логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ЧУДЕСНОТО ВИДЕНИЕ НА МОНАХИЊАТА ЕВПРАКСИЈА

crkva.prozorci.jpgМонахињата Евпраксија, мошне чесна и побожна монахиња од островот Калимнос, во Егејското Море (се упокоила некаде во 1950 година во женскиот манастир на Калимнос), пред доаѓањето во манастир имала чудно виденине, коешто траело три дена. Сите нејзини роднини мислеле дека починала, но не сакале да ја погребат зашто нејзината мајка забележала дека една артерија на вратот покажува знаци на живот. За тоа време, таа, како, впрочем, и голем број свети и богоугодни луѓе, доживеала чудесни виденија од рајот и од пеколот, коишто подоцна со големо внимание – а и според налогот во видението – биле запишани.


Овој текст за нејзините виденија ни го даде старецот архимандрит Амфилохиј Макарис, духовник на женскиот манастир "Евангелизмос", на островот Патмос, кој бил присутен кога е пишуван текстот. Со својот богоугоден монашки живот, тој им бил познат и на голем број световни луѓе. Неодамна блажено се упокоил во Господа, доживувајќи светителски крај. Се преселил во Царството Небесно пред Велигден 1970 година. Игуманијата Ефимија од женскиот манастир "Зоодохос Пиги" на Патмос, каде што ова свое видение го раскажала блажената монахиња Евпраксија, е жив сведок на напишаното.


***


Еден зимски ден, на 28 ноември 1911 година, со еден од моите браќа во Христа, по име Амфилохиј, се упативме во женскиот манастир "Зоодоху Пиги" („Живоносен извор“), кој лежи на западниот крај од малото гратче на нашиот остров Патмос. Таму, по одобрение на игуманијата Ефимија, посетив една монахиња, моја роднина.


Во нејзината ќелија беа присутни и две нејзини духовни сестри коишто, веднаш штом нè забележаа, станаа за да се повлечат, но нашата монахиња, знаејќи дека нашата посета не е заради нешто особено, не им дозволи да заминат. Така, тие останаа со нас. Во меѓувреме, бидејќи започнавме разговор за Божјата промисла за нас луѓето, една од двете монахињи, по име Евпраксија, инаку од островот Калимнос, ни го раскажа ова прекрасно Божје чудо што ì се случило. Откако длабоко издивна, таа почна скромно да раскажува:
„Верувам дека во наше време нема човек со толкава свесност за својата грешност, а да има толку многу докази за Божјата промисла, како што сум јас“ – рече таа и замолчи, трогната. „А кој може – рече втората монахиња со иста таква смиреност – да опише или макар да ја сфати бескрајната шир на судовите на Божествената промисла, чија единствена цел е остварувањето на нашето спасение“?


„Во тој случај, рече повторно смиреноумната монахиња Евпраксија, во слава на мојот распнат Господ Христос и за љубов на Заштитничката на нашата обител „Живоносен извор“, Пресветата Богородица, и за наша душевна утеха, принудена сум денес да ви ги изложам чудесните тајни коишто ми се случија по Божествена Промисла и коишто ме доведоа да се избавам од канџите на световната суета во ова монашка заедница.


Во 1900 година – го започна своето кажување монахињата Евпраксија – во една од оние страшни ноќи, додека бдеев покрај постелата на мојот блажен, тешко болен маж, ме совлада лесен сон, и во сонот видов како се случува голем земјотрес и како, од страв, излегувам од нашата куќа, сакајќи да се спасам. Но, на прагот застанав, запрепастена, здогледувајќи како сиот Калимнос свети од жива светлина. Тогаш, погледнувајќи спрема небото, видов како тоа делумно се отвори: се појави  врата од Исток кон Запад, и низ таа врата здогледав неискажлива светлина којашто доаѓаше од голем број запалени светилки. Вчудовидена од тоа видение, здогледав како низ таа врата се појавува голем Крст, темен по боја, од ореово дрво. Крстот го следеа Ангели, пеејќи небесни песни, а некои од нив кадеа со кадилници, за да ја исполнат атмосферата со прекрасен мирис. Притоа се трудев внимателно да го набљудувам чудесното случување, зашто сакав да видам во која насока ќе се движи поворката. Наскоро забележав дека таа се движи кон местото на коешто стоев. Крстот, пак, тивко и полека застана над мојата глава. Според неговата големина, ми се стори дека е мошне лесен. Се свртев за да го целивам неговото подножје, кажувајќи пригодни тропари на Чесниот Крст, иако не ги знаев баш добро. Крстот, поместувајќи се малку на страна, застана во воздухот. Тогаш го видов одблиску Христос жив, распнат, со трнов венец на главата. Од десната и од левата страна на Крстот видов голем број светии – Чесниот Предтеча, светиот Николај, светата Екатерина со круна на главата, светата Калиопа, Марија Магдалена, Саломија, света Варвара и други. 


Потоа Ангелот Му принесе на Христос венец од бели цвеќиња. Тој го зеде и, приоѓајќи ми, го стави на мојата глава. Не можејќи просто да поверувам во сето тоа, Му реков на Распнатиот: „Да, Господе, тој венац е прекрасен, но јас имам свој.“ Тој, пак, одговарајќи ми, ми рече, насмевнувајќи се притоа: „Венецот што ти го имаш, ќе ти го земам по неколку дена“. Потоа ми покажа светол прстен и ми рече: „Земи го овој прстен и стави го на својот прст за обручение“. Сето тоа, бидејќи беше неочекувано, многу ме зачуди. Но, разбирајќи ја смислата на тоа, му реков на Христос: „Жалам Господе, за ова што го гледам, но јас сум веќе мажена“. А Тој ми одговори: „Венецот што го имаш и тој прстен што го носиш, Јас сум ти го дал, и сега ти ги земам. Погледни за да видиш што ќе се случи со прстенот што го носиш“. Погледнав во прстенот и видов дека се топи и исчезнува. „Затоа сега стави го – ми рече Христос – на прстот овој прстен што Јас ти го давам“. Јас со задоволство го примив прстенот, но не ја кријам вистината дека зажалив што го изгубив својот. Сепак, откако Господ ми рече дека е невозможно да носам два прстена, почувствував дека морам да го примам новиот прстен, и Христос ми го стави на прстот.


Разгледувајќи го внимателно прстенот, видов дека е од злато, и на него беше прицврстен скапоцен камен на кој имаше претставено сидро кое со својот свиткан крај прободуваше една змија во вратот и ја држеше во заби. Восхитувајќи им се на сјајот и на уметноста со која беше изработен прстенот, го запрашав Христос за вредноста на прстенот. „Тој прстен, рече Господ, на земјата е од непроценлива вредност; само на небесата е позната неговата вредност. Прстенот кој е на твојот прст, ја претставува Мојата благодат која, со помош  на светителите коишто треба да ги повикуваш, чува од секое зло. Каменот на прстенот означува непоколеблива вера во Мене, што треба да ја имаш. А сидрото, кое со заби ја држи змијата за вратот, е Приснодева, Мојата Мајка. Кога својата надеж ќе ја положиш во Неа, како во сидро, и топло ќе Ја повикуваш, знај дека Таа во текот на сета твоја борбе против непријателот така ќе ја држи нивната змија, што нема да ти нанесе духовна смрт. Знаеш ли дека си предодредена да се бориш против ѓаволота?“ – „Не“, – Му  одговорив. –  „Знај, тогаш, дека ќе го земам  твојот маж, а ти ќе станеш монахиња. Еве, сега стануваш големосхимница“. Кога го кажа ова, Господ даде знак и светиите околу Него почнаа умилно да пеат. Потоа на Господа му дадоа ножици. Јас, пак, направив три поклони, ја наведнав главата пред Него, а Тој изврши потстриг, ми го даде името Евпраксија, а пресечената коса ја даде на еден од присутните светии. Потоа, Господ ме облече во бел хитон којшто го закопчав до вратот, при што забележав дека сум била боса и гола, и дека Господ ми го даде само тој хитон кој го покрив моето тело. Потоа, откако ми даде свеќа и бројаница, Господ ги повика по име претходно споменатите светители да ме земат за раце и да ме водат во круг околу Чесниот Крст.


Потоа застанав повторно пред Распнатиот, Кој ми рече: „Евпраксија, знај дека ќе се впуштиш во голема борба и дека ќе се бориш против големи искушенија. Но, не очајувај, и не се плаши, зашто прстенот ти е даден за да, имајќи го на ум тоа што е означено на него, стоиш цврсто во верата и во љубовта спрема Мене, за да врз таа вера Мојата Мајка, удирајќи ја главата на змијата (т.е., ѓаволот) како на наковална, ги спречува неговите силни напади против тебе“. Ме обзеде страв, и Го помолив Христа, ако е можно, да ми ја олесни борбата. Но Тој ми одговори: „Можно е, но спрема борбата ќе биде и наградата. Немој да забораваш дека сè е можно за оној што верува, и дека ти е доволна Мојата благодат“. Откако го кажа тоа, Господ даде знак да истурат златни лисја врз мене. На крајот, светителите што беа околу Него ми честитаа, посакувајќи ми да се покажам како победничка над ѓаволот. Потоа Му се поклонив на Христос. А Тој, благословувајќи ме со знакот на Крстот, се врати на небото со сета Своја придружба, со песни и химни.
(Продолжува)

Презеmено од www.Светосавље

 Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3225
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная