логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Nedela.zaSlepiot.jpg

 За многу години празникот на Сеславјанските Рамноапостоли Светите Кирил и Методиј!
Текстот што следува е извадок од обраќањето на блаженоупокоениот Митрополит Филип (Салиба), поранешниот поглавар на Антиохиската Православна Христијанска Архиепископија за Северна Америка, насловено како „Мисии и Евангелизација“; произнесено на Првата Православна Епископска Конференција на Северна Америка, одржана во 1994 година пред соборот на SCOBA (Standing Conference of Orthodox Bishops in America).


Митрополитот Филип (роден Абдала Салиба, 10 јуни 1931-19 март 2014) беше Архиепископ на Њујорк и целата Северна Америка на Антиохиската Архиепископија на Северна Америка од 1966 година па се’ до неговата смрт пред неколку месеци, цели 48 години.
Делот од неговото обраќање што е приложено во овој напис се однесува токму на Светите Кирил и Методиј и како на нивното свето и богоугодно дело гледаат останатите Православни Христијани, поточно кои насоки од нивното скапоцено искуство било применувано при мисијата на Антиохиската Црква во Северна Америка.
***
Мисии и Евангелизација: Обраќање на Првата Православна Епископска Конференција на Северна Америка 1994

...
...После Летото Господово 313-то околностите радикално се изменија, такашто организираните мисионерски потфати станаа нешто нормално. Митрополитот Анастасиј ја дели историјата на Византиските мисии на два значајни периоди:
1.    Периодот помеѓу четвртиот и шестиот век, кој што ја опфаќа Христијанизацијата на империјата и нејзината најблиска околина; и
2.    Периодот од деветтиот до единаесеттиот век, времето на класичното Византиско достигање на Балканот и Русија.

Првиот Голем Мисионерски Период: четврти до шести век
Императорите по великиот Константин се сосредоточија на отстранување на сите траги од паганството во Империјата. До ова време, градските средишта на Шпанија, јужна Галија, Германија, Италија, Македонија, Грција, средна Мала Азија и подрачјето на Црно Море, големата Сирија, Долен Египет и Африка, сите тие го примија Христијанското сведоштво, а исто како и Ерменија, Арапскиот Полуостров и Индија, кои што беа надвор од Империјата...
...
Вториот Голем Мисионерски Период: деветти до единаесетти век
Во 862 година, моравскиот кнез Ростислав, му пристапи на Императорот Михаил III во врска со испраќање на православни мисионери кои што ќе го зборуваат и разбираат Славјанскиот јазик. Тогаш само што беше избувнала војна помеѓу Ромејската војска и бугарскиот кнез Борис. „Борис ја изгуби војната, ги напушти Франките и вети дека ќе ја прими византиската форма на Христијанството“ (Francis Dvornik, Byzantine Missions Among the Slavs, Sts. Cyril and Methodius). Борис беше крстен во 864 година, земајќи го името Михаил во чест на неговиот царски кум. Мисионерска група од епископи и презвитери, помогната од Архиепископот Јосиф, беше испратен во Бугарија. Тие беа придружени и од група на архитекти, сликари и останати занаетчии потребни да се изградат и украсат цркви.
За време на Борисовиот син, Симеон, богословските книги беа преведени од елински на говорниот славјански јазик. Потаму на север, во Моравија, мисионерската работа добро напредуваше под закрилата на кнезот Ростислав, кој што му напишал на Императорот Михаил:
„Нашите луѓе го отфрлија паганството и го следат Христијанскиот закон, но немаме учител кој што ќе ни ја објасни вистинската Христијанска вера на наш јазик, на начин таков што, гледајќи го тоа, дури и другите народи можеби ќе не последуваат во истото. Испрати ни тогаш, Господару, таков епископ и учител, бидејќи од тебе секогаш зрачи добриот закон.“ (Francis Dvornik, Byzantine Мissions...)
На Моравците не им беше веднаш испратен епископ, но тие примија двајца исклучителни евангелисти, Светите Кирил и Методиј. Овие двајца браќа беа израснати во Солун, во регион каде што имаше огромно Славјанско население, така што тие уште од детството го знаеја нивниот јазик. Двајцата браќа беа високо образовани во богословие и философија и имаа искучитено познавање на грчкиот, еврејскиот и сирискиот јазик.
Во 863 година, Кирил измисли азбука која што совршено му прилегаше на фонологијата на старославјанскиот јазик, па започна со задачата на преведување на Светото Писмо и богослужбата.
„Целиот тој склоп на славјанска книжевност, вклучително и Библијата и богослужбите, изигра клучна улога во Христијанизацијата на Русија. Влијанието на Светите Кирил и Методиј далеку ги надмина нивните сопствени напори и достигања. Не е ни чудо што тие се спомнуваат во богослужбите како рамноапостолни, евангелизатори на Славјаните.“ (Francis Dvornik, Byzantine Мissions...)
Би сакал овде да ја нагласам генијалноста на Светите Кирил и Методиј во фактот што на новопокрстените Славјани не им го наметнаа грчкиот јазик. Тие го користеа народниот јазик во богослужењето и ги учеа преобратените во христијанството да го слават Бога на нивниот јазик.
Вториот значаен елемент на Славјанската мисија беше користењето на домородно свештенство. Наместо да им наметнуваат на Славјаните свештеници однадвор, преобратените беа ракополагани за да се грижат за духовните потреби на народот. Би сакал и Ерусалимската Патријаршија да ја научи оваа скапоцена лекција од Светите Кирил и Методиј пред да биде премногу доцна.
Нагласокот на домородноста водеше до теретиот елемент-самосвојноста на Црквата. Православното канонско право дозволува воспоставување на локални цркви, но Мајката Црква и мисионерската Црква не биле секогаш на истата бранова должина за тоа кога и како ќе се додели автономија и автокефалност. За несреќа, овој проблем сеуште го нарушува мирот на Црквата денес.
По падот на Цариград во 1453 година, мрачна ноќ се спушти врз мисијата на Православните цркви на Источното Царство. Но, Господовите патишта кој ќе ги искаже! Светилото згаснато во Константинопол продолжи силно да свети преку длабоката духовност и мисионерската ревност на Руската Црква. Мисии се распослаа во северна Русија, а Алјаска беше посеана во 1794 година. Деветнаесеттиот век беше наречен „великото столетие на Руските Православни мисии“. Мисии беа воспоставени во Јапонија, Кореа и Кина.


Во сите нивни мисии, Руските мисионери го следеа примерот на Светите Кирил и Методиј.
(прилогот го подготви ипоѓакон Ѓорѓи Ѓурчиновски, Columbus, Ohio; преведено од изворникот: Joseph J. Allen, And He Leads Them: The Mind And Heart of Philip Saliba, Conciliar Press 2001, стр. 373-378)

 

24-ти мај, лето Господово 2014

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3128
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7602
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная