логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


(Обновено)

Долго време во себе носев желба да отидам на едно свето место за кое сум слушала и читала прекрасни работи. Едно место кое го осветиле моштите на голем Божји праведник, неуморен подвижник и голем чудотворец. Еден град, кого го возљубив заради прекрасниот Светител кој почива во него – Светиот Јован Шангајски. А Бог Кој гледа што е во нашите срца  и ги знае сите наши намери и скриени желби, повторно ја покажа својата неизмерна благодат кон мене. Со радост им кажував на моите пријатели – заминувам за Сан Франциско, кај Свети Јован Шангајски!
  ...Полека пристапувам кон прекрасниот Катедрален храм посветен на Пресветата Богомајка – „Радост на сите ожалостени“,

a.s.francisko.jpg      a.s.francisko1.jpg
       
кој како царски дворец се извишува кон синото небо. Се восхитувам на неговата убавина, но знам дека тој восхит ќе биде неспоредлив со оној што ќе го предизвика внатрешноста на овој храм – Светињата што почива во него. Прекрстувајќи се, влегувам, гледајќи го пред мене прекрасниот иконостас и трите олтари. И веднаш од мојата десна страна го гледам богато украсениот кивот. Се упатувам најпрво кон иконите на Спасителот  и Богомајката, молејќи Ги да ми помогнат достојно да му се поклонам на Светиот чудотворец. И доаѓа тој долгоочекуван миг, кога со стравопочит и восхит се приближувам до светиот кивот. Во себе ги изговарам зборовите што ги гледам напишани на него –Те величаме Светителу, оче Јоване...! Во храмот сеуште нема никој, Светата Литургија сеуште не е започната, па можам полека да направам онолку земни поклони колку што бара мојата душа, без да се грижам дека зад мене некој чека. Откако се поклонувам, пристапувам сосема блиску до светиот кивот и погледнувам во Светителот. Не постојат зборови кои би можеле да ги опишат моите чувства во тој миг – восхит, радост, стравопочит, воодушевување.... И на крај сите тие се преточуваат во БЛАГОДАРНОСТ – благодарност кон Бога што ме удостои да бидам тука; благодарност што во денешни времиња ни подарил на дофат таква Светиња нам, недостојните. Го целивам покриеното со стакло нетлено тело на  Светителот кое совршено ги поткрепува зборовите изречени во Светото писмо : „Прекрасен е Бог во Светиите Свои!“ и чувствувам голем мир и благодат. Знаејќи ја големата молитвена и исцелителна моќ на Светителот до кого стојам, ги принесувам моите молитви кон него, обидувајќи се да се сетам на сите роднини и пријатели,  на сите кои ме беа замолиле да ги спомнам, како и оние за кои знаев дека им е потребна помош, за да им помогне Светиот Божји угодник. 

a.s.francisko2.jpg

На крај, повторно со стравопочит се поклонувам и застанувајќи отстрана до кивотот, го очекувам почетокот на Светата Литургија.

...Во Сан Франциско останав неколку дена во текот на кои имав прилика да посетувам Богослужби секој ден – навечер имаше Вечерни и утрени Богослужби, (во Саботата спроти недела Бдение), а наутро часови и Света Литургија. Гледав секогаш на Богослужбите  да стојам  блиску до Светителот, така чувствував посебна благодат и духовна радост. Исто, на левата страна од храмот имаше честици од моштите на голем број други Светители, па понекогаш се молев и покрај овие Светињи. Храмот навистина беше преполн со благодат. 

a.s.francisko3.jpg

Крај моштите на Св.Јован редовно се одржуваа Молебени по барање на верниците, кои заедно со Свештениците еднодушно му пееа на Светителот: „Моли Бога о нас, Свјатитељу оче Иоане...“. И јас бев удостоена да земам учество во неколку такви Молебени при што беа прочитани од Свештениците сите имиња што ги принесов за здравје и исцеление.

Инаку, бев среќна да разберам и дека под Катедралата постои уште едно свето место – мала црквичка во која сеуште се Богослужи, а каде што претходно почивале моштите на Св.Јован, пред да бидат пренесени во катедралата во 1994 година. Таму сеуште стои ковчегот во кој почивал Светителот. Кога отидов, немаше никој и повторно можев во мир да се помолам. Над ковчегот беше поставена митрата на Светиот владика, која со почит ја целивав.

a.s.francisko4.jpg

a.s.francisko5.jpg
    Местото ширеше неизмерно голема благодат и спокој. Исто, пред влезот од оваа црквичка имаше прекрасни икончиња, брошури и слики од свети Јован. Купив повеќе од нив и подоцна ги допрев на моштите од Светителот молејќи се да им помогне на сите на кои планирав да им ги поклонам.

Уште едно свето место кое одејќи во Сан Франциско имав за цел да го посетам беше Манастирската Црквичка Св.Тихон, која е недалеку од Катедралата и во која се наоѓа келијата во која живеел и се подвизувал Светиот Јован! 

a.s.francisko6.jpg

Имав слушано дека јеромонахот (сега Архимандрит) о.Теодосиј кој живее таму обично е премногу зафатен и не секогаш има време да прима посетители, но се надевав во Господа дека ќе успеам да отидам и во ова свето место. И слава Му на Бога, не само што отидов, туку отецот имаше доволно време да ме прими и се да ми покаже и поопширно објасни. Најпрво ми ја покажа црквичката и поединечно сите икони во неа, од кои многу имаа честици од моштите на Светителите насликани на нив (Св.Тихон, Св.Пантелејмон и многу други). Ми покажа и неколку икони кои претходно биле потполно темни, а со тек на време се беа чудесно осветлиле и можеа да се видат ликовите на нив. О.Теодосиј со восхит му го препишуваше тоа чудо на Господа.

    a.s.francisko7.jpg  a.s.francisko8.jpg

Потоа ми ги покажа останатите простории каде што видов многу предмети зачувани од времето кога тука живеел Светителот. Со нетрпение очекував да ја посетам  келијата на Св. Јован. Веднаш кога влегов во неа ја видов огромната икона на Светителот и пред неа поставената свеќа и вазна со свежи цвеќиња, а во непосредна близина – скромна жолта фотелја, која, како што претходно знаев, светителот не само што ја користел додека работел и творел, туку ја имал и место кревет. Всушност, тој и никогаш не спиел – само по малку се одмарал во неа. Таков голем подвижник бил Светиот Јован! 
  a.s.francisko9.jpg

a.s.francisko10.jpg

Отец Теодосиј ме охрабри слободно да разгледам се, покажувајќи ми ги книгите што Светителот ги користел, иконите на ѕидот како и оние  до и на работната маса кои сам Св.Јован ги беше поставил и на кои им се молел, слики на нему драги луѓе, неговите наочари, кадилникот... Потоа ја запали свеќата пред големата икона и ми даде Акатист посветен на Св.Јован ако сакам да го прочитам и во мир да се помолам додека тој не отиде да заврши некои обврски.

a.s.francisko11.jpg

 a.s.francisko12.jpg

a.s.francisko13.jpg

Околу половина час можев во мир да се молам, да ги разгледам и допрам предметите што Светителот ги користел, да седнам на фотелјата во која тој седел!(што му се препорачува на секој посетител, заради стекнување духовна благодат и помош од Светиот). Колкава духовна радост чувствував во овие мигови! Колку силно се чувствуваше присуството на Светителот и неговата благодат! Навистина не може да се опише!  Кога о.Теодосиј се врати, отслужи Молебен за мене во келијата на Св.Јован и заедно се помоливме за сите роднини, пријатели и браќа и сестри во Христа.

a.s.francisko14.jpg

На крај, отецот ми подари икончиња и медаљони со ликот на Светителот, како и неколку шишенца со свето масло кое постојано гори во кандилата поставени над нетлените мошти на Св.Јован. Маслото има чудотворна и исцелителна сила – ова мнозина го кажуваат а и јас го потврдувам! Само треба секој што се помазува да го прави тоа со вера и да не се откажува ако веднаш не добие помош. Понекогаш потребно е прво да се испита нашата вера. Но ако продолжи да се моли  и помазува верувајќи во помошта на Св.Јован, сигурно ќе добие исцеление (се разбира ако е тоа во согласност со светата Божја Волја).

a.s.francisko15.jpg

...Привршува Светата Литургија, а јас стојам крај светиот кивот и не можам да се наситам од благодатта која зрачи од него. Но, времето на мојот лет наближува и време е да се поклонам за последен пат на Светиот чудотворец. Знам дека ќе помине извесно време додека повторно не се укаже прилика да отидам во Сан Франциско, но, сепак, којзнае? Чудни се патиштата Господови. Заминувам, а со себе понесувам дел од  благодатта која изобилно извираше од светиот Јован. И знам дека имам еден голем молитвеник на моја страна, еден силен застапник кој се моли на Бога за мене и за целиот свет.

 

Корисни информации за оние што би сакале да се поклонат на моштите на Св.Јован Шангајски:

Адреса на Катедралниот храм каде што почиваат моштите:
Cathedral of the Mother of God “Joy of All Who Sorrow”
6210 Geary Blvd., San Francisco, CA 94121
Тел.број : 415/ 221 - 3255
Rector:
Archbishop Kyrill
(415) 386-0452

Clergy:
Archpriest Peter Perekrestov (415) 387-5164

Archpriest Sergei Kotar (415) 751-4623
Archdeacon Andronik (Taratuchin) (415) 387-7004

Protodeacon Nicholas Triantafillidis (650) 871-8624
Deacon Dimitri Jakimowicz (415) 387-3813
a.s.francisko16.jpg 
Оваа катедрална Црква навистина претставува не само руски, туку и сеправославен духовен центар лоциран на западниот брег на Америка, во прекрасниот Сан Франциско. Изградена од Светиот Јован Шангајски, а фрескописана од иконографот Кипријан од Џорданвил, Њујорк, оваа Црква има богат литургиски живот, три хорови кои воодушевуваат со нивното пеење, Православна Академија и Руска гимназија. Во овој Храм на Пресвета Богородица се имаат случено многу важни духовни настани, меѓу кои и прогласувањето за Светител на Св.Герман Аљаскински (чии мошти почиваат во Кодијак, Аљаска), и, секако, прогласувањето на Светиот Јован Шангајски за Светител во 1994 година.


При посетата на Катедралата, можете да ги замолите свештениците да ви одржат Молебен за здравје крај моштите на Светителот, при што треба да си подготвите ливче со правилните крстени имиња на сите оние за чие здравје и добросостојба сакате да се помолите.
Не заборавајте да ги замолите да ви дадат неколку шишенца свето масло кое е чудотворно и лековито, а се зема од кандилата што непрестано горат над светите мошти.
Кога ќе пристапите до Светиот кивот со моштите, побарајте го малечкото дрвено касиче за писма на верниците, вградено во резбаријата на кивотот,  кое има мал отвор и е наменето за оние кои сакаат подетално да му напишат на Светителот што ги мачи и каква помош им е потребна. Ако сакате пригответе си претходно писмо, добро свиткано за да може да влезе во малиот отвор и ставете го во сандачето, а Св.Јован ќе знае за неговата содржина и ќе помогне!


Посетете ја и Црковната Книжара
која се наоѓа веднаш до Катедралата и во која може да се најде огромен избор на книги, икони,  и други предмети со црковна намена. Прашајте за CD-то „Глас Светитеља“ (Гласот на Светителот), на кое се снимани проповеди што ги кажува самиот владика Св.Јован Шангајски!
Тел. Број: 415/ 668 - 5218

Адреса на Црквата Свети Тихон (каде што живеел Св.Јован)
St. Tichon of Zadonsk Church
598 15th Avenue (Crossing of Balboa and 15th Avenue),
 San Francisko, CA 94118
Тел.број: 415/ 221 – 0234
Игуман е архимандрит Теодосиј.

Книги кои ги препорачувам:
„Св. Јован Шангајски“ (Борис Бошковски) – прекрасна книга во која Бошковски, како еден од студентите на Св.Јован, детално го опишува неговиот престој во нашата Битола како и целиот негов животен пат, поткрепувајќи се на веродостојни информации.
“Man of God” –Saint John of Shanghai & San Francisco (A publication of the Western Diocese of the ROCOR)- Книга во која разни луѓе и духовни лица кои лично го познавале Светиот Јован (архиереи, свештеници, ѓакони, монаси) ги изложуваат нивните сеќавања за него, а која содржи и проповеди на Светителот, како и многубројни сведоштва за Неговата чудотворна сила – помошта и многуте исцеленија стекнати од него.
“Lantern of Grace” (Protopresbyter Valery Lukianov)  – Книга за Св.Јован која изобилува со прекрасни слики каде што јасно можат да се видат и нетлените мошти на Светителот.
                                                                                                   

Свети оче Јоване Шангајски, моли Го Бога за сите нас!
  
                                                                                                    С.Л.

Извор: http://www.mpc-svpetka.com/ (Духовни патеписи)

Посети:{moshits}

Друго:

1. Св.Јован Битолски, Шангајски и Архиепископ Сан-Франциски - Поука ...

2. Примери на чудесната помош, по молитвите на Свети Јован Кронштадски (16.12.2015)

 3. Св.Јован Шангајски- БЕСЕДА НА БОГОЈАВЛЕНИЕ ...

4. Св.Јован Шангајски- БДЕНИЕ ...

 6. Свето Богојавление на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос

7. ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (2)

8. Во посета на Сан Франциско – градот на Св. Јован Шангајски

 10. Молитвеник

13. Како се сведочат светителите (24.06.2013)

 19. Храмот на св. Јован Шангајски – „РАДОСТ НА СИТЕ ОЖАЛОСТЕНИ“ (3)

20. Храмот на св. Јован Шангајски – „РАДОСТ НА СИТЕ ОЖАЛОСТЕНИ“

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная