логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 






 

Прочитав некаде кај старец Софрониј, ми се чини во едно од писмата до јеромонах Димитриј (Балфур): „Благодатта доаѓа во срцето кое страдало“. И кај апостол Павле одново и одново читам и препрочитувам: „Оти како што се умножуваат Христовите страдања во нас, така се умножува и утехата наша преку Христа“ (2 Кор. 1,5).

Во саботата на сеноќното бдение, гледав на полиелејот на иконата на свети Григориј Палама и размислував за неговиот чудесен живот, за Таворската светлина, чија природа тој премудро ја објаснил и во која сам пребивал – преобразувајќи се, просветлувајќи се, „стремејќи се кон гората“. Во каква благодат живеел! Но тогаш некое сечило ми го прободе срцево – а како само страдал!

Но не само тој, туку и воопшто секој кој со тек на време од роб станувал пријател Божји, Негов угодник, се уподобивал на Бога онолку колку што е тоа можно за човекот. Без разлика за кого и да зборуваме: за мачениците и страстотрпците, за светителите и преподобните, за праведните жени и Христа ради јуродивите, сите тие страдале. Само што нивните страданија биле разновидни, некогаш телесни, некогаш душевни, некогаш предизвикани од неблагонамерните луѓе, а некогаш од демоните, злобни и нечовечни.

Но никој, апсолутно никој, вели Исак Сирин, „не се вознел на небесата, живеејќи млак живот“. И тоа укажувало и укажува, свидетелствува, дека Бог промислува, за оној човек кому му испраќа непрестајна скрб. На ова авва Исак додава дека не постои друг пат што доближува до Христа, освен патот на скрбта (=болката).

Она што е чудесно, е дека тој радосно пишува за ова, празнува и ликува. Но тоа не значи дека тој не го чувствувал таговното осило кое го ранувало неговото срце! Ако не го чувствувал, тогаш тој не би пишувал за страстите на униние и очајание така мудро и прецизно. Сигурно е дека го мачело слепилото кое засекогаш му ја одзело способноста да го чита Светото Писмо и делата на другите отци!

А на другите светители – зарем ним не им здодеал овој живот!? „Но навечер настанува плач, а изутрина голема радост“ (Пс. 29,6). Радост. Од каде ли се раѓала таа? Зарем не од разбирањето на вистината, за која така уверено зборува свети Исак? Зарем не од разбирањето за неа со сето нивно битие, зарем не од претопувањето во неа со сета нивна душа? Најверојатно, оттаму.

Еве, и ова е чудесно: и ние ги читаме неговите „Подвижнички слова“, ги читаме „Душеполезни поуки“ на преподобен авва Доротеј, ја читаме и „Лествица“, и Новиот Завет и уште многу други. И еве, да претпоставиме дека сè знаеме. Тогаш во што е работата? Оти тешкотиите не нè радуваат, и покрај тоа што знаеме дека се тие лекарство, кои ни се дава од раката на најискусниот и најмудриот Лекар? Зошто постои толкава разлика помеѓу нас и светиите? Зошто се тие свети, а ние грешни? Зарем не сме сите луѓе, слични едни на други во сè, со речиси исти почетни услови?

Многу пати ми се случило да се најдам во разни болници. И ми се случувало да видам како едни болни се радуваат на операцијата или на процедурата која може да помогне. А други пак се подготвени да се борат со докторот, само за да ја избегнат болката без која е невозможно да се исцелат. Ми се чини дека токму во тоа ние се разликуваме од светиите, кога изнемоштуваме од она малку што Бог допушта да потрпиме. Ги симнуваме завоите, ја оттурнуваме грижливата рака, бегаме од болница некаде во ноќта, во ладнотија, по дожд, во темнина.

Зарем не е чудно, што ова е многу тешко за нас? Господ се бори за секоја душа, за секој човек – со неговите страсти се бори, со ѓаволот, со самиот човек. Светиите во таа борба за нив самите војувале со Господа на една иста страна. А ние многу често војуваме против Него.

Многу често посакуваме оваа борба да заврши, сакаме на крај не пред некој друг, туку пред Него, да се предадеме. Но да го прифатиме без ропот, без смешен, непокорен отпор сето тоа што Он за нас го приготвил, да се смириме, да се поклониме под тешкиот мачен јарем. И наеднаш, неочекувано за нас, да ја почувствуваме скриената во нив радост, која од нив не ја гледаме.

Игумен Нектариј Морозов

Извор; Агапи

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2074
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 537
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная