логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

starec Sofronij



 26/09/2015   Поуки - совети

Пред нас стои БЕСКОНЕЧНО ВЕЛИКИОТ Бог, Кому сакаме да Му служиме, но во нас самите живее нешто, математички кажано, БЕСКОНЕЧНО МАЛО: нашата егоистична свест. Ако нашиот ум се движи од апсолутното и позитивно битие кон тој облик на постоење што ни е даден и што го носиме во себе, тогаш растојанието навистина изгледа толку колосално што, кажано на старословенски, „изумеваемо“.

Но, во што се состои контрастот и зошто ми е тешко да зборувам за тоа? – Затоа што тоа што нам ни се чини совршено недостапно, за Бог е лесно и можно. Кога во Евангелието апостолите кажуваат: „Ако е така, кој може да се спаси?“, односно ако Христовите заповеди ја надминуваат нашата свест и нашата сила, тогаш Господ одговара: „За луѓето тоа е невозможно, но за Бог сѐ е можно“(види: Мт. 19, 25-26).

Се повторувам, но повторувањето е неопходно зашто неговиот плод ќе биде познание. Еве, повторно сакам да ви укажам на примерот на Господ Кој се искачил на Голгота за да го спаси целиот Адам[1]. Димензиите на Христовата свест по малку ни се откриваат во Црквата, јавувајќи ни ги вистинските димензии на Неговите постапки: смртта Негова ја опфатила целата твар, целиот Адам. И колку тоа е далеку за нашата свест! Ние живееме во мало братство[2]. И треба уште толку многу и усрдно да се молиме – со плач и болка во срцето, за Бог да ни даде да сфатиме дека тоа е наше семејство, дека ние сме сопатници во нашиот подвиг во последувањето на Христовите стапки. Ако ние дури ни тој мал круг луѓе сѐ уште не го носиме во својата свест, како тогаш е можно да го доживеваме целиот Адам во вековите и пространствата? Очигледно дека „за луѓето тоа не е можно“, како што рекол Господ.

Но, еве, сите вие ги знаете нашите современици – Серафим Саровски и Силуан Светогорец. И Серафим Саровски и Силуан имале приближно дваесет и осум години кога Го виделе Христос. И најблиску ни е, се разбира, Силуан. Тој почнал да се моли за целиот Адам, со голем плач, повеќе отколку за самиот себе. Како на крстот „ВО ЕДИНОМ ЧАСЕ разбоиника раеви сподобил еси“, така е и со Серафим и Силуан: тоа бил само еден миг кога им се јавил Христос. И за тој миг Господ им ја предал Својата состојба и размерите на Својата свест. За Силуан повеќе не постоел Адам од првите библиски страници како некаква „идеја“, „легенда“ или совршено безумно поетско замислување. Не! – Тоа била реална состојба, при која целиот Адам се доживува во внатрешноста на човекот. И така, патот за нас, од една страна, е толку далеку, а од друга – толку краток: Христос нѐ стигнува во еден миг.

И кога се движиме помеѓу тие два пола – бесконечно великиот Бог и нашата бесконечно мала егоистична состојба после Адамовиот пад, како тогаш тоа да се поврзе, како да се зборува за тоа? Вековното искуство на Црквата покажало дека таквите случаи, како што се Серафим и Силуан, се сосем ретки во историјата на Црквата. Можеби затоа што нема потежок аскетски пат од патот на оние што од самиот почеток Го виделе Христос. Секој од нас одвај и да почнал да живее во Христос, а веќе страда од несогласувањето и конфликтот помеѓу Христовата и нашата свест, со светско постоење. Христијанинот нема каде да ја прислони главата своја (види: Мт. 8, 20). Но не им е дадено на сите да ја доживеат таа состојба во еднаква мера. Бидејќи духовен темел на нашето овдешно постоење е животниот пример, молитвите и списите на нашиот возљубен отец Силуан, во нашата свест ја носиме идејата дека за Бог сѐ е можно во еден миг, но самите ние одиме по патот што ни го препорачуваат Отците, односно – постепено, преку секојдневен подвиг во молитва, усвојување на свеста Христова, Кој се искачил на Голгота. Вие, се разбира, веќе знаете и верувате и живеете со свеста дека Христос нѐ искупил сите нас и дека секој од нас, без оглед колку е мал и ништожен, пребива во Неговата свест од вековите. Ако тоа го носиме во себе, тогаш нашиот ум, се разбира, ќе биде насочен кон искачување на Голгота, и целиот наш живот ќе се движи во друга насока. Несомнено, содржината на секој миг на битието ќе биде поголем отколку во нашиот претходен живот.

Некој од новодојдените ме праша: „Како може да се прими духот на покајната молитва?“ Од прашањето е очигледно дека тој што ме праша не доживеал трагично ниту еден грешен миг, и тоа ме радува – значи, дошле кај нас сѐуште непоразени до крај од состојбата на светот што нѐ опкружува. Но, тоа воопшто не значи дека сме свети и дека немаме грев. Секако, гревот присуствува во нас во целиот свој обем, но во таа состојба во која сме дошле, тоа самите не можеме да го видиме. И никој од луѓето не може да ги знае димензиите на гревот на секој од нас пред Бог. Тоа го знае само Бог. Така и Господ им зборувал на Своите современици: ако не поверувате дека сум Јас, Кој му се откри на Мојсеј на Синај, ќе умрете во гревовите свои (види: Јн. 8, 24). Секако, без Христос, без Светиот Дух, ние не можеме да го видиме гревот. Всушност, би требало цели години да ја читаме молитвата на свети Ефрем Сирин: „Дух на целомудреност, смирение, љубов, долготрпение, покајание, умиление и послушност дарувај ми. ДАРУВАЈ МИ ДА ГИ ВИДАМ ПРЕГРЕШЕНИЈАТА МОИ…“ И во својата свест тоа треба да го носиме секој ден: тивко, без никакви нејасни надворешни гестови. На тој начин постепено ќе се прими сликата дека Адамовиот грев е грев на сите нас. И тогаш во нас се раѓа молитвата на покајание – за себе, а потоа до крајот – за целото човештво. Да се препороди нашата падната природа и да се направи да биде сосем осветена со Христовото слово и дејство – живот според заповедите Негови, е задача што обично бара многу години. И така, во манастирот го започнуваме нашиот од кон Христовата свест, зголемен до космички и наткосмички димензии.
 

***

Ние ги оставаме сите и сѐ да живеат на земјата онака како што тие сакаат: ние немаме никакви права над нив. За нас, целиот живот исходи од лицето на Самиот Бог, како што тоа го гледаме кај Христос. Според Евангелието, Он го вршел Своето дело обратно од Адамовото во Рајот, и цело време во Својата свест Го носел Отецот и со Него разговарал – со Отецот, а не со оние што Го распнувале и убивале. За нив Он рекол: „Господи, прости им оти не знаат што прават“ (види: Лк. 23, 34); и пред Него било волно страдање, обратно од тоа како што постапил Адам.

Во што се состои нашиот подвиг? – Во тоа да ја победиме нашата индивидуална гревовна волја и да станеме носители на сознанието на Самиот Бог, односно Христос. Во што се состои задачата? – Во тоа да мислиме како што мисли Самиот Бог, и во тоа да ги гледаме нештата како што ги гледа Самиот Бог. И од малите работи се добива резултат огромен, величествен, кој може да го порази секој човек: „А како е тоа возможно?“

И така, да ни подари Господ на сите нас, драги мои браќа и сестри, во себе да ја носиме Христовата свест и по малку, трпеливо, секој ден, да го носиме подвигот на отсекување на својата индивидуална волја за да влеземе во текот на предвечната и вечна волја на Самиот Бог: „Да биде волјата Твоја на земјата како и на небото“ на срцата наши. И кога ќе се најдеме во тој сесветски, и претсветски, и натсветски тек на волјата Божја, тогаш ќе почувствуваме дека во нас, во нашите жили, потекол вечен живот. И тогаш тоа што било логички невозможно за нас, одеднаш ќе стане факт на нашиот живот.

 
Старец Софрониј (Сахаров)

[1]Види: Тропар на 6-от час.

[2]Беседата е обраќање на Старец Софрониј кон браќата и сестрите во манастирот, посебно кон новодојдените.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3118
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7588
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная