логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Проповед - протоереј Ристе Јанушев 
13.03.2012. 
Проповед во втората недела од Великиот Пост, на денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски

 

Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,

 

„Синко, ти се простуваат гревовите твои“... (Мк. 2,5)

„Тебе ти велам: стани, земи ја постелката своја и оди си дома“...(Мк. 2,11)

 

П
 
о овие зборови од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос, оној што беше парализиран и беше донесен на нослика од четворица, станал и истрчал да го прослави Бога.

Сите ли треба ова да го видиме со свои очи за да поверуваме? Треба ли очите да видат за да поверува човекот во Божјата љубов и власт над сѐ створено? Дали секој што видел поверувал?

Дали овој парализиран човек преку своето чуло за вид дојде до оздравување?

Секако дека не. Вербата го оздраве. Верувал дека Исус е Христос, верувал дека Христос е тука, верувал во Божјата семоќ и оздравел.

Спасителот во очите на болниот прво го бара покајанието, за да му ги прости гревовите и да го ослободи од духовната парализа – од гревот, оти духовната вкочанетост е многу пострашна од телесната.

Гревот во човекот е причина за духовната и телесната парализа на човекот. Гревот е ѓаволот. Тој демне како најстрашен ѕвер за да ја погуби секоја душа која ќе се откаже од борбата против него. Тој што ќе се предаде на гревот се предава на ѓаволот.

Да се запрашаме: Имаме ли цврста волја да се бориме против нашиот најголем непријател – гревот? Можеме ли да го победиме? Да испаднеме на мегдан со него во борба која буквално значи живот или смрт! Тој мегдан, тоа бојно поле во кое ќе се бориме за својот живот, црквата го нарекува ПОСТ. Светиот Велик пост е најголемото бојно поле за нашето спасение. Многу души паѓаат ранети и умртвени неизлегувајќи на ова боиште, не постејќи и не држејќи се до Божјите заповеди за Светиот пост. Благоразумниот христијанин за време на постот активно се бори за својот живот и победува. Ги победува гревовите и искушенијата кои доаѓаат од сите страни. Тука е нашиот Господ Исус Христос, Кој невидливо ти помага и ти го чувствуваш својот сојузник, Кој, кога е со тебе – кој ќе е против тебе. Те поткрепува во единственото чувство на преобразба во кое слабостите се заменуваат со доблести. Сѐ посилно се јакне желбата за покајание, и сѐ посилно се чувствува жедта за соединување со нашиот најголем сојузник, Господ Исус Христос. Бог стана човек за да може човекот да се обожи. Примајќи го Христа, причестувајќи се со Него, стануваме Негови, а Тој станува наш. И веќе ништо не е невозможно, и „сѐ е можно за оној што верува“ (Мк. 9, 23) и што е во заедница со Христа. Тогаш сѐ се обожува благодатно, преку несоздадените енергии Божји. Се обожува и душата и разумот и целото тело кога тоа ќе стане храм на Духот Свети. Крсти се, покај се, бори се, причести се со Христа Бога и победувај. Победувај не само во овој живот земен, победувај за вечноста. Постојано разговарај со Бога, моли се и верувај.

Дека тоа е делотворно, не мора да правиме претпоставка, тоа едноставно ни се открива и во учењето на светите отци на црквата. Тие духовни великани ни посведочија со лични примери и искуство за својот подвиг со кој се стекнаа со неовенливиот венец на светоста преку животот во Христа.

Денес, драги браќа и сестри, накратко ќе се навратиме на еден горостасен светилник на православието.

Недела во спомен на Св. Григориј Палама во II седмица од Великиот Пост.

Роден е во Константинопол во 1296 година во благородничко семејство. Неговиот татко починал кога Григориј имал 7 години. Во својата младост се стекнал со завидно образование во прочуените византиски школи и особено се истакнувал и исцрпно ја изучувал Арустотеловата логика. Се замонашил на 20-годишна возраст, а неговиот пример го следеле и неговата мајка, двете сестри и двајцата браќа, т.е. целото негово семејство. Младиот Григориј стапил во братството на атонскиот манастир „Големата Лавра“ на Св. Атанасиј, а подоцна се оддал и на подвиг како ермит во скитот Глосија, истотака на планината Атон. Во својата триесета година (1326 г.) прима свештенички чин и заедно со неколку монаси живеел во пустинска келија близу до Бер, придружувајќи се на „исихастичкиот“ начин на живот, втемелен и наследен од исихастите низ многувековната традиција, чија цел била постојано и совршено практикување на „Исусовата молитва“ : „Господе Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме“.

Свети Григориј Палама краток период (1335-1336г.) бил игумен на светогоескиот манастир Есфигмен и наскоро потоа бил вовлечен во расправи на теолошки теми, контроверзи и еклисијалисктички судири.

Во овој контекст ќе ги спомнеме расправите помеѓу Григориј Палама и грчко-италијанскиот филозоф Варлаам Калабриски, кои ќе го предизвикаат св. Григориј да ги напише „Тријадите“ во одбрана на светите исихасти како полемичко дело насочено против ставовите на Варлаама.

„Тријадите“ преставуваат сведоштво за содржината и значењето на христијанското искуство на исихастичките монаси, начинот на кој ја разбирале молитвата и настојувале да постигнат јасно дефинирана цел: - обоготворување или теозис на човекот во Христа. Спротивно на Палама, Варлаам се приклонил на Аристотеловиот пристап, дефинирајќи го сето човеково познание како реалност базирана на восприемање на сетилата преку кои се доаѓа до преосветување кое ги надминува истите, но сепак останува во границите на „природата на умот“.

Св. Григориј силно се спротивставувал на ова гледиште на филозофот и истовремено го критикувал Врлаама за неговото придржување кон Платоновиот дуализам на духот и материјата, кој бил суштествено спротивен на учењето на православието и светите отци. Реакцијата на Палама во „Тријадите“ со која го демантира Варлаама е насочена кон укажувањето дека човековото тело е „природен храм на Светиот Дух, кој е во нас“ (1 Кор. 6, 19).  Обожувањето на целото човечко битие преку балгодатните несоздадени енергии кои произлегуваат од Божествената суштина, (а која суштина, тие енергии не се) е крајната цел на секој член на Црквата. Значи, заклучоците на Палама се исто така и сакраментални, т.е. Крштевањето и Причеста го осветуваат целиот човек. И од ова, св. Григориј го дефинира исихастичкиот пристап кон молитвата, во која телото зема активно учество.

Навистина, вистинското обоготворување станало можно кога, согласно изразот на св. Атанасиј „Бог стана човек, за да може човекот да стане Бог“, (по благодатно учество во несоздадените божествени енергии, а никако по суштината, оти учеството во Божествените енергии не е учество во Божјата суштина).

„Синот Божји, вели св. Григориј Палама, во Неговата безмерна љубов кон човекот, не само што ја соединил Неговата Божја Ипостае со нашата природа, облекувајќи се Самиот во живо тело и душа обдарена со интелегенција, ...туку исто така се соединил ... Со човековата ипостае поврзувајќи се со секој што искрено верува во заедништвото со Неговото Свето Тело, и бидејќи Тој станал едно тело со нас“ (Ефес. 3,6), нѐ направил храм на неделивото Божество, зашто во вистинското тело Христово пребива телесно полнотата на Божеството (Кол. 2,9), зошто да не ги осветува оние коишто достојно се здружени со Божествената светлина на Неговото Тело, кое е во нас, осветувајќи ги нивните души, како што Тој ги осветувал телата на учениците на гората Тавор? На денот на Преображението, тоа Тело, извор на благодадтна светлина, се уште не било соединето со нашите тела; тоа ги осветувало однадвор оние коишто достојно Му пришле, и испраќало светлина во душата со посредство на телесните очи; но сега, таа светлина е поврзана со нас и постои во нас, тоа ја осветлува душата одвнатре“...

Оваа теолошка доктрина на св. Григориј Палама била и официјално верификувана на два последователни собори, кои се одржале во Константинопол во 1341г.; Варлаам бил осуден и тој ја напуштил Византија и се засолнил во Италија.

Во 1347 г. Св. Григориј Палама е избран за Архиепископ на Солун. Се упокоил на 14 ноември 1359 г.

Во 1368 г. Со одлука на синодот во Константинопол, под водство на патријархот Филотеј, Григориј Палама е прогласен за светец, а неговите мошти и денес се во соборниот храм во Солун и пред нив се поклонуваат илјадници православни верници дневно.

Денес, драги браќа и сестри, Му благодариме на Бога што ни посведочи за уште едно големо молитвено кандило пред Него, еден светител кој е од нашиот македонски род.

Свети Агатангел Битолски е македонски маченик заради Христа и пострадал во 1727 г. Од раката на османлиските поробувачи на македонската земја и народ. Имено, тиранијата на османлиите била добро позната на нашиот поробен народ и во одредени историски периоди станувала вистински неподнослива. За време на исламското празнување на нивниот празник  Бајрам, Турците неконтролирано се изживувале врз христијаните, принудувајќи ги да се преобратат во исламска вера. Овие ѕверства поголемиот дел од народот не можел да ги издржи и многумина потклекнувале, за да го зачуваат својот гол живот го примале исламот. Потикнат и огорчен од овие настани , Божјиот угодник Агатангел се одважил и влегол во османлискиот сарај и со Божја помош премудро ги изобличил насилните постапки на властодржците. Овој негов подвил вродил со плод и властите со писмен указ го забраниле насилното исламизирање на христијаните, особено за време на Бајрамските празнувања.

Сепак, и покрај големата смелост и победа на св. Агатангел, иако тој не пострадал додека бил во сарајот, по Божја милост и промисла, за да биде овенчан со небесен венец од Христа Бога, светителот го положил животот за Христа.

Тој бил нападнат и претепан до смрт од неколку гневни и разбеснети агарјани. Тие безумници, убивајќи го светиот, му подарија вечен живот во Христа. Се исполнија зборовите на светителот: „Секој што ќе ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и јас него пред Мојот Отец Небесен, а кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојто Отец Небесен“ (Мт. 29,33).

Главата на овој наш молитвеник пред Бога денес се наоѓа во манастирот „Свети Јован Бигорски“.

Свети Агатангеле, моли го Христа Бога за нас грешните.

Ваше Високопреосвештенство,

Денес кога го чествуваме споменот за Светиот Агатангел Битолски, од името на свештенството и верниот народ од нашата Повардарска епархија, топло и молитвено Ви го честитаме именденот со желби за долг и уште поплодотворен архипастирски живот и мисија. Верниот народ од Велес и од целото Повардарие Ве препозна како движечка сила во духовниот живот на довереното Ви патство. Вашите заложби за прогрес во секој домен од црковното живеење се повеќе од евидентни. Се градат и обновуваат цркви, манастири и манастирски конаци во целата епархија. Црковно-просветната дејност веќе ги дава плодовите од евангелското семе кое меѓу другото се расеа и преку печатениот медиум. Хуманитарната дејност преку црковните кујни стана радосно итање кон благословениот топол оброк на најзагрозените наши браќа и сестри во оваа социо-економска криза.

Застанавте, буквално во првиот ред на најголемиот протест на велешани против рестартирањето на Топилницата и со тоа дадовте одлучна духовна сила на сите велешани, во заложбите за поздраво и подобро утре, за здравје на нашите деца и поколенија.

Во нашата епархија расте потребата од духовни пастири, па така се ракополагаат ѓакони и свештеници за мисија во нашата Света Македонска православна црква. Не заборавате да нѐ потсетите и поправите кога нешто грешиме, но не заборавате и да ги наградите заслужните.

Го молиме Бога, преку Вас, како наш духовен архипастир, во годините што ги одредил пред нас, преку застапништвото на Пресвета Богородица, на нашиот застапник св. Вмч. Пантелејмон, на св. Агатангел Битолски, за кого денес чествуваме и за сите светии, да нѐ зачува во добро и посветено да дејствуваме за Словото на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови, Амин!

Честит именден Високопреосветен Владико свет и на Многаја лета!

 

Протоереј Ристе Јанушев

Повардарска епархија


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная