логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Jeromona.Serafim.Rouz.jpg

ЈЕРОМОНАХ СЕРАФИМ РОУЗ

Нашето време е учено да верува во ништо повисоко од човековиот ум и од идеите на тој ум; затоа конфликтите на нашето време се „идеолошки" и затоа Вистината не е во нив. Затоа што вистината е само во живата заедница со живата Вистина, Христос; надвор од Него нема живот, нема Вистина.

А Он знае како е со нас... знаеме дека постоењето е страдање, и знаеме дека нашиот Господ не љуби и дека заради таа љубов пострада многу повеќе од најголемиот светител; го знаеме ова и пак се осмелуваме да се 'сомневаме', да го принесуваме нашето ништожно испрашување за 'значењето' на се. О злобен човеку! Прими и страдај повеќе, и моли Му се на Бог - не за нешто, не од некоја причина, само дај Му ги твоите искрени молитви и солзи. Он го знае 'зошто-то' на нештата. Он знае се.

Да се биде философ - не 'професионален' или 'академски' философ, туку човек за кого да живее е да размислува - значи многу да се страда... Но, најголем 'философ' е оној што размислува докрај, и конечно го прифаќа она што е над мислата. Но, да се дојде дотаму е да се биде повеќе од философ; тоа е целосно да се биде човек.

Совршенството е она во кое човекот е спокоен; но човекот може да биде спокоен само во Бог, затоа што само Бог е совршен, а несовршенствата на овој свет и на луѓето само не водат кон она што е вистински совршено. Меѓутоа, современиот човек сака да биде спокоен во овој свет и затоа мора да го направи совршен; а бидејќи очигледно не е, мора да го направи таков. Оттука идеалот, утопискиот карактер на сите рационални сплетки на светот. Без утопија современиот човек ќе очајува и со голема сигурност, кога би се лишил од неа, тој би очајувал. Во нормално време тогаш би се свртел кон Бог, но повеќето луѓе денес не веруваат дека Он постои, па затоа очајот е залуден и самодеструктивен. Изборот пред човекот е секогаш истиот: совршенство во овој свет или совршенство во другиот. Човекот не е создаден да може да живее без некаков вид на совршенство. Значи, за современиот човек изборот е: рационална утопија или Бог.

Ако не Го најдеш Христос во овој живот, нема да Го најдеш ни во следниот.

Монаштвото, мачеништвото, страдањето од некоја неизлечлива болка се едно и исто, нешто духовно. Барај од Господ да ти даде не само помош и раководство, туку и мачеништво, страдање, пат каде што ќе можеш да вложиш краен напор, „да се вклучиш", да станеш оган за да Му служиш на Бог.

Страдањето е стварност на човековата состојба и почеток на вистински духовен живот.

Вистинскиот пристап се наоѓа во срце кое се обидува да се смири и кое едноставно знае дека тоа е страдање, и дека некако постои повисока вистина која не само што му помага на ова страдање, туку може да го воведе во потполно друга димензија.

Дали постои посебен орган за примање откровение од Бог? Да, во одредена смисла постои таков орган, иако обично го затвораме и не му дозволуваме да се отвори: Божјото откровение му се дава на нешто што се вика 'љубовно срце'...

Во светоотечката терминологија под 'срце' не се подразбира некакво си чувство, но нешто многу подлабоко - органот кој што Го познава Бог. Срцето е и духовно и физичко: духовно, тоа е центарот на човековото битие утврдено со неговиот ум (дух); физички, тоа е органот каде умот го наоѓа своето тајно пребивалиште. Собран во физичкото срце, умот повикува кон Спасителот и таквиот крик на срцето, произлезен од болка и очај, а сепак надевајќи се во Бог, ја привлекува Божјата благодат. Ова особено се забележува при практикувањето на Исусовата молитва.

Во светоотечките текстови 'болката на срцето' обично се однесува на силно внатрешно страдање, носење на внатрешен крст додека се следи Исус Христос, и дух скрушен во умиление.

Светоотечкото учење за 'болката на срцето' е едно од најважните учења за нашето време кога интелектуалното знаење е пренагласено, загрозувајќи го правилното развивање на емоционалниот и духовниот живот... Недостатокот од ваквото суштинско искуство е она што, пред се, е одговорно за дилетантизмот, плиткоста, потребата од сериозност во обичното проучување на светите Отци денес; без тоа не може да се применат учењата на светите Отци во својот живот. Човек може умствено да достигне до највисокото ниво на разбирање на учењето на светите Отци, може да ги знае 'сите можни' цитати од светите Отци на секоја можна тема, може да има 'духовни искуства' кои „наликуваат" на оние опишани во светоотечките книги, дури може совршено да ги знае сите замки во кои е можно да се падне во духовниот живот, а сепак, без болка на срцето да остане бесплодно смоквино дрво, досаден 'сезнајко' кој секогаш е во 'право', или експерт за сите денешни 'благодатни' искуства, кој не знае и не може да го пренесе вистинскиот дух на светите Отци.

Нам, на кои ни е дадена полнотата на вистинското Православие, сме обврзани да работиме на себеси, да внимаваме на знаците на времињата и да бидеме крајно радосни, како што свети Павле постојано вели: „Радувајте се во Господа, и повторно ви велам: Радувајте се! (Филимон 4, 4). Се радуваме затоа што имаме нешто што ниту смртта, ниту трулежноста на овој свет не можат да ни го земат, а тоа е - вечното Царство на Исус Христос.

Извор: Премин бр. 95-96



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная