетско-благодатна заедница со Бог. Во тој подвиг на богопознание, на првиот степен од духовниот развој се чисти енергијата на умот, на вториот степен се чисти суштината на умот, а на третиот, оној што ќе ги преобрази и својата душа и своето тело ќе може со своите телесни очи да ја види несоздадената светлина и слава Божја.

Првосвештениците, книжниците и старешините од она време - според сведочењето во Евангелието, држејќи се до правилата од законот само надворешно, и практично и интелектуално, очигледно немаат вистинска заедница со Бог и затоа не можат од опит да познаат и да видат дека Човекот Исус Христос е Синот Божји, очекуваниот Месија. Но, Исусовата личност и дела го предизвикуваат кај нив токму тоа прашање. Така, дел од  нив, со прашањето што го поставуваат, всушност сакаат од Исус да дознаат дали е Тој навистина Синот Божји. Постоењето на ваквиот нивен интерес се гледа и од едно друго место во  Евангелието кога Го прашуваат: До кога ќе ги мачиш нашите души? Ако си ти Христос, кажи ни отворено? (Јован 10, 24).

Нивниот надворешниот пристап, односно барањето на лесен и брз начин да се дојде до спознание на Вистината, односно на претходно поставеното прашање, во најдобар случај, е само сведоштво за самољубиви и неискрени луѓе кои сакаат преку сигурна и навремена информација да ги обезбедат своите лични позиции и просперитет. И тоа, додека сѐ уште мислат и се надеваат дека Исус Христос ќе воспоставува земно царство. Во најлош случај, како што подоцна и се случи, барањето потврден одговор од Христос, од истите луѓе на истото прашање, беше  само причина за Неговото предавство, осудување и смрт на Крст: Те заколнувам во Живиот Бог да ни кажеш, Ти ли си Христос, Син Божји? (Матеј 26, 63).

Дел, пак, од првосвештениците и книжниците, како што се случува, се заинтересирани само за природата и изворот на Неговата власт затоа што очигледни беа за сите чудата што Он ги правеше: со каква власт го правиш тоа и кој ти ја дал таа власт? И нивниот пристап е надворешен и е само сведоштво за самољубиви и властољубиви луѓе кои се надеваат дека преку некое тајно и лесно стекнато знаење ќе ја остварат и задоволат страста на своето славољубие. Секако и тие кога ќе видат дека не можат на тој начин да дојдат до тоа знаење и до таа власт, ќе гледаат како да Го убијат односно ќе гледаат како да се ослободат од Носителот на таа чудесна власт, Кој крајно ја засенува нивната дотогашна човечка слава и позиција. Дéјà ву.

Затоа, Христос, на нивното прашање им одговара со прашање, давајќи им шанса (впрочем како и на сите нас) да се покајат: Јовановото крштевање од небото беше или од луѓето?... Но наместо на покајание, сите сме сведоци на едно лукаво и параноично размислување, на една пресметливост, чија крајна цел е грижата за својот статус, за своите позиции, за својата власт, грижата за задоволувањето на своите страсти: А тие се мислеа во себе и велеа: ако кажеме од небото, ќе рече: па зошто не му поверувавте? Но, ако кажеме од луѓето, се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јована за вистински пророк. Така, сакајќи да го избегнат одговорот на за нив незгодното прашање на најбезболен можен начин, првосвештениците и книжниците велат: Не знаеме.  А тоа, не знаеме, е всушност едно неволно признавање за нивната духовна состојба и единствена стварност за нив. Очекуван одговор од оние кои не знаат опитно, како што веќе спомнавме, дека познанието на Бог извира од животот во Бог и се случува во внатрешноста на очистеното, од страсти, срце.

Не треба да го потцениме и фактот дека Богочовекот Христос на првосвештениците и книжниците им даде реална можност да го добијат одговорот на своето прашање - А Исус им одговори и рече: ќе ве прашам и Јас еден збор и одговорете ми; тогаш и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам тоа. Доволно ќе беше само искрено да признаат и да одговорат дека Крштевањето Јованово беше од небото за да им се отворат духовните очи и да Го препознаат Синот Божји во Човекот Исус што пред нив стоеше. Но, очигледно тешко се ослободува човек од своето славољубие и тешко се смирува.

Христовиот одговор е страшен: Ни јас не ви кажувам. Ужасот на овој Негов одговор воопшто не се состои во тоа што Он не сака да им каже, да им соопшти, туку во фактот што Он знае дека дури и да им каже, напразно ќе ги троши своите зборови; дека зборувањето во случајов би било само нешто како фрлање на бисери пред свињите. А кој сака да си го фрли својот бисер пред свиња? Ваквиот Христов одговор е само уште едно сведоштво дека Вистината не се спознава надворешно, само со интелектот, со разумот, туку пред сѐ внатрешно, со благодатно и молитвено просветлување на умот во очистеното срце. Првосвештениците и книжниците пак од тоа време, според евангелското сведоштво, се како варосани гробови, однадвор изгледаат убаво, а одвнатре се полни со нечистотија и смрдеа (Матеј 23, 27 -28). Бидејќи тие не се внатрешно очистени, отворени и подготвени за Него и бидејќи немаат благодаттна заедница со Него затоа и не можат макар и интелектуално да ја спознаат вистината за Него, дури и кога Он би им ја соопштил. А им ја соопштил многупати, со Своите дела...(Јован 10, 25). Тие самите себе се онеспособиле и се осудиле да не добијат одговор од Христос, а не дека Он не сакал да им одговори.

Деца, основната претпоставка за сфаќање на поуката од ова Евангелие ја сочинуваат зборовите Христови: Здравите немаат потреба од лекар, туку болните. Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците – на покајание (Марко 2, 17). Високото мислење за самите себе, славољубието, изразено како непослушание, е најголемата, а можеби и единствената пречка за нашиот духовен развој. Покајанието, односно постојаната свесност за нашата разболеност и грешност, изразена како совршено послушание, е единствената здрава основа за правилен почеток, за правилен продолжеток и за правилно восовршување на нашиот духовен живот и познание во Црквата. Доволно е, искрено да ги погледнеме нашите дела, зборови и мисли под призма на евангелскиот идеал на Христовите заповеди. Ако некому и тоа не му е доволно тогаш нека го спореди својот живот со Христовиот, посебно ние што сме ‘на место и во обличје Негово’... Господи помилуј...! Пресвета Богородице, спаси ме!

 

Митрополит Струмички Наум

(според записот на сестрите)

 

{moshits}
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная