логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



„Твојата молитва ќе ти ја покаже состојбата во која се наоѓаш.

                    Богословите кажуваат дека молитвата е огледало на монахот“

- Свети Јован Лествичник

Името Исусово како молитва треба секогаш да се изговара од страна на сите верни со умот и со устата. Кога стоите, или одите, или одморате, секогаш изговарајте ја, присилувајќи се на тоа. Човекот ќе најде голема радост и мир во неа. Такво е искуството на сите оние, кои ја практикуваат молитвата. Бидејќи ова дело е над сите останати во нашиот живот, монасите кои се наоѓаат сред врева, мораат да се занимаваат барем некое време со ова најголемо дело.

           И општо, сите ние би требало да ја имаме како образец оваа молитва, која дејствува со нејзината сила – било да се работи за свештеник, монах или мирјанин. А посебно монасите, кои се зарекле на ова дело, имаат уште повеќе потреба од оваа молитва. Според тоа, секогаш да се стремиме кон оваа дејствителна молитва и да Му се молиме на Бога без престан.

         Нема проблем, и да се појават скитање на мислите и збунетост во умот, не треба да бидеме невнимателни, бидејќи непријателот напаѓа и за миг нè совладува. Во истиот миг да се вратиме на молитвата и да ì се вратиме со радост!

        Ракоположените нека бидат трудољубиви во своето апостолско дело, нека го сметаат за Божествено проповедање и нека го вршат со љубов и страв пред Бога. Оние, кои се во светот треба да ја имаат Исусовата молитва како печат и знак на верата, како заштита и осветување. И со силата која ја примаат од оваа молитва нека го победуваат секое искушение.

         Сите ние, ракоположените како монаси или свештеници, се соединуваме со Христос во нашите срца и штом ќе се разбудиме од спиење, веднаш се сеќаваме на Христос! И тоа е почеток на секоја добра замисла и жртва во Христа, бидејќи секогаш мораме да мислиме за нашиот Христос, Кој нè спаси и Кој нè љуби.

         Преку ова ние сме христијани и така се нарекуваме. Ние сме се облекле во Него преку Крштението и сме биле запечатени со Светото Миро и сме Го примиле Неговото Свето Тело и Крв. И така сме станале делови од Него, од Неговиот Храм!

         Заради ова нам ни е потребно постојано да Го љубиме и да се сеќаваме на Него.

       Секој од нас нека најде време според своите можности и нека се посвети на молитвата како што треба.

 

Православна светлина бр. 20

Извор: Ортодоксија и отропраксија

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1491
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1727
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3900
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/06/2025 - сабота

Петровденски пости (на риба)

Св. пророк Амос; Св. маченици Вит, Модест и Крискентија; Преп. маченик Дула; Блажениот Августин, епископ Ипонски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова маченица Акилина  26 јуни/13 јуни  2025

Тропар на св. Христова маченица Акилина 26 јуни/13 јуни 2025

Избран саду на Божјата благодат,Акилино света девственичке,радост на ангелите, посрамување на демоните,моли се, о, ти јагне Божјо,за оние кои Неговата...

Тропар на светиот  Христов подвижник Онуфриј Велики  25 јуни/ 12 јуни  2025

Тропар на светиот Христов подвижник Онуфриј Велики 25 јуни/ 12 јуни 2025

Блажен си ти о велики Онуфрие,кого Бог во борба го поведе,да покаже и посведочи дека телото може да се победи,стариот...

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј  24 јуни/11 јуни 2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј 24 јуни/11 јуни 2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная