логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


starec.Siluan.jpg


Тага по Бога
Тагува душата моја по Господа и со солзи Го барам. Како да не Те барам? Ти прв ме побара мене и ми даде да се насладам од Твојот Свет Дух и душата моја Те возљуби.
Господи, Ти ја гледаш мојата тага и солзите... Да не ме привлечеше со Својата љубов, немаше вака да Tе барам, како што Те барам, но Духот Твој ми даде да Те познаам и душата моја се радува оти Ти си мој Бог и Господ и до солзи тагувам по Тебе.
Тагува душата моја по Бога и со солзи Го барам. Милостив Господи, Ти го гледаш мојот пад и мојата тага, но смирено ја просам Твојата милост: излеј ја врз мене грешниот благодатта на Твојот Свет Дух. Сеќавањето на неа го гони мојот ум повторно да ја најде Твојата милост.
Господи, дарувај ми го Својот смирен Дух, за да не ја загубам повторно благодатта  Твоја, и да не ридам по неа, како што плачеше Адам по рајот и по Бога.
Првата година од својот живот во манастирот душата моја Го позна Господа преку Светиот Дух.
Многу нè љуби Господ; тоа се познава преку Светиот Дух, кого ми го даде Господ единствено заради милоста Своја.
Јас сум стар човек, и блиску сум до смртта, и ја пишувам вистината заради луѓето.
Духот Христов, кој ми го даде Господ, сака сите да се спасат, сите да Го познаат Бога.
Господ на разбојникот му го даде рајот. Така Он и на секој грешник ќе му го даде рајот. Јас сум полош од смрдлив пес по своите гревови, но почнав да Го молам Бога да ми прости. И Он не само што ми прости, туку ми го даде и Светиот Дух, и во Светиот Дух јас Го
познав Бога.
Ја гледаш ли љубовта Божја спрема нас? Кој може да го опише тоа милосрдие? О браќа мои, паѓам на колена и ве молам: Верувајте во Бога, верувајте дека постои Светиот Дух, Кој сведочи за тоа по сите цркви и во мојата душа.
Светиот Дух е љубов. Таа љубов ги исполнува душите на светите небожители, и истиот тој Свет Дух е и на земјата во душите што Го љубат Бога. Преку Светиот Дух небесата ја гледаат земјата и ги слушаат нашите молитви и ги принесуваат спрема Бога.
Господ е милостив, тоа го знае мојата душа, но не умее да го опише. Он е многу кроток и смирен, и кога душата ќе Го види, сета се менува во љубов спрема Бога и спрема ближните, и самата станува кротка и смирена. Но, ако човекот ја загуби благодатта Божја,
плаче како Адам по изгонувањето од рајот. Тој ридаше и неговите лелеци ги слушна целата пустина. Неговите солзи беа горки од тага и тој со години ги лееше.
Така душата која ја познала благодатта Божја, кога ја губи, тагува по Бога и вели: Тагува душата моја по Бога и со солзи Го барам.

Извор: манастир Елеуса

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная