логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Колкава е љубовта на Мајката Божја

Вистинска исповед на една монахиња, која по нејзиното претставување пред Господа ја посведочил нејзиниот духовник, според нејзинате желба додека била жива, по милоста Господова да се објави љубовта на Неговата Мајка, Пресветата Владичица наша, Богородица.

Една монахиња во еден руски манастир, поради својата благочестивост, во манастирот имала само едно послушание: секое утро да ја украсува иконата на Мајката Божја со свежи цвеќиња. Бидејќи била замонашена како дете, останатото сестринство ја сметала како најдостојна за тоа возвишено послушание. Сестрите ја сакале оваа монахиња поради нејзината скрушеност, простота и смиреност. Меѓутоа, како што тоа вообичаено и се случува, кога имало најмалку можности и кога најмалку се очекувало, непријателот почнал да напаѓа толку силно и тоа токму на оние добродетели, заради кои Мајката Божја најмногу ја сакала. Еден чувар постојано во близина чистел околу црквата и често ú се обраќал. Набрзо оваа монахиња се соблазнила на него. Колкав ли можел да биде тој удар на непријателот, кога таа и својата мантија ја соблекла заради тој човек и, тајно напуштајќи го манастирот, отишла со него во светот!

Не минало многу време, кога паднатата монахиња се пробудила од состојбата на духовно лудило. Страстите ги снемало како снегулка на дланка, а ѓаволот своето го постигнал. Кога тоа го увидела, веќе одамна било доцна. За каење било потребно натчовечка сила. Назад не можело да се врати времето, па одлучила да го истрпи својот маж. Тој ја тепал и малтретирал и нејзиниот живот со тек на време се претворил во прав пекол на земјата. Немала веќе сила да живее, а не сакала смрт без покајание.

После неколку години, мажот се упокоил. Монахињата конечно можела уште еднаш да оди и да го види манастирот во кој ги поминала најблагословените денови од својот живот. Веќе го немала оној благочестив лик, туку само намачено, сериозно и непокриено лице, и тоа го искористила за незабележливо да влезе во манастирот. На влезот препознала една од своите сестри и ú се обратила. Сестрата, се разбира, не ја препознала. Таа сакала да види дали и колку сестрите ја осудуваат.

- Простете, дали знаете каде е монахињата… (го изговорила своето име) и што се случило со неа?

- Да, се разбира, – ú одговори сестрата. – Ене ја онаму, во параклисот.

Монахињата застанала.

- Не сфаќате, прашувам за една што беше овде пред десет години и ја украсуваше иконата на Мајката Божја со рози.

Сестрата исто така чудно ја погледнала.

- Па, да, истата таа до ден денешен тоа и го прави. Нашата добра сестра… Ене ја, ја украсува иконата на Мајката Божја.

Монахињата, избезумена од одговорот кој најмалку го очекувала, збунето го пречекорила прагот на црквата. Внатре, во тишина и осаменост, навистина забележала монахиња која ја украсувала иконата со рози и ú пришла. Монахињата се завртела. Тоа беше Мајката Божја. Ја соблекла нејзината мантија и ú ја дала:

- Еве, ќерко, облечи ја мантијата и не греши веќе.

Монахињата со смртен страв паднала на подот и заплакала. Од срам не можела главата да ја подигне, но Пресвета Богородица веќе беше заминала. Пред неа стоела само Нејзината икона украсена со рози. Мајката Божја, Семилостивата и Сесожалливата, сите овие години го вршела нејзиното послушание за да го прикрие нејзиниот грев и да не ги соблазни другите сестри. Монахињата неутешно се каела со непресушни солзи и чувствувала неизмерен срам. Единствено што ја тешело, била неизмерната љубов на Мајката Божја. Се исповедала на духовникот на манастирот и го замолила тој сé да објави по нејзиното упокојување. Кратко после тоа, таа се упокоила.

Извор: Колика је љубав Мајке Божије

Преземено од : Маран Ата

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2074
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 537
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная