Сонце
Од кога знам за себе
Секогаш те барав на небото
Ја прифатив и замената
Во ноките да биде луната
Различни беа моите потреби
Затоа тагував при нашите разделби
Постојано ми требаше твојата светлина
За да се смират моите немири
Не знаев дека сонцето кое го гледав
Е бледа сенка на Твојата светлина
Ниту помислував кога трепкав
Дека така ке ги поминам моите премрежја
Ти ја гледаше бунтовноста млада
Која извираше од раната лудост
Но не замерува Оној кој дава
- Производ на Неговата премудрост.
Станував и паѓав од немаштија -
Производ на желби кои ме соголија,
Пораз по пораз се менуваа, кој ке ги изброи ?
Се додека Ти не победи
Ме приведе тивко
Од маглата густа
Ми одржа предавање јасно
За кое не се размислува гласно
И сега,
Ах Љубов луда,
Ах Трпение длабоко
Ах Смирение вечно непрестано
Ах Светлино тивка на невечерниот ден
Ах Слово Божјо кое ме трпи сеуште непоправен
Не се оддалечувај од мојата внатрешност
Прости и на мојата превртливост
Дозволи на крајот на патот
Каде ангелите ги подаваат своите раце –
И јас да видам Сонце.
Сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
11-ти јули 2018 лето Господово
Друго: