Златните порти, како што се нарекува во христијанската литература, е најстарата порта која служела за влез во стариот дел од градот Ерусалим.
Градбата на оваа порта е најверојатно започната околу 520 година п.н.е. од страна на Јустинијан I . Но според други извори таа била изградена во VII век, во времето на Византија.
Златната порта се наоѓа околу средишниот дел на ѕидините околу стариот Ерусалимски град. Оваа порта е споменaта и во Библијата.
Низ истата оваа порта, во 628 година, византискиот император Ираклиј решил да влезе триуфално, облечен во блескави алишта, јавајќи на коњ – враќајќи се по триумфот против Персија, каде што го одземал и го враќал Чесниот Крст Господов, кој во IV век го пронајдоа Царица Елена и Цар Константин.
Кога по триумфалното патешествие стигнал до Златната порта, коњот на Ираклиј застанал и несакал да продолжи понатаму.
“Така направи, бидејќи го носеше крстот на Христос ” – рекол тогашниот ерусалимски патријарх Захариј. Тогаш Ираклиј се соблекол бос и сам го внесол во Ерусалим преку Златната врата.
Според едно предание по ова, Ираклиј заповедал вратата да биде заѕидана, бидејќи како што рекол “ штом низ оваа врата поминал Светиот Крст, никој друг не би трабало повеќе да го гази местото со нозе“ .
Според друго предание Златната порта била заѕидана дури во времето на султанот Сулејман Велики – од суеверие – за да не се оствари верувањето на христијаните дека на Судниот Ден, преку оваа порта, одново ќе влезе Спасителот.
Безбожниот ум неноже да свати дека материјалното не е пречка за самиот Бог, неможат да сватат дека Богбе семоќен и каменот кој Тој го создал неможе да го спречи да помине преку портите и да се оствари пророштвото
Според јудаизмот, оваа порта е всушност портата преку која новиот месија ќе дојде во Ерусалим.
Земјиштето пред Златната порта денес се еврејски и муслимански гробишта и таму е најскапото гробно место во светот.
Богати евреи од целиот свет плаќаат многу пари, се' со цел да бидат погребани точно овде.
Тие веруваат дека на Денот на Страшниот суд ќе бидат воскреснати најнапред евреите, кои се погребани пред Златната порта.
Султанот Сулејман I влегол низ оваа порта во 1541 година и претпоставувале дека тоа е новиот месија.
За оваа порта се верува и дека калифите ја заѕидале уште во VII век, кога бил забранет влез на Ридот на храмот за сите оние кои не веруваат во исламот.
Оваа порта е свртена кон Кедронската долина.
Низ оваа долина, и тоа токму пред Златната порта, се лоцирани муслимански и еврејски гробови.
Апрол 2022 лето Господово
Избор од фб на Православие.мк