логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 
Воздржување во секојдневниот живот – Старец Пајсиј Светогорец
мар28 by Маран Ата    

Преку подвиг човекот ја губи врската со тварта

- Старче, еднаш ни рековте: „Во духовната борба е неопходна опсада“. Што сакавте со тоа да кажете?

- Во војна се трудат да извршат опсада на непријателот. Го опколуваат, го затвораат во ѕидини, го оставаат да гладува. Потоа и водата му ја прекинуваат, затоа што непријателот без неопходната опрема и оружје ќе биде принуден да се предаде. Сакав да кажам дека исто така низ пост и бдение се разоружува ѓаволот и заминува. „Со пост, бдение и молитва прими небесни дарови[1]…“ вели химнопоецот.

Преку подвиг човекот ја губи врската со тварноста и потребата за неа. Секако, човек треба да се воздржува имајќи пред себе возвишена духовна цел. Ако се воздржува за да се ослободи од отровите и вишокот маснотии, пак се грижи само за својата телесна добросостојба. Тогаш подвигот личи на јога. За жал, прашањето за подвизување го имаат турнато настрана дури и луѓе од Црквата. „Треба да ги изедам“, велат, „своите оброци, да уживам во ова и она, зашто Бог сето тоа го створил за нас“. Знаете ли, за време на една трпеза, во една прилика што ми рече еден архимандрит? Не можев да се присилам да јадам повеќе од што сум навикнал, а тој тоа го забележал, па ми рече: „Кој го уништува храмот Божји, него Бог ќе го разори“ (1 Кор. 3,17). „Да не си го разбрал тоа наопаку?“, му велам. „Дали тоа се однесува на блудничењето или на подвизувањето? Тој цитат се однесува на оние кои со блудничење и злоупотреба го разоруваат храмот Божји. Тоа не се однесува на оние кои се подвизуваат од љубов кон Христа“. Но гледаш, тој и понатаму ја оддобруваше својата помисла и продолжи да зборува: „Треба да јадеме, за да не го разориме храмот Божји“. Друг, пак, после својата посета на еден манастир, ми рече: „Бев во еден манастир и монасите се разболеа од преголем пост. Јадат исклучиво боб и грав со масло. Ете, тоа прават, мој оче, постот и бдението“. Што да кажеш? Таквите луѓе не сакаат да се лишат од било што. Ги јадат своите оброци, овошје, колачиња, а потоа, за да си најдат оправдание, ги обвинуваат другите кои се подвизуваат. Никогаш не ја вкусиле духовната радост на подвигот. Друг пак ти вели: „Треба да испијам толку и толку филџани млеко. Ќе постам за Четириесетница, а потоа ќе надокнадам, зашто морам да земам толку и толку бела храна.“ Не е во прашање потребата на неговиот организам, туку тоа го вели само да ги одобри своите помисли, дека тоа е на место и дека не е грев. Ма грев е и да се помисли такво нешто! До каде оди човековиот разум? Дека е во ред  да го надокнади она што му недостигало во текот на постот кој го одредила Црквата. Како тогаш Светиот Дух да остане во него?

А да видиш само колку усрдност имаат некои татковци на семејство! Појде еднаш да се исповеда еден од нив, извонредно простодушен, кој имал девет деца, а духовникот му рекол да пристапи на причест. „Но, како да се причестам?“, вели. „Ставаме малку масло во јадењето, затоа што работиме и јас и децата“. „Колку деца имаш?“, го праша духовникот. „Девет“. „Колку масло ставате во јадењето?“ „Две лажици“. „Па колку тогаш масло ти стига тебе, мој несреќнику?“, му рече духовникот, „оди ти само да се причестиш! Беа единаесетмина и јаделе две лажици масло сите заедно, а него го мачела помислата!

Сум запознал мирјани кои преку подвиг достигнаа до светоста. Ете, нема многу години откако на Света Гора некое време работеа еден мирјанин и неговиот син. Потоа се појави добра работа во нивното родно место и таткото беше одлучил да оди, да го поведе со себе и синот, за цело семејство да биде заедно. Меѓутоа, на неговиот син го беше привлекол монашкиот подвижнички живот и, откако со подвижничкиот живот го споредил животот во светот со сите негови грижи, не сакаше да појде со татко му и да се врати во светот. „А ти, татко, затоа што имаш и други деца“, му рече, „остави едно во градината на Пресвета Богородица“. Затоа што тој беше упорен во своето, таткото беше принуден да го остави. Момчето беше неписмено, но многу  сочувствително, усрдно и простодушно. Себе се сметаше за недостоен за монашки постриг, затоа што мислеше дека не би бил во состојба да одговори на сите монашки должности. Пронајде некоја мала колиба, која некогаш ја користеле за добиток, ги затвори со камења вратата и прозорците, остави само еден округол отвор низ кој едвај можеше да се протне и кој од внатре го затвараше со некаков престар капут кој го беше нашол. Ниту оган не палеше. Дури и птичјите гнезда и животинските дувла беа подобри од тоа негово пребивалиште. Но, толку радост колку што имаше таа душа, немаат заедно сите оние кои живеат во богати палати, затоа што тој се бореше за Христа и Христос беше покрај него, не само во неговата колиба, туку и во неговата духовна куќа, во неговото тело, во неговото срце. Затоа живееше во рајот. Од своето живеалиште од време на време излегуваше и наминуваше до оваа или онаа келија, каде отците имаа бавчи и потреба некој да им помогне околу нив. Им помагаше во работата, а тие му даваа по малку двопек и по некоја маслинка. Ако не му дале да работи, не ги земаше благословите. Благословите кои ги земаше, требаше да ги плати со двојна работа. Секако, неговиот духовен живот го познаваше само Бог, затоа што својот живот го минуваше тивко и едноставно. На основа на една случка, за која се зборуваше, може многу да се разбере. Еднаш навратил во еден манастир за да праша кога е Великата Четириесетница – иако за него речиси цела година беше Велика Четириесетница – а потоа отишол да се затвори во своето гнездо. Било минало речиси три месеци, а тој ниту забележал. Еден ден излегол и отишол да праша во манастир кога е Воскресение. Присуствувал на службата, се причестил на Божествената Литургија, а потоа пошол со отците на трпеза. На трпезата здогледал црвени јајца. Се зачудил и прашал еден од браќата: „Зарем веќе е Воскресение?“„Какво Воскресение?“, му одговорил братот, „Утре е Вознесение!“ Тој, значи, поминал во пост цела Велика Четириесетница и уште четириесет дена до Вознесение! Така се подвизуваше сè додека не му чукна смртниот час. Мртов го пронашол некој ловец два месеца откако умрел, ја известил полицијата и лекарот. Тој лекар ми рече: „Не само што не мирисаше (непријатно), туку напротив, мирисаше на миро!“

 
Децата и постот

- Старче, дали деца од пет-шест години треба да постат пред причест?

- Треба барем вечерта пред тоа да јадат на масло. Меѓутоа, тоа зависи од духовникот. Најдобро е мајката за тоа да го праша духовникот, затоа што може детето да има некој здравствен проблем, па мора, на пример, да пие млеко.

- Колку треба детето да пости, старче?

- Ако е силно и здраво, може да пости. Инаку сега има многу посна храна. Некогаш децата постеа и по цел ден трчаа и си играа, но повеќе пати земаа оброци. Во Фараса, за време на Великата Четириесетница, сите, и стари и млади, се придржуваа до „деветиот час“[2] . Родителите ги собираа децата во Кастра[3], им даваа играчки да си играат, а во три часот после пладне, кога ќе заѕвонело ѕвоното за Литургија на претходно-осветените дарови, одеа да се причестат. Св. Арсениј имаше обичај да рече: „Децата не се сеќаваат на храна кога играат цел ден. А сега, кога уште и Христос им помага, како да не издржат?“

И возрасните кога не постат, се укоруваат самите себе гледајќи како децата постат. Кога бев мал и подолго време работев со мајсторите во некоја куќа, па затоа и таму ручавме, во среда и петок одев дома за да ручам, затоа што тие не постеа. Во една прилика, беше среда, ме послужија со баклава. „Ви благодарам многу“, им реков, „но јас денеска постам“. „Види го ти него“, рекоа, „мало дета, па пости, а ние возрасните јадеме!“

 
Усрдниот пост

Постејќи, човекот ја покажува својата добра волја. Од усрдност се подвизува и Бог му помага. Но, ако тоа го прави со сила и вели: „Што да правам, петок е, па ред е да постам“, тогаш се мачи. Меѓутоа, ако му е една смислата на постот и ако пости од љубов кон Христа, тогаш ќе се радува. „На овој ден“, треба да помисли, „Христос бил распнат: ни вода не му дале да се напие. Му давале оцет. Ни јас нема да пијам вода цел ден.“ Ако тоа го прави, тогаш во себе ќе почувствува повозвишена радост од оној кој ќе испие највкусен освежителен напиток!

А гледаш, многумина мирјани ниту на Велики Петок не можат да постат, дури ниту на тој еден ден. Но, пред некое министерство можат да седат по цел ден и да штрајкуваат со глад заради некој ќејф, за да постигнат нешто. Таму ги бодри ѓаволот. Тоа што го прават е самоубиство. Други пак, кога ќе дојде Воскресение, радосно и со цела сила пеат „Христос воскресе“, затоа што добро ќе јадат. Личат на Јудејци кои сакаат Христа да Го направат цар, затоа што ги нахрани во пустината[4].

Се сеќавате ли што вели Пророкот? „Проклет да биде оној кој немарно го врши делото Господово“ (Еремија 48:10). Едно е кога некој има добра волја да пости, но не може, затоа што ако не јаде, му се тресат нозете, паѓа во несвес – значи, не му помага неговата издржливост, или здравје итн. – а друго е кога има сила и не пости. Каде е тогаш добрата волја? А жалоста на оној кој сака да се подвизува, а не може, го надоместува подвигот и тој има поголема плата од оној кој има храброст и се подвизува, затоа што тој чувствува и задоволство. Денеска дојде една сиромашка од околу 55 год. целата расплакана затоа што не може да пости. Маж й се развел од неа. Имала едно дете и го загубила во сообраќајна несреќа, па останала сама. Мајка й умрела, нема ни каде да живее, ни каде да се храни, па ја земаат жените да им работи за стан и храна. „Имам голем грев на совеста, оче“, ми рече таа сиромашка, „затоа што ништо на правам: а најлошо од сè е што не можам да постам. Јадам што ќе ми дадат. Некогаш во среда и петок ми даваат посна храна, но често ми даваат мрсна, а јас сум принудена да ја јадам, затоа што се исцрпувам и не можам да стојам на нозе.“ „Јади“, й реков, „ако не можеш да издржиш“. Човек треба да ги испита своите можности. Ако види дека не може да издржи, нека јаде уште нешто. „Измери се самиот себе“, вели преподобен Нил.

- Како, старче, некогаш жените по селата издржувале без да јадат ништо од бел понеделник сè до св. Теодор? А имале толку работа, куќа, деца, добиток, ниви, како можеле тоа да го издржат?

- Со помислата дека сабота е близу, или можеби говореле: „Христос постеше четириесет дена[5], што е тогаш за мене да постам една седмица?“ А потоа, биле простодушни и затоа издржувале. Ако некој е простодушен и има смирение, ја прима благодатта Божја, смирено пости и се храни божествено. Тогаш Бог му дарува сила и голема издржливост за време на големите постови. Во Австралија едно момче, од околу дваесет и седум години, стигна до таму да не јаде ништо дваесет и осум дена. Неговиот духовник го прати кај мене за да ми го каже тоа. Беше многу благоверен и имаше подвижнички дух. Се исповедаше, редовно одеше на црква, ги изучуваше светоотечките книги, а најмногу Новиот Завет. Еден ден, кога во Евангелието читал како Христос постел четириесет дена, многу се потресол и помислил: „Ако Господ, кој бил Бог, постел како безгрешен човек четириесет дена, што треба да правам јас, како толку грешен човек?“ Затоа побарал благослов од својот духовник и тој да пости, но не му ја доверил својата помисла дека сака да не јаде ништо четириесет дена. Значи, со постот почнал на бел понеделник, ја минал и Крстопоклоната недела, а ни вода не пиел, иако работел во фабрика и работата му била тешка – составал сандаци. Кога стигнал до дваесет и осмиот ден, почувствувал блага вртоглавица додека работел и затоа малку седнал. Потоа се напил чај и изел еден двопек, затоа што му паднало на памет дека ако се онесвести, ќе го однесат во болница, а тогаш би се увериле дека тоа му се случило поради постот, па би рекле: „Ете, гледаш, христијаните умираат од постот“. „Старче“, ми рече, „после толку дена пост, ми се гадеше храната, но се присилував да јадам барем нешто, за да можам да работам“. Но, го мачела мислата што не ги исполнил сите четириесет денови и тоа му го кажал на својот духовник. Тој со расудување му рекол: „И толку колку што си постел, сосема доволно е. Немој да имаш помисли“. Потоа го прати кај мене, за да не остане да го мачи уште некоја помисла. За да бидам сигурен дека неговите мотиви биле чисти, го прашав: „Си се заколнал ли дека ќе постиш четириесет дена?“ „Не сум се“, рече. „Кога зеде од својот духовник благослов за пост, зарем тогаш не ти пана на памет да му ја кажеш својата помисла, т.е. дека имаш намера да бидеш во целосен пост четириесет дена? Да не си ја, можеби, сокрил таа божем добра помисла, за по своја волја да постиш четириесет дена?“ „Не, старче“, рече. Тогаш му реков: „Тоа, се разбира, го знаев, само те прашав за самиот да разбереш дека имаш небесна плата за оние денови што си ги постел, а тие беа сосема доволно и немој да бидеш вознемиреш што не си можел да издржиш четириесет дена. Другпат, меѓутоа, треба да му ги кажеш на својот духовник и своите добри помисли и сè добро што криеш во срцето, а духовникот ќе оцени дали треба да се впушташ во таков подвиг или не“.  Бидејќи имаше големо смирение, благодарејќи на смирените помисли, кои ги негувал, и бидејќи во тој пост влегол со голема усрдност Христа ради, Христос заради тоа го ободрил со Својата божествена благодат. Некој друг да започнеше таков пост, можеби од чист егоизам би рекол: „Зошто и јас да не постам така, ако тоа можел да го направи Христос?“, би постел само ден-два и би се срушил. Тогаш и умот би му се помрачил, бидејќи ќе го напушти благодатта Божја, па би жалел што направил и толку напор, колку што направил. Би можел дури да стигне до тоа и да рече: „Што ми требаше тоа?“

Човекот преку постот станува јагне. Ако стане ѕвер, тоа тогаш значи дека подвигот што го започнал или ги надминува неговите сили или се подвизува од егоизам, па затоа не добива помош од Бога. Меѓутоа, постот понекогаш ги прави питоми и смирени дури и дивите животни и ѕверови. Може да ги видиш како му приоѓаат на човекот кога се гладни. Инстинктивно чувствуаат дека ќе умрат од глад, меѓутоа, ако му се приближат на човекот и побараат храна, можеби ништо нема да им се случи. Имам видено волк кој беше како јагне, затоа што беше гладен. Се симна една снежна зима во нашиот двор. Излегов со братот да го нахраниме добитокот. Носев и фенер. Мојот брат зеде цепаница и го удри дсо неа, но тој воопшто не реагираше.

Ако човек не стигне до тоа што било да прави од љубов кон Бога и кон ближниот, само го губи времето. Ако пости и има горда помисла дека прави нешто важно, залудно пости. Тој после тоа е само како празен шуплив казан во кој не може ништо да се чува. Тури внатре вода, малку по малку, сета ќе истече.
 
Задоволството заради лесниот стомак


Кога човек не се воздржува, го оптеретуваат цели наслаги. Но, ако се воздржува и јаде само онолку колку што му е потребно, организамот тоа го троши и ништо не чува како наслага.

Разновидноста на храната го истегнува стомакот и го зголемува апетитот, а може да предизвика и киселина во стомакот. Ако на трпезата има само едно јадење и не е премногу вкусно, може нема ниту да го изедеме, но ако е вкусно и ствара лакомост, можеби ќе изедеме малку отповеќе. Но, ако на трпезата се најде риба, супа, пржен компир, сирење, јајца, салата, овошје и колачиња, човек може сé да изеде, па и уште да побара. Сето тоа отвара апетит, бидејќи едно се става врз друго. И гледаш, човек без видлива причина не „вари“ ова, не подносува она, а кутриот стомак поднесува и трпеливо вари сé што во него ставаме. Дали некогаш сме го запрашале дали сето тоа го вари и го поднесува? Стомакот, значи, кој нема разум, нé надминува нас во доблеста и се бори да свари сé. А ако еден вид храна не се сложува со друг, се караат кога ќе влезат во стомакот и што ќе прави кутриот тогаш? Тогаш настанува чувство на тежина во стомакот.

- А како, старче, човек да прекине со навиката многу да јаде?

- Треба малку да закочи. Немој да јадеш нешто што ти се допаѓа, за да не отвориш премногу желба за храна, затоа што „шталата“ полека се шири. Стомакот тогаш, како злобен „даночник“, како што вели авва Макариј[6] секогаш бара повеќе и повеќе. После ручекот си ситен и задоволен, но потоа би сакал да спиеш, не можеш ништо да работиш. Но, ако јадеш една врста храна, тоа ти помага да ја пресечеш желбата за храна.

- Ако постои разнбовидна храна, но во мали количини, дали и тогаш, старче, имаме ист проблем?

- Е, проблемот е повторно ист, само мали се… странките и не можат да формираат влада!… Кога разновидноста е голема, тоа е како да се собрале многу… странки во стомакот, па една странка нервира друга, се задеваат меѓу себе, започнува тепачка и пак… проблеми со варењето…

Чувството на ситост од една врста храна е поголемо од чувството на ситост кое го даваат најбираните храни. Кога како дете одев во шумата и имав само еден ѓеврек за јадње, о, не сакав ништо повеќе! Ни најдобрата храна не можеше да го замени духовното задоволство кое го чувствував. Тоа ми беше најголема радост. Меѓутоа, многу луѓе никогаш не почувствувале како изгледа кога стомакот е сит, но лесен. Луѓето на почеток, кога јадат нешто вкусно, чувствуваат задоволство, но потоа се раѓа лакомост, јадат многу и, особено ако се во постари години, чувствуваат тежина и не чувствуваат истовремено и ситост и леснотија во стомакот.

 

[1] Извадок од една химна за преподобните „Пустиножител и ангел во тело “.

[2] Не јаделе до деветиот византиски час, што е до три часот после пладне.

[3] Стара тврдина в Фараса, во која во византиско време живеела посадата заедно со своите семејства, која државата ја одредувала како стража во пограничните области.

[4] Види: Јован 6:5-15.

[5] Види: Мт. 4:2 и Лк 4:2.

[6] Види: Паладиј, епископ Еленополски, „Лавсаик“, стр. 124.

 

Извор: Чувајте душу – Старац Пајсије

Преземено од: Маран Ата



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7595
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная