Во еден подолг временски континуитет, чувствувавме потреба и желба да се пронајдеме и комуницираме, да заедничариме преку текстовите и настаните што ја засегаат духовноста на човекот и православниот живот. Верувавме дека размислувањата и потребите ни се взаемни, и тргнавме со интернет проектот наречен- Премин Портал.
Премин Портал денес одбележува три години од постоењето. Не случајно е одбран токму овој ден, големиот христијански празник Раѓање на Пресвета Богодорица, бидејќи на Нејзиниот празник, на Неа поклонувајќи и се, преку Неа, на Христа Бога надевајќи се, порталот го пуштивме во употреба на 21 септември Лето Господово 2005-то.
За овие три години се собра прекрасна екипа на луѓе што секојдневно несебично го донираат својот труд и време.
Благодариме за сите и за сè!
Од Редакцијата на Премин Портал
„Со ретки исклучоци“
Живееме во GIGA-време. Време е на гигабајти, гигахерци... Сè е гигосано. И витосано. Витосани се голем број вистински животни вредности. Како, на пример, да седнеш во фотелја и да прочиташ нешто што мириса на вечност, нешто што мириса на свежината на Првиот ден од Создавањето. Нешто што зрачи со светлината на времето кога Светлината беше во светот.
Секојдневието ни нуди сè, освен она што единствено ни е потребно: страв од Бога, помешан со вера во Него, љубов кон Него, и надеж во Него.
Посети: {moshits}