Глуво доба
Умор ли натежна
На клепки разредени
Или одмор побарува
Око ненаситно.
Раце се спуштаат
Покрај тело разголено
Сега мисли не лутаат
Дома им е местото
Глуво доба врата затвора.
Чудна тишина
Се спушта на покривот
Шум доаѓа до ушна шуплина
Го прогонува немирот.
Само очи
Се упатиле во патека
Гледајќи од едно нешто – две,
Глуво доба не одминува.
Стражар сум во ноќта
На мојата колиба,
Стражар да бев барем
На мојата помисла,
Во тоа глуво доба.
Што да очекувам
Ајде кажи ми?
Дали чекори од самовили
Или ноќен ураган,
Дали часови со безброј мигови,
Или ракопис исчкртан во ова глуво доба.
Глуво е тоа за моите желби
Глуво за моите повици,
С# мирува
Глава не подигнува,
Кажуваат да помине дека мора
Ова глуво доба.
Затоа пак сеќавања навираат
Никако кормило да свртат,
Преживувам ден горина
Времето не ме навјаса
Во ова глуво доба.
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго:
18ти март 2018 лето Господово