·
НЕПРАВДА ЗА ПРАВЕДНИКОТ
Жената му порачува на мажот свој
утрото на Велипеток:
Не прави му ништо на тој праведник,
оти денеска многу пострадав на сон,
заради Него.
Пилат не успева
да ги убеди првосвештениците
да го помилуваат Исус, момчето кое сонува
наместо Варава, барабата.
Фарисеите го жртвуваат
Вештиот на реч
и Моќниот на дело -
за да не им стои на патот и
да не шири нова вера.
Тие имаат разбирање за ништожноста
оти достоинството ги разјарува.
Ги разбеснува и самата помисла
дека народот може да се обедини
околу една идеја.
Околу златниот пресек
на крстот.
Околу домот, дома.
фб на Katica Kulavkova