логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

vera.metodij1.jpg

Црквата „Света Софија" во село Издеглавје е дело на жителот Насте Димоски, роден во селото Издеглавје, Охридско, на 9 септември 1956 година, каде што завршил основно образование. Татко му Лазар Димоски се родил во Издеглавје. Во недовршената трпезарија, пред црквата, Насте Димоски ја започнува историјата околу градбата:
„Мојата мајка Костадинка беше неписмена жена, како и татко ми, но се сеќавам, кога одеше в црква, долго пред тоа се променуваше и стокмена влегуваше таму. Ги славеа сите христијански празници. Јас бев многу наклонет кон мајка ми и бев воспитуван според нејзините совети. Исто така, ми остана во сеќавање нејзиното често раскажување на следниов настан. Млади деца од селото Врбјани украле од црквата икони и кога се вратиле дома се треселе силно. Подоцна почувствував желба да ја изградам црквата „Света Софија" во Издеглавје, на местото наречено Старо Село, кое порано го нарекле Зглавница, според кој назив дошло името на нашето село Издеглавје. Црквата е изградена меѓу местата Каљко и Бабница. Од чардакот на конакот од црквата се распростира широка панорама на месностаЧртој ца. Во пролетните и летните денови намерникот може да ужива во раззеленетата природа. Црквата ја започнав во 2001 година, по иницијатива на мојата фамилија, а пред се моја. Пред да започнам сонував ваков сон: Се најдов на ова место меѓу Ѓупци, беа и мажи и жени. Тие ме фаќаа за алиштата и заедно ме креваа кон небото, а кога ќе достигнеа највисоко ме спуштаа да паѓам сам. Кога ќе паднев на 10 метри од земјата, ме дочекуваа, ме фаќаа и полека ме спуштаа долу. И кога ме спуштија ми рекоа:„Дали го гледаш ова место овде?" И тогаш ми го покажуваа токму местото каде што денес е изградена црквата. Потоа велеа: „Овде постоеше најстарата црква на светот — „Света Софија". Сакаме овде да изградиш црква,, "Света Софија". Јас им одговарав:"Јас сум сиромав човек, немам толку пари!" Еден од Гупците ме потчукна со десната рака по рамениците и ми рече:„Ние ќе ти помагаме!"
На местово од црквата имаше голем даб, со пречник 50 см. Пред него местото беше рамно. Немаше трага од стара црква. Моите домашни не беа воодушевени од сонот и не ми даваа да градам. Но, еден ден јас и син ми претрпевме сообраќајка, се преврте нашиот камион со песок. А токму тогаш мојот комшија сонувал ваков сон:" Околу мојата куќа видел 200 луѓе, сите непознати. Жена му на комшијатаНикола му рекла:„Насте треба да гради црква, а жена му знае каде треба да се гради црквата, но се прави како да не знае!" Кога се разбудил комшијата 6 го раскажал сонот на жена сииќ рекол: „Ноќеска сонив сон за Насте а жена му се прави како да не знае за црквата. Ти да донесеш црвена австралиска шамија за црквата!" Жената на комшијата, Гордана, веднаш отишла кај мојата сопруга Елена и ќ рекла:„Гордано, треба црква да градите, а само ти знаеш каде." Елена одговорила:„Не знам ништо!" По дваесет минути ќ стигнал аберот за сообраќајката. Кога ги виде живи мажот и синот, веднаш извика:„Ќе градиме црква!" А јас ќ реков :„Не треба никој да ми помага, сам ќе градам."
Другиот ден дојдов на местото од црквава. Застанав спрема исток, се прекрстив, му се помолив на Господа, и реков:„Е златен Господе, ако најдам нишан на црква, ќе градам црква." Имав казма и лопата. Кога замавнав со казмата на местото од црквата слушнав чудни звуци, како да удрив на месинг. Тогаш открив камена плоча од бигор, 50:50 см. Беше дебела 20 см. Кога ја кренав со казмата се откри ѕид. Најдов знак, ја вратив плочата и закопав. Кога почнав да ја градам црквата плочата исчезна. Добив дозвола за градба од Месната заедница на Издеглавје и од Митрополијата во Охрид. Владиката Стефан со свештениците ги освети темелите во 2001 година. Во темелите закопавме шише со масло и документите со одобрувањата. Еден доцумент беше потпишан и од Киро Глигоров. Во 2005 година завршената црква ја осветиј а свештеници од Охридската митрополија. Славата на црквата е на денот на света Софија, 30 септември. Мојата фамилија подготвува ручек и еве и вие оваа 2007 година сте присутни на тој ден и имате можност да видите како го славиме денот.
Најблиските роднини ми помогнаа околу градбата, посебно за расчистувањето на планинскиот пат до црквата. Покрај оваа моја историја ќе ви раскажам и за брат ми Ванко Димоски. И тој не е богат, но на сон се видел крај црквата „Свети Никола" (која се наоѓа на 50 метри под црквата „Света Софија") и забележал до него човек. Брат ми го запрашал: „Што правиш тука?" А човекот му одговорил: „Еве, бре синко, ми падна куќата и нема кој да ми ја направи. Брат ми му рекол: „Дедо, ако заминам во туѓина, јас ќе ти ја направам куќата!" Стариот му рекол:„Ајде биро да видам што ќе напрајш!" Брат ми навистина замина за Австрија на работа и кога се врати веднаш го подигна новиот кров на старата црква „Свети Никола". Постави и нови ќерамиди. И за денот на Свети Никола служиме и во таа црква.
На 50 метри од црквата „Света Софоија" кон исток се наоѓа манастир со конак, кој не е реставриран, но овдешното население знае дека манастирот е многу стар и голем. Интересно е само што не му го знаеме името. Исто така, од црквата „Света Софија" кон север , во местото наречено Бабница се наоѓа стара разрушена црква, каде што се најдени стари пари, но не ќ го знаеме името."
Во црквата „Света Софија" со нас е издеглавјанинот Перо Стојановски, познат ловец во селото, родум од истото село. Ги знае сите околни места. Неговата ќерка Татјана, како ученичка, сонувала сон:„ Видела црква на патот кон Издеглавје, на местото наречено Васко. И Перо раскажува: „Јас лично, со Миле Милески, според сонот на ќерката, отидов на местото и најдов даб, а под него срушени остатоци од тули и тоа од олтарниот дел од црквата. Јас оставив пари, потоа ќерка ми не го сонуваше истиот сон."
Во селото Издеглавје, кај селските гробишта, постои нова градба на црквата „Свети Димитрија". Старата црква била срушена и на нејзино местото целото село изградило нова црква. И старата црква била изградена на уште постари темели.
vera.metodij2.jpgСпоред кажувањата на старите жители од селото во Издеглавје некогаш имало многу цркви и манастири, околу 18-26. Постои предание дека во Бабница доаѓал да се одмора свети Климент. На тоа место има остатоци од манастир, ѕидовите се здрави, но нема кров. Црквата била изградена во една  длабнатина  и  била многу ниска. Со ова кажување е поврзано и распространетото верување дека со изградбата на пругата во Старо Село, била затворена и една пештера, кај Зглавница, до гробиштата, која води во големи подземни недогледни тунели. Кога наездата од Турците се засилила населението од Издеглавје се скрило во таа пештера. Tурскиот аскер поминал. Еден војник од аскерот, кој бил тешко ранет пешачел последен. Кога аскерот заминал една девојка од пештерата запеала, од радост дека Турците ја одминале пештерата. Но војникот, кој одвај одел назад, ја слушнал песната. Тој ја стигнал војската во селото Сливово, три киломери од пештерата. Ги известил старешините за случајот. Турската војска се вратила назад и ги испоклала сите издеглавјани скриени во пештерата.
Насте Димоски, по разговорите со жителите од Издеглавје, продолжува:„Една ноќ, пак, сонував сон: на 150 метри од црквата „Света Софија", кон исток, видов мала црква. Влезот гледаше кон југ. Се појави еден човек и ми рече:„Оваа црква е од Свети Спас". Потоа се појави една жена во селска облека и ми рече: "Во стари времиња овде течела вода. Таа била многу лековита, ја викале вода на Света Недела. Бездетните жени од неа зачнувале." И Насте продолжува:„Имам намера уште таа црква да ја изградам и Господ да ми поможи да ја откријам лековитата вода, да види добро народот."
„Кога ги градев столбовите на црквата „Света Софија" и кога почнав внатре да ѕидам, на влезот од јужната страна се појави сенка од човек. Јас слегов од скелетон, излегов надвор и видов човек во попски алишта, со жолта брада. Беше висок и крупен.. Тргна кон надворешната страна од олтарот, кон исток. Но како што заминуваше стануваше се помал и понатаму одејќи наполно исчезна. Јас тогаш не се исплашив, веднаш знаев дека е светец."

Снимено во трпезаријата од црквата
„Света Софија" во Издеглавје, на
17 август 2007 година.

 Извор: книга „По стапките на христијанството во Македонија“

Издавач: МАКЕДОНСКА ИСКРА

{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7713
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная