НАЈДОБАР БИЗНИС Е ОТВОРАЊЕ ФАБРИКА, КОЈА ПРОИЗВЕДУВА ПОЗИТИВНИ МИСЛИ
Ние христијаните треба да ја прифатиме жалоста, а не да се обидуваме да се ослободиме од неа. Жалоста е неопходна како начин кој ќе не` доведе до совршенство.
Живејте на наједноставен можен начин. Не си го отежнувајте сопствениот живот. Премногу удобност ги претвора луѓето во робови.
Кога гледам дека христијаните плачат затоа што им се упокоиле родителите, вознемирен сум, зашто тие или не веруваат или не разбираат дека смртта е само патување во живот од поинаков вид.
Кога се обидуваме да се ослободиме од страстите и никако не успеваме во тоа, тогаш тоа се случува или заради нашиот егоизам или пак заради тоа што ги критикуваме и ги осудуваме ближните.
Би требало да се подвизувате додека сте млади, зашто кога ќе остарите ништо не можете да сторите. На постарите луѓе им пречи дури и провевот кој продира низ клучалката. Во нашево време младите заземаат чуден став: тие би сакале да учат, ама да не одат на училиште ( често учествуваат во училишни штрајкови и сл.), да имаат високи звања без напорна работа и своите факултетски дипломи да ги добијат во кафулињата во кои седат и се забавуваат.
Многу е себично да мислиме дека сме способни да ги поравиме другите луѓе. Нашите ближни кои се упокоиле чезнеат по нашите молитви, како што затворениците чезнеат за посетите на своите роднини.
Многу грешници се спасиле само затоа што не ги осудувале другите и затоа што биле свесни за своите грешки.||
Наша должност е болката на своите ближни да ја направиме своја сопствена.
Свети Пајсиј Светогорец
Подготви: Мина Даниловска
На празникот на Богојавление, лето Господово 2014