логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

    Духовниот живот е „заразен“
In Македонија, Патрологија, Православие, Православна светлина on Јули 30, 2013 at 1:50 pm

Схиархимандрит Јоаким Пар

joakim parr

Би сакал да споделам со вас некои мисли, а потоа можеме да ги разгледаме вашите прашања.

На нашите последни средби беседевме за меѓусебната љубов и за борбата, која тоа го проследува. И јас мислам, да се разбере борбата, не е тешко – секој од нас ја има. Но, да се научиме да се љубиме еден со друг – тоа навистина е сложено.

Неодамна се вративме од Валаам, каде што поминавме неколку од Бога благословени денови. И темата, кон која што постојано се враќавме, како во беседите со монасите, така и во беседите со мирјаните, е – многу е тешко да се занимава човек со внатрешниот живот и во исто време да ги љуби ближниот и Бога. Се создава впечаток, дека ние одделуваме време час за едно, час за друго, час за трето, но да се состави тоа заедно… токму тука се сретнуваме со компликации.

Еве што, мислам, може да помогне да разбереме, како тоа да го направиме.

Порано, познавав една монахиња, која се викаше мајка Елисавета. Таа беше вистински воин. Се родила Елисавета во Германија за време на доаѓањето на власт на Хитлер. Во САД пристигнала со својата мајка, не долго пред Втората светска војна. Тука таа се омажи за човек, кој воопшто не се интересирал за верата. И самата таа за религијата знаела премногу малку. Со сопругот израснале три деца, при што нејзиниот однос кон животот бил таков: ако се грижам добро за децата и мажот, тогаш и во животот сѐ ќе биде добро.

Во 1960-1970-те год, Елисавета работела како медицинска сестра и на крај зазела многу висока раководна функција во крупна болница. Мажот ѝ бил трудољубив, но немал таков силен карактер, како Елисавета, која се придржувала до таквиот поглед на животот, кој често се сретнува денеска: дека моралот не постои и може да правиме сѐ што сакаме, ако не му штетиме на другиот.

Обата сина на таа жена неколку пати несреќно се ожениле, а нејзината ќерка Клаудија се вовлекувала со „алтернативни“ младешки струења, наркотици, живеела во калифорниските хипи заедници, исповедала „слободна љубов“ и се занимавала со медитации. И таму, во Калифорнија, таа за првпат слушнала за Православието. Една девојка, по потекло од православно семејство, ѝ рекла дека на Пасха (Велигден) сака да замине во Сан-Франциско.

- Пасха? Што е тоа? – препрашала тогаш Клаудија.

- Не знам, јас одам таму не од религиозни причини, а само затоа што ми се допаѓа чудесната музика и убавата богослужба – ѝ одговорила другарка ѝ.

И така, тие заминале во Сан-Франциско на празникот. И таму Бог ја стигнал. Клаудија толку била преполнета со впечатоци од пасхалната богослужба, што почувствувала, дека таа едноставно мора да дознае повеќе за тоа, со што се сретнала.

По некое време, девојката примила крштение и станала православна. Дознавајќи за тоа, Елисавета ги кренала рамената:

- Што да речам, јас сум среќна, ако тоа те направи среќна.

Сепак, околностите се смениле така, што Клаудија, која тогаш имала околу триесет години, не можела повеќе да остане во Калифорнија и требало да се врати во Њу Јорк, во домот на своите родители. И иако сакала да остане православна и да живее христијански, да го оствари тоа со родителите – се покажало дека воопшто не е едноставно – односите меѓу тројца возрасни луѓе, кои живеат под еден покрив, не секогаш се одвиваат фино. И еднаш оваа млада девојка ѝ рекла на Елисавета:

- Ти треба да примиш Православие!

Но, Елисавета одговорила:

- Тебе тоа те интересира – добро, но не е и за мене тоа.

Клаудија ги продолжила разговорите на таа тема. На празниците, Елисавета ја возела до црква, и на крај, исто така примила Православие – и потполно се изменила. По некое време починал мажот ѝ, кој неодамна до смртта исто така се крстил. Ќерката Клаудија заминала во манастир и станала монахиња, а Елисавета еднаш дојде кај мене на парохија, када што служев тогаш, и рече:

- Јас сум стара жена, имам веќе седумдесет и осум години. Тешко дека може да станам монахиња – никој нема да ме прими. Но, можеби знаете, каде би можела само да живеам, да се молам и работам?

И јас ѝ кажав, дека по благослов на нашиот епархиски архиереј ние отвораме сестринство и со радост ќе ја примиме кај нас.

И така, собравме шест жени, кои изразија желба да се присоединат кон сестринството, и ги сместивме во манастир во градот Балтимор. Елисавета беше најстара, највредна и најсмирена. Таа исто и се молеше повеќе од сите останати сестри. Таа беше многу болна, но никогаш за ништо не се жалеше. Без разлика на расположението, таа секогаш прва доаѓаше во црква и последна излегуваше од неа. На паузата меѓу богослужбите, постојано работеше, им помагаше на оние што ја опкружуваат, и притоа секогаш остануваше жизнерадосна (се радуваше на животот).

Во домот, каде што живееја сестрите, имаше четири спрата и немаше лифт. За да дојде на служба или на друго место, Елисавета, која дотогаш имаше речиси 80 год, секогаш требаше да се спушта четири спрата долу, а потоа толку и да се искачува. На крај, таа доби срцев удар и лекарите рекоа дека нема да преживее. Но, преживеа и повторно се врати во манастир. И кога видов, колку жолто ѝ станало лицето по операцијата, воскликнав:

- Но, ти никогаш ништо не велеше и не се жалеше!

- И не ми е потребно, – се насмеа мајка Елисавета, – сестрите го прават тоа за мене.

Таа рече дека проблемот на другите сестри бил во тоа, што тие не знаат вистински да работат, и секогаш очекуваат, некој да направи нешто за нив.

По две години таа доби излив. Кога ја одвезоа во болница, излезе дека артериите од десната страна потполно се затвориле, и крвта во нејзината глава циркулирала само преку крвните носни садови од лево.

Сестра Елисавета потполно ослепе на десното око, на левото 90% ја загуби способноста да гледа, и десната страна на нејзиното тело делумно се парализира. И нормално, таа повеќе не можеше да остане во манастирот.

Бидејќи нејзината ќерка живееше во манастир во Калифорнија, ѝ предложив на Елисавета да се пресели кај неа, но Елисавета се откажа, бидејќи не сакаше да стане товар за својата ќерка. Сепак, јас ѝ се јавив на игуманијата на манастирот и прашав, дали ќе се согласат да ја примат кај себе да се грижат за Елисавета. Реакцијата на игуманијата беше директна: Елисавета е премногу стара, премногу болна, и нејзиното присуство ќе стане тешко бреме на плеќите на сестрите од нејзиниот манастир. Мене ништо не ми преостана, освен да побарам од игуманијата да се моли за Елисавета, и можеби, да размисли пак за таа ситуација.

Игуманијата ја исполни мојата прозба: по размислувања и молитви, таа му се јавила на надлежниот архиереј да го праша за мислење по ова прашање, и архиерејот одговори, дека, по негово мислење, би требало да ја примат Елисавета. Потоа, игуманијата го разгледала ова прашање со сестрите на обителта, и сите сестри одговориле: „Да, спремни сме да ја примиме“. Тогаш игуманијата ми се јави и ми рече:

- Јас сè уште сметам дека ова е неправилно, но бидејќи сите други се согласни, јас исто ќе се согласам да ја примам Елисавета.

Дојде синот на Елисавета и ја одвезе во манастирот во Калифорнија. И излезе, дека со доаѓањето на Елисавета во манастирот дошла радост. Таа практично ништо не гледала и беше многу болна, но како и порано, во храм доаѓала прва и како и претходно постојано била зафатена со послушанија. За да може да се занимава со градинарски работи, сестрите ѝ забиле во земјата специјални столбови, меѓу кои затегнале врвка, за која држејќи се, Елисавета можела да се движи во градината. И како и порано, од нејзините усне не излегувал ни збор на жалење.

Помина извесно време, и игуманијата ми се јави со известување, дека Елисавета, која во тоа време сè уште беше искушеничка, се наоѓа пред смрт – доживеала уште еден излив, и веројатно, нема да проживее ни неколку денови.

- Морате да ја потстрижете! – извикав јас.

- Но, јас не ги замонашувам сестрите толку брзо, – се спротистави игуманијата.

- Но, таа умира, и треба да се потстриже!

- А, што ако се случи да ја потстрижат, и да преживее? – Праша игуманијата; но вети дека ќе го праша архиерејот.

Епископот благослови да ја потстрижат во мантија. Кога Елисавета слушнала за тоа, многу се израдувала. Бидејќи се наоѓаше во болница, за извршување на потстригот, сите сестри од манастирот дојдоа кај неа во собата.

Како и Елисавета, игуманијата имала силен карактер, така што често во нашите разговори Елисавета велеше, дека срцето на игуманијата како да е направено од камен. И замислете: се наоѓаме во собата, и речиси слепата Елисавета ми вели:

- Отче, седнете овде каде што ќе можам да ве гледам.

И кога можеше да ме види, рече:

- Отче, толку сум среќна што дојдовте! Иако поминав тука неколку години, сепак се сметам за ваша монахиња. Вие знаете, нашата игуманија има камено срце!

А игуменијата во тоа време стоеше веднаш покрај мене, но таму, каде што Елисавета не можеше да ја види. И, не знаејќи за нејзиното присуство, Елисавета продолжи:

- Јас никогаш не би сакала, нашата игуманија да ме потстриже!

- Што да се прави, – реков јас – сите сестри заедно, тие ќе пеат, а јас ќе го извршам потстригот.

Елисавета беше среќна. И кога службата заврши, игуманијата заврте околу болничкиот кревет од другата страна, за да ја поздрави.

- О, јас сум многу среќна, дека и вие дојдовте! – рече мајка Елисавета.

Таа не ја осудуваше и не се трудеше да биде жестока. Со своето присуство во тој манастир мајка Елисавета го измени животот на сите сестри. Таму имаше сестри, кои беа дури и постари од неа или беа болни, така што манастирот потсетуваше на болница. Некој лежеше, покриен со перници, некој ставаше нешто под нозе, некој дремеше под некаква специјална ламба. А мајка Елисавета беше повеќе болна од било која од нив, но таа постојано работеше или беше во црква.

Покажувајќи на главата, ми велеше:

- Еве каде се нивните болести. Како можат нешто да работат, ако постојано размислуваат за своите болести!..

И замислете, таа сè уште е жива! Од тогаш во манастирот веќе умреа други две монахињи, а мајка Елисавета сѐ уште е таму…

Причината пак, од која ви ја раскажав оваа долга историја, е следнава. Не се работи за тоа, каков крст ви дава Господ. Работата е во тоа, дали го примате со радост и колку Го сакате Него. Ако Го љубиме Него, ќе можеме да се љубиме и еден со друг. И јас мислам, дека мајка Елисавета, е прекрасен пример за тоа.

Таа имаше пари, од кои дел таа собрала додека работела, а дел наследила од сопругот. Мајка Елисавета побара благослов од игуманијата да пригради кон зградата на манастирското општежитие одделна ќелија. Во широката приградба сѐ било пресметано за тоа, по смртта на мајка Елисавета, тоа место да биде приспособено за релативно самостојно живеење на постари и болни монахињи. Со тоа таа се погрижи да им го олесни животот на останатите сестри од обителта. И кога ја прашав, ѝ се допаѓа ли да живее во новата ќелија, таа воскликна!

- Што зборувате, јас не сум толку болна! Јас пак живеам во својата стара ќелија. Неа јас ја изградив за други.

Таквото духовно расположение е заразно – исто, како што е заразен и духот на униние и бессилност. Што да се избере – зависи од вас. Од вас зависи, сакате ли да живеете како да сте опкружени од темни облаци, или пак сакате сонце да го осветува вашиот пат кон Бога. Нашиот избор нема да ја измени нашата физичка состојба, но ќе го измени нашиот духовен свет.

Кога го посетив светиот Валаамски манастир, сакав да им раскажам на браќата една работа, но толку многу разговаравме на други теми, што и не ми се укажа можност да го сторам тоа. Сакав да поразговарам со нив за тоа, што јас би го нарекол живот на душата. Светите отци ни кажуваат, дека животот на душата – е внатре во човекот, во неговото срце, и ништо отстрана не може да се допре до него или да му наштети, само ако самите не дозволиме тоа да се случи. Само тоа, што вие дозволувате да влезе во вашето срце, може или да ве разруши, или да ве направи подобри. Свети Исаак Сириски вели, дека ако сакате вистински да живеете, треба да се принудувате и да се принесувате во жртва. Себесожалувањето во љубовта кон себеси – ете го вашиот непријател. Кога се сожалувате себеси, кога се љубите себеси, вие ја разрушувате својата душа.

Длабоко во вас, во вашето срце, се води војна. Ние постојано мислиме дека реалниот свет – е тој свет околу нас, но вистинскиот свет е внатре. Кога ќе се научите да го чувате мирот на срцето, вие ќе се научите да Го познавате Бога. Ние често се грижиме, нервираме, тревожиме, мислејќи дека причината за тие чувства – се настаните кои се случуваат со нас, но тоа не е така – ние сами допуштаме, тие грижи да станат дел од нас.

Кога дојдовте во манастир, вие најверојатно мислевте, дека нешто знаете. Но кога започнавте да живеете во тие ѕидови, вие почнавте да разбирате, дека ништо од тоа што сте го знаеле, не може да ви биде надежна помош, – сите информации и сето знаење добиено во светот, се неспособни да ја успокојат болката во срцето и да ви го дадат мирот кој нема да ви се одземе. Тоа може да ви го даде само Бог. Ние треба да се разделиме со сѐ – светското знаење не е од Бога. И ако наоѓаме дека неопходноста од разделбата ни предизвикува болка, тоа значи дека ние не мислиме на тоа како да Го љубиме Бога, а мислиме на тоа, колку ќе нè чини таа љубов. Ете од каде доаѓа тагата: „Не можам, тоа е премногу тешко…“ И сѐ околу нас постепено се обвива во мрак. Радувајте се! Љубете! Давајте, не мислејќи за тоа, како да земете. И ќе видите, како вашиот живот ќе почне да се преисполнува со светлина.

Сѐ што ни е потребно за нашето спасение, се наоѓа токму тука. Вие треба само да се научите како да го користите тоа.

Превод од руски јазик: Златко Дивјаковски

Наслов на изворникот: Духовный настрой заразителен, Беседа на Русской земле,

Схиархимандрит Иоаким (Парр)

http://www.pravoslavie.ru/put/61085.htm

Православна светлина бр. 26

 

 Преземено од: Ортодоксија и ортопраксија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная