логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Репортажа

Историјата на Киево-Печерската Лавра започнува готово пред 1000 години. Полн со чудесни и драматични случувања, прославуван низ имиња на мноштво светители, животот на Лаврата го има својот зародиш во пештерите. Пештерите на Лаврата, кои се темел на древниот манастир, и до денешниот ден го чуваат непроценливото духовно богатство. (слика 2 или 2а)
Во пештерите на Лаврата, осветени со молитвите на преподобните, чии што свети мошти таму почиваат, во тек на овие илијада години поминало неброено мноштво поклоници. Денес, како и порано, во пештерите е полумрак. Во ходниците, келиите и храмовите се наоѓаат гробници со моштите на светиите, во чија нетленост може секој да се увери на очиглед. Тие, како и сите смртници, го пречекорија прагот на вечноста, но нивните тела и после стотици години останаа нетлени, точат благопријатен мирис, даваат исцелување и ја сведочат семоќната милост Божја. Нетленоста на светите мошти ја потврдува вистинитоста на крсната победа над смртта на нашиот Господ Исус Христос. Овде, покрај моштите на преподобните, срцето на секој човек наоѓа надеж за ‘подбриот дел’ после смртта, надеж што може да биде исполнета со неземна радост и спокој.
Како ние, современите луѓе, што сме родени и воспитани во атеистичко време, да го разбереме животот поминат во мугрите на пештерите, во солзите на покајание, во пост и во непрестајна молитва за сиот свет? Да се обратиме кон сведоштвото на очевидците на подвижничкиот живот на Печерските монаси и кон чудата што Господ ги пројави низ нив, заради укрепување во верата и решителноста во подвизите на оние што се подвизувале тука во дамнешни времиња, и на оние што денес бараат спасение. (слика 29)

***

Историјата на најголемиот манастир во Русија почнува од мала двометарска пештера, ископана во шума блиску до селото Берестово, недалеку од Киев. Во оваа пештера во 11 век се осамувал, заради подвигот на молитвата, презвитерот на црквата на светите Апостоли, Иларион – идниот митрополит Киевски. Кнез Јарослав Мудри, познавајќи го неговиот подвижнички живот, прибегнуваше кон неговата помош во решавањето на државни и црковни прашања. Бидејќи Иларион беше богат во христијанските добродетели и духовните дарови, истакнат историчар и проповедник, кезот Јарослав сакаше тој Русин да биде возведен во митрополитски чин. Така, во 1051 година Иларион беше поставен за митрополит, и оставајќи го своето молитвено осамување ја возглави Црквата, со која фактички и управуваше. Но, бидејќи Константинопол беше против самостојноста на Руската Црква, веќе во 1054 година Иларион беше принуден да ја напушти митрополитската катедра.

***

Пештерата, во којашто претходно се подвизуваше преподобниот Иларион, ја насели преподобен Антониј, основоположник на руското монаштво.
Откако младиот Антипа (така во светот се викаше преподобниот Антониј) слушна за подвижниците на Византија, од која Русија го прими христијанството, се разгоре со желба да ги види светињите од Исток. Престојувајќи во Константинопол, рускиот поклоник веројатно ја посетил познатата Студитска обител, чијшто типик се наоѓа во основа на типикот на Печерскиот манастир. Меѓутоа, поради бучен и немирен живот на престолнината, Антипа го напушти градот. Барајќи осамено место за молитва дојде на Света Гора Атонска – градината на Пресвета Богордица. Пресвета Богородица ја посети Света Гора за време на Својот земен живот, ја благослови ветувајќи им Свое покровителство на сите што живеат таму, до крајот на векот.
На Света Гора Атонска, полуостровот населен со монаси уште во 7. век, Антипа најде не само осаменост, туку и духовно раководство, поради кое и тргна на толку далечен пат. Се подвизуваше во манастирот Есфигмен, каде што наскоро беше замонашен со име Антониј, во чест на еден од столбовите на Православната Црква, основоположникот на монашкиот живот, преподобниот Антониј Велики. (слика 3)
Но, во 1051 година, според Божјата промисла Антониј се врати во својата татковина, Киевска Русија. Игуменот Теоктис, кој го замонаши Антониј, добивајќи откровение од Господ, го благослови Антониј да се врати во Русија, велејќи му: „Антониј, оди пак во Русија, Бог така сака...“. Тој воедно претскажа дека од него ќе произлезе мноштво монаси. Така, преподобниот Антониј, стекнувајќи духовен опит во градината на Пресвета Богородица, постави темел на духовното подвижништво на Печерската обител.
Обиколувајќи ги киевските манастири, основани од Грците, и не наоѓајќи во нив вистински монашки дух, преподобниот претпочиташе да се осами во пештерата којашто претходно за молитва ја избра митрополитот Иларион. Наскоро, духовниот подвиг на преподобниот Антониј почна да ги привлекува кон неговата пештера киевсаката елита и обичните граѓани кои доаѓаа при него да земаат благослов и да добијат духовен совет. Првите следбеници на преподобниот Антониј се подвизуваа во Варјажската пештера, која во старите времиња беше посебен пештерски комплекс што подоцна влезе во составот на Далечните пештери. Научниците претпоставуваат дека во таа пештера и пред покрстувањето на Русија живееле христијански подвижници, скривајќи се од езичниците. До денешниот ден Варјажската пештера не беше подвгрната на реконструкција и е сочувана во нејзиниот првобитен изглед. (слика 1 или 1а)
Со текот на времето пештерите не еднаш се преуредувани. Братството се зголемуваше брзо и беше потребно да се изградат нови пештерски келии. Висината и формата на сводовите, димензиите на подземните ходници, келии и цркви беа рационално осмислени – пропорционално со димензиите на човечкото тело.
Кога бројот на монасите достигна до 12, во Иларионовата пештера почна да се формира пештерски манастир. Монасите што доаѓаа кај преподобниот Антониј сами си копаа келии, соединувајќи ги со долги ходници. Таму е изградена и подземна црква на Благовештение на Пресвета Богородица.
Наскоро пештерата стана премногу населена за преподобниот Антониј кој бараше осаменост. Во 1061 година тој за игумен на монасите им го постави Варлаам (прв Киево-Печерски игумен) и се оддалечи на соседниот рид каде за себеси ископа нова келија. Така е ставен темел на Блиските пештери. Откако и овде, покрај преподобниот Антониј, се собраа монаси, оформени се два комплекса на подземниот манастир и се наречени Далечни и Блиски пештери. (слика 27 и слика 10)
Преподобниот Антониј, заради смирение, не прими ниту свештенички, ниту игуменски чин, но не престана да им биде духовен отец и раководител на монасите. По неговите молитви во срцата на монасите слегуваше божествената благодат, укрепувајќи ги во верата и во подвижничкиот живот, полн со страдања и со неискажлива радост. Немаше таква добродетел што тие не ја стекнале, и немаше таква страст што не беше победена со силата на божествената благодат. Ги нарекуваа ангели во тело. Животот на пештерските монаси поминуваше во непрестајна молитва, строг пост, во тихување, во борба со немоќта на телото, со страстите и со ѓаволот. Возљубувајќи Го Бог и сакајќи во Него да го задобијат вечниот живот, монасите се откажуваа од убавината на светот и буквално се погребуваа во пештерите. Под покривот на земјата тие наоѓаа тишина и осаменост кои се неопходни за духовниот подвиг. Во пештерите овие подвижници не бараа ништо освен Бог, молејќи се за спасение на светот кој лежи во грев.

***

Околу 1062 г. кнез Изјаслав Јарославич го назначи преподобниот Варлаам за игумен на новооснованиот Димитриевски манастир. А наместо него за Печерски игумен едногласно од монасите беше избран преподобен Теодосиј, кој како момче дојде во пештерата кај преподобниот Антониј. Тој беше потстрижен за монах во чест на Теодосиј, архимандрит Ерусалимски. Одејќи по стапките на својот небесен покровител, основателот на палестинското монашко општежитие, преподобниот Теодосиј Печерски стана настојател на првиот општежителен манастир во Русија. (слика 8)
За да го организира животот во својот манастир, преподобниот Теодосиј од Константинопол го побара типикот на Студитската обител. Во исто време во Киев беше дојден митрополит Георгиј со еден монах од Студитскиот манастир, Михаил, кој на Теодосиј му даде уште една копија на типикот. Врз основ на овие копии беше составен типикот на Печерскиот манастир, а кој подоцна беше прифатен во сите руски манастири.
 Од тогаш, според двата начина на монашкиот живот, според преподобните Антониј и Теодосиј, во Русија постојат - отшелништво во пештерите, што е особено тежок подвиг, и монашко општежитие, каде што монасите се подвизуваат во трпение, смирение, послушание, братска љубов и строго исполнување на манастирскиот типик.
Пред крајот на 11 век, кога бројот на монасите беше значитело зголемен, почна да се гради и манастир над земја. Така, монасите на Печерскиот манастир се преселија на територијата на денешната Горна Лавра. Во ‘стариот’ манастир остана незначителен дел од братството. А пештерите се користени како место за молитвено тихување и за погребување на монасите.
Чинот на погребение во пештерите постои и во Студитскиот типик. Тој сосема се разликува од вообичаениот чин на христијанското погребение: на починатиот му се измиваат само откриените делови на телото, му се ставаат рацете на градите, му се покрива лицето, а потоа починатиот го положуваат на даска и го ставаат во специално ископана локула. Од страна на пештерскиот ходник локулата се затвора со икона или се заѕидува. По три години останките се откопуваат: черепите и коските се ставаат одделно во костурница. Во пештерската обител телата на многу подвижници се пронајдени нераспаднати. Во тој случај моштите остануваат во локулите. (слика 14, 15)
Господ ги чува нетлени телата на праведните не заради земната слава. Одбегнувајќи ги почестите на овој свет, тие вистинската слава ја стекнаа во Царството Небесно. Чудо на нетлението е пројавено заради нас, кои се наоѓаме на патот кон вечноста, и ни е потребна поткрепа во верата и духовна утеха. (слика 16)

Во Блиските пештери се наоѓаат моштите на преподобниот Антониј, па така тие се нарекуваат и Антониеви пештери. Далечните пештери се нарекуваат и Теодосиеви пештери, бидејќи во нив некогаш почиваа моштите на преподобниот Теодосиј. Пренесени во Успенската соборна црква во 1091 година, таму почиваа до 1240 година. За време на нападите на Бату хан, неговите мошти се сокриени за да се сочуваат од осквернување. Денес не е познато каде се наоѓаат. Во 2000 година пронајден е капак од сандакот во кој некогаш почиваа моштите на преподобниот.
И во Далечните и во Блиските пештери се наоѓаат по три цркви. Најстарата пештерска црква е онаа на Благовештение во Далечните пештери. (слика 13 горе)
Во 12 век, најпрво во Киевските земји, а подоцна и по цела Киевска митрополија, почнаа да се почитуваат печерските угодници Божји. Раскази за нивните подвизи и чуда прво се пренесувани усно, а потоа се запишувани од преподобен Нестор Летописец. Еве што тој, како учесник, пишува за наоѓањето на моштите на преподобниот Теодосиј Печерски: Ќе ви раскажам една вистина што не ја чув од други, туку самиот присуствував на лице место. Дојдов еднаш кај игуменот, а тој ми вели: „Да појдеме, чедо, кај преподобниот отец наш Теодосиј“. И ние, без некој да знае, дојдовме во пештерата; погледнувајќи наоколу направивме знак каде да се копа и отидовме... Касно навечер земав со мене двајца монаси, добродетелни, и никој друг не знаеше за ова. Кога дојдовме во пештерата се помоливме, направивме поклони пеејќи псалми и почнавме да копаме. Јас почнав да копам, и откако многу се потрудив го предадов копачот на другиот брат. Копавме до полноќ и не можевме да ги најдеме чесните мошти на преподобниот. Почнавме многу да тагуваме и да пролеваме солзи... Тогаш повторно го земав копачот и почнав поревносно да копам. Еден од монасите што беа со мене стоеше надвор пред пештерата. Кога го слушна црковното клепало, што повикуваше на Утрена, повика кон мене дека веќе удрија во клепалото... А јас, пак, кога се докопав до гробот, почувствував силен страв, па почнав на повикувам: „Господи, помилуј ме по молитвите на преподобниот Теодосиј“. Потоа порачав да му кажат на игуменот: „Дојди, отец, да ги изнесеме чесните мошти на преподобниот“. И дојде игуменот со уште двајца монаси, а јас ископав уште подлабоко. Наведнувајќи се, ги здогледавме неговите мошти, кои лежеа достоинствено. Сите членови му беа цели и недопрени од распадливоста, лицето светло, очите затворени, усните споени, косата залепена за главата. Положувајќи ги на одар тие чесни и свети мошти, ги изнесовме од пештерата...
Таа ноќ во светата Печерска обител бдееа двајца монаси, чекајќи игуменот со неколкуте монаси тајно да ги пренесе чесните мошти на преподобниот, и постојано ја набљудуваа пештерата. И тогаш, кога се разнесе звукот на клепалото што повикуваше на Утрената, тие видоа три светли столба што стоеја над пештерата на преподобниот Теодосиј и преминаа на врвот од големата црква, во којашто требаше да го пренесат преподобниот. Ова го видоа и другите монаси одејќи на Утрената во таа црква... (слика 30)
 Така, веќе во 1108 година општоцрковно е прославен преподобниот Теодосиј Печерски. 
Повеќе од педесетина печерски монаси беа почитувани во пределите на Киев. Прославувањето на светињите на Печерската обител и на нејзините подвижници се овенча во Печерскиот Патерик на почетокот од 13 век. Во тоа време во Русија уште немаше некои општоприфатени правила за вбројување кон светителите, така што почитувањето на праведните се темелеше врз наоѓање на нетлени мошти, чудата поврзани со нив и врз народното признание.
Во 1240 година ордите на Бату хан го разрушија Киев, а заедно со него и Киево-Печерскиот манастир. Во тоа време во самиот Киев и во неговата околија имаше уште неколку пештерски обители. Готово сите тие пострадаа од напади на тие натрапници и наскоро престанаа да постојат.
Околу 150 години Печерскиот манастир беше запуштен. Од втората половина на 14 век, кога Киев беше под власт на Литовските кнезови, Печерската обител почна да се возобновува. Тогаш почнува да се препишува и распространува Печерскиот Патерик, после што од цела Русија почнаа да доаѓаат поклоници во Киев.
 
***

Поклонички патувања во Киево-Печерската Лавра не беа секогаш безопасни. Дури од 17 век, кога престанаа налети на натрапниците и притисоци од страна на унијатите, поклоничките патувања кон светињите на Киев станаа повозможни и посигурни. Тогаш, кога се зацврсти позицијата на Православната Црква во Украина, стана неопходно и официјално да се канонизираат Печерските светители. Во 1643 година е составен Канон на Печерските светители . Во 1762 година Руската Црква ги призна Печерските светители како општоруски. Во втората половина на 18 век заврши канонизацијата на соборот на Печерските светители, кој вклучува 45 преподобни, што почиваат во Далечните пештери, и 73 што почиваат во Блиските.
Заради зголемен број на поклоници се појави потреба пештерите делумно да се реконструираат. Кривуличавите подземни ходници се проширени, а ѕидовите и сводовите потпрени со ѕидан камен, со што тие станаа побезопасни и попроодни. За време на свети Петар Могила моштите на преподобните почнаа да се преместуваат од локулите во сандаци, поставени во пештерските аркосолии што се специјално издлабени заради подобар приод на поклониците.
Во 19 век, според одлуката на Духовниот Собор на Лаврата, телата на преподобните се поставени на едно ниво во сандаци од кипарис, даб и липа. Над секој сандак се наоѓаше икона на починатиот. Повеќето икони се сочувани до денес.
 Моштите од некои преподобни во различно време се пренесени во Блиските пештери и на други места.
 (слика 32, слика 33) Во 20 век, заедно со археолошките истражувања на Блиските и Далечните пештери, се проучуваа и нивните картографски прикази. Овие истражувања се спроведуваа во годините на советската власт, кога Киево-Печерската Лавра не функционираше како манастир, туку како ‘гратче музеј’ кој стана центар на атеистичката пропаганда. Археолошките ископувања имаа не само научна, туку и антирелигиозна пропагандна насоченост. Имено, сите научници се обидуваа да дојдат до вистинските причини за нетленоста на моштите. Со таа цел, во текот на 20. век, најмалку четири пати се повторувани разни испитувања. Резултатите покажаа дека температурата во пештерите, којашто се движи од 7 до 9 степени, и влажноста на воздухот од 79-99% воопшто не се погодните услови во коишто може да се сочува каква било органска материја. На тој начин, наспроти претходната ‘музејска’ верзија дека моштите се сочувани благодарение на соодветната температура и балзамирањето, научниците дојдоа до заклучок дека останките на светиите, коишто се стари и неколку стотици години, не се распаднаа и се сочувани без балзамирање на зачудувачки и за науката необјаснив начин. 
 Во 1988 г. во чест на 1000 годишнина од покрстувањето на Русија, руската Влада донесе одлука на Црквата да ѝ се врати долната територија на Киево-Печерската Лавра. Тогаш во пештерите се возобнови литургискиот живот. Денес, како и пред 1000 години, таму се совршуваат древни богослужби и се пее на начин на кој пееле преподобните отци Печерски.
 (слика 12, слика 35) Наспроти влезот во црквата на Рождество Христово, од другата страна на ходникот, се наоѓа длабока ниша, каде во стаклени и метални садови се чуваат мироточиви глави, за коишто не е познато точно чии се. Тие се суви и непокриени со кожа и точат, на натприроден начин, елеј, или миро, коешто има сила да ги исцелува болестите на секого кој со вера ќе пријде и ќе се помаже со тоа миро. Уште од старо време почна да се изучува ова чудо. Главите мироточат повремено и не сите наеднаш, а составот на нивното миро е различен. Со текот на времето се заборавени имињата на светиите чиишто глави се наоѓаат во пештерите. Познато е дека една од нив му припаѓа на свештеномаченикот Климент папа Римски. Тој беше ученик на свети апостол Петар, а трет по ред Римски епископ, пратен во прогонство каде што мноштво луѓе обрати во христијанската вера. Со тоа навлече врз себеси уште поголем гнев на гонителите и беше удавен во Црното море. Неговите мошти се пронајдени од свети Кирил и Методиј Рамноапостолни.
 Во советското време мироточивите глави престанаа да мироточат. Дури после повторното заживување на манастирот главите почнаа одново да мироточат. Хемиската анализа на мирото, спроведена во Институтот за биохемија на Киевскиот универзитет во 1988 година, покажа дека во мирото постои висока содржина на белковини, што е карактеристично само за живи организми. Феноменот на мироточивите глави научниците не можат да го објаснат. А за нас, верните, тоа е чудо и дејство на Божјата благодат. 
 Секој ден во црквата на преподобниот Теодосиј Печерски во далечните пештери се совршуваат Молебни после коишто присутните се помажуваат со мирото од мироточивите глави.  (слика 34)  
Преподобни отци Печерски, молете Го Бога за нас!

Извор: Премин



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная