логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан

† СТЕФАН,
ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО
СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,
ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,
ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА –
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА



И Словото стана тело и се всели во нас,
полно со благодат и вистина;
и ние ја видовме Неговата слава,
слава како на Единороден од Отецот[1].



Возљубени чеда во Господа,
Денес, на овој спасоносен ден, ликуваат ангелите и светиите на небесата, а ние верните се радуваме на земјата. Ветениот Месија [2], за Кого пророците пророкувале и праведниците Го очекувале, Синот Божји, Кој вечно се раѓа од Отецот, се родил во времето [3]: слегол од небото на земјата придружен со песни на ангелите, дочекан од пастирите [4] и даруван од мудреците [5].
Во спомен на тој спасоносен настан, еве, по милоста Божја, и ние чествуваме молитвено и серадосно, славословејќи со благодарни служби и со несекојдневно духовно расположение. Денес Господ, заради нас луѓето, се понижил и го зел нашето тело, за да нè ослободи од ропството на гревот и смртта, за да ни дарува живот во вистината и радост која никој не може да ни ја одземе [6]. Денес милостивиот Бог, на човечкиот род повторно му ги отворил вратите на рајот, покажувајќи му го благословениот пат за обожување. Бог Отецот благоволил да Го испрати Својот возљубен Син, за да нè помири, нас создадените, со Себе – Беспочетниот, па преку тоа соединување да ни даде можност повторно да станеме учесници во Божјата природа [7]. Всушност, со воплотувањето и со рождеството на Синот Божји, на светот му се дарувани мир и сеопшта радост.
Сезнајниот Бог, согледувајќи ја немоќта на човекот сам да се спаси, Го испратил Својот Единороден Син – Новиот Адам, Кој поднел дури и крсна жртва за да го обнови и врати она што се изгубило со престапот на прататкото Адам. Ете, тоа Божјо човекољубие е причината што денес ликува сета вселена – славејќи го помирувањето меѓу Бога и човекот. Затоа Светата Црква, потсетувајќи се на спасоносниот настан, повикува: „Пријдете, Христоносни луѓе, да го видиме прекрасното чудо – кое го ужаснува секој разум и набожно воспевајќи го да се поклониме…“[8] – „Торжествувај Сионе, весели се Ерусалиме, граде на Христа Бога! Дочекај Го Создателот Кој се сместува во пештера и во јасли… Оној што во раката го држи сето создание – Животодавецот Господ, Кого што со непрестаен глас Го воспеваат ангелите и Кој нашиот род го спасува“ [9]. Впрочем, ова божикно радување се повторува на секој христијански празник, па и сите денови нè потсетуваат на витлеемскиот настан – на секоја Утринска богослужба радосно се пее: Бог Господ ни се јави, благословен е Оној, Кој доаѓа во името Господово! [10] Тоа, всушност, е постојано празнување на Божик, тоа е секојдневно радување на спасоносното и неповторливото рождество – радување на Христовото доаѓање на земјата.
Со Витлеемскиот Богомладенец, Кој се јави во тело [11], се покажа сè што е Божјо и совршено. Тој дојде во овој свет за да нè вооружи со Своето непобедливо оружје, зашто во Него телесно живее сета полнота на Божеството [12]. Затоа, ширум да ги отвориме нашите души и срца и да ги претвориме во пештери и јасли на покајание, во кои ќе Го положиме и ќе се всели Несместливиот.
Синот Божји, доаѓајќи во човечко тело, како Богочовек, потврди дека Бог ги љуби светот и човекот. А каде е љубовта, таму е и самиот Бог, оти Бог е љубов [13]. Ние, пак, луѓето, колку љубов имаме во себе, толку сме блиску до Бога и по тоа Тој нè препознава. Затоа и ни порачал: … да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг [14]. И ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја [15]. И свети Максим Исповедник, богословејќи за смислата на денешниот празник, говори: „Божјото Слово, откако еднаш се роди во тело, сака вечно да се раѓа духовно за оние коишто Го љубат“ [16]. Човечкиот род веќе дваесет столетија Го слави Оној Кој од човекољубие ја прими нашата природа и повторно ни го дарува изгубеното достоинство, па затоа апостолот  истакнува: …кога така нè возљуби Бог, тогаш и ние сме должни да се љубиме еден со друг [17].

Возљубени чеда во Христа Богомладенецот,
Ова, нашево време, е време кога особено се испитува нашата вера. Животот на народите, и покрај сите постигнувања, постанува сè потежок и понеизвесен. Живееме во време со многу кризи: на економски, политички, социјален, образовен, здравствен и особено на морален план. Во светот секојдневно има сè повеќе човечки трагедии и страдања; сè повеќе царуваат самољубието, бесчувствителноста, жестокоста, лицемерието, зависта, горделивоста, а  љубовта сè повеќе е заменета со омраза и доброто со зло! А тоа е така зашто сè помалку Го имаме Христа во животот, а и на другите не им го правиме она што сакаме другите нам да ни го прават [18]. Затоа и не можеме да ја разбереме целта на човековиот живот и неговата смисла, ниту, пак, можеме да го најдеме патот на спасението – зашто се оддалечивме од Бога, но и едни од други.
Отуѓувањето од Бога значи духовна смрт и чекорење во темнина. Ние луѓето како да заборавивме дека без Него, без Бога, не ќе можеме да правиме ништо [19]. Оваа состојба, која целиот свет ја преживува, со пандемијата, ни докажа колку човекот е немоќен, и покрај сета своја самоувереност и покрај сите свои достигнувања и знаења. Народите повторно се соочени со големо страдање и со зголемена смртност. Но, најстрашната пандемија на денешницата е тоа што луѓето заборавија да Го љубат Бога и да ги љубат ближните. А покајанието и поправањето се најдобриот лек против сите болести на телото и на душата.


Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,


Еве, и во 21-от век, за жал, продолжува оспорувањето на правото за национално самоопределување, како и непочитувањето на човековите права и слободи. Некои заборавија дека само она што се потпира врз вистината и правдата, дека само тоа што се создава во мир и со љубов, само тоа останува да живее во времето. Сегашноста и иднината не создале и не можат да создаваат минато или, по нечија желба, да го менуваат истото. Само луѓето и народите, поучени од минатото, можат да се менуваат и да се поправаат, за лошото да не се повтори. А историјата ни сведочи дека на сè што се потпира врз сила и невистина, кога-тогаш му доаѓа крајот. Затоа, како македонски народ, пред никого и за ништо да не отстапуваме од своето, од вековното!
А јубилеите, што ги одбележавме во текот на ова лето Господово, сведочат за исконското црквољубие на нашиот народ. Прославивме 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир, светилиште што ја потврдува древноста на нашата духовност и на македонското богољубие и монахољубие. Воедно, оваа година се навршија и 6 децении од осветувањето на храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Мелбурн, Австралија; 55 години од осветувањето на храмовите „Свети Климент  Охридски“ во Торонто и „Успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, на Северно­американскиот Континент, како и 30 години од осветувањето на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Добриот однос со Бога и со луѓето постојано треба да се создава и да се негува. Но треба и да се научи, па затоа е многу важно какво образование ќе им понудиме на сегашново и на идните поколенија, и во семејството и во школството. Само доколку во родителскиот дом и во училиштето се негуваат моралните и воспитните вредности, ќе можеме да имаме надеж и како држава и како народ. Не смее да се допушти нарушување на вистинските права и вредности, и да не дозволиме да се обнови веќе видениот систем на богоборно едноумие!
Нека годината којашто доаѓа биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, да биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе заврши страдањето од подмолната болест; нека биде и време на благодарност до здравствените работници, чија саможртва треба да биде за пример.
На сиот наш народ, овде во Татковината и насекаде по светот, им ги честитаме божикните празнувања, поздравувајќи ги со серадосниот поздрав:

 

– Х Р И С Т О С   С Е   Р О Д И !
Честито и од Бога благословено новото лето Господово!

†СТЕФАН
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
со членовите на Светиот архијерејски синод на
Македонската Православна Црква – Охридска Aрхиепископија
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски
† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски
На Божик, 2020-то лето Господово

 



[1] Јн. 1, 14.
[2] Сп. Јн. 1, 41 и 4, 25; 1 Цар. 2, 10; Пс. 2, 2 и Дан. 9, 25.
[3] Сп. Гал. 4, 4.
[4] Сп. Лк. 2, 13-15.
[5] Сп. Мт. 2, 1-12.
[6] Сп. Јн. 10, 18.
[7] 2 Птр. 1, 4.
[8] Претпразненство на Рождество Христово, тропар на 6. час, на Славата.
[9]  Истото, Слава на Стиховните стихири.
[10]  Мт. 23, 39 и Лк. 13, 35.
[11] 1 Тим. 3, 16.
[12]  Кол. 2, 9.
[13] 1 Јн. 4, 8.
[14] Јн. 13, 34.
[15] Јн. 15, 10.
[16] Свети Максим Изповедник, Творения, „Св. вмч. Георги Зограф“, Света Гора 2002, 349.
[17] 1 Јн. 4, 9-11.
[18] Сп. Мт. 7, 12 и Лк. 6, 31.
[19] Сп. Јн. 15, 5.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная