логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ЗА МОЛИТВАТА НА КОЈА И СЕ ОТКРИВА БОГ - ВИСТИНАТА

Тој е Светлина и Вистина. И кога оваа Вистинска Светлина (Јн. 1, 9) ќе не опфати, тогаш ја живееме Неговата љубов и Премудрост, ние во радост пребиваме и врз нас се симнува длабоко познание, не како мисла, туку како состојба на нашиот дух.

Он е Оној Кој Е.
 Во Него нема ни почеток ни крај. Он самиот е почеток – принцип на се` што постои и бескраен крај на сите наши очекувања.

Ние во срцето свое „осознаваме“, дека Тој сака нас да не види совршени, не помалку отколку што е Тој Самиот (Мт. 5, 48).

Исцрпени од тиранијата на ниските страсти, ние, природно го молиме Благиот Господ, Неговиот Дух да почива  на нас.
 Духот на разбирањето на патиштата на Неговото спасение.

А окрепени од овој Дух, ние гледаме дека во трагичните искушенија се ослободуваме од последиците на падот;
дека во страдањето се проширува нашето битие и  ние стануваме отворени за други големи светови.

Ние ја преовладуваме затвореноста - егоизмот на ѕверскиот индивидуум: излегуваме од половина -животнската состојба  во која не  го знаеме нашиот Творец.

 Сфаќајки, дека за мене, кој сум создаден  од „ништо“,  неопходно е да поминам низ огнена болка за подлабоко да го спознаам, јас  со благодарна љубов ја примам оваа  света болка.

Таа е преполна со смисла; таа ме посветува во тајната не само на тварното, туку и Нетварното.
Благодарение на неа, јас станувам сочувствителен:
 низ болката  јас  со духот ги гледам  сите други кои страдаат;
 во мене се вселува љубовта Божја, во почетокот како страдање на сета твар, а во идниот век, како блаженство на видението на спасените во неминливата слава.

Мала дигресија: ова што  всушност е  кажано не значи дека ние негуваме  „долоризам“ на психичкиот карактер.
Ни најмалку.

Оној кој поминал низ метафизичките страдања  на духот, ќе сфати дека таа „болка“ е нешто квалитетно поинакво: неопходна „етапа“ на нашиот развој од земните димензии до космичките,  и дури  повеќе од тоа: вечните. 

Не зборува ли исклучиво за тоа благата вест Христова:
Евангелието?

Откако човекот ќе почне да го разбира местото на крстот во нашиот живот во Бога – тој на друг начин „оди на  крстот“ (Лк. 14, 27) .
Тој поинаку и го разбира крстот.

 Сега тој го прима како повик од Отецот Небесен
(Јн. 6, 44; Јн. 18, 11).

Во него, во крстот, како и во Чашата Господова, се остварува спрега на моето тварно со Божественото несоздадено Битие.

 Во знак на тоа, ние и го целуваме крстот со кој свештеникот ги благословува верниците во храмот.

Ние не ја одрекуваме реалноста на минливото; на христијаните им е својствено истовремено да пребиваат  –  на временски и на вечен план.

Ние и самото време го сфаќаме како некој чудесен процес во кој Бог од ништо создава. Нему слични богови.

 Кога тварното ќе ја достигне својата совршеност-довршување, тогаш го слушаме
 „И ангелот, кого го видов да стои над морето и над земјата, крена рака кон небото
и се заколна во Оној, Кој живее во веки веков  ( Отк. 10, 5-6).

Господ за Себе рекол: „Јас сум Вистината.“ ( Јн. 14, 6). Како сведоци за тоа Он ги призвал Својот Отец и Духот Свет.

 Не без напор, во текот на низа години покајна молитва, се стекнува сфаќањето за оваа страна на Божественото Битие.

Колку повеќе го следиме Господа во исполнувањето на Неговите заповеди, толку поширока и подлабока станува нашата личност.

 Така, кога ние самите се приближуваме до реализација во нас на принципот на Персона, во којшто, пред сè, е изразен во нас образот Божји, тогаш од свое искуство гледаме дека на нашата персоналност, заради нејзиното остварување, ѝ е нужна средба со друга, па и со други персоналности.

 При вистинската „средба“, во нас се одржува не само подобието на принципот на личност во Божеството, туку и образот на внатретроичниот живот:
 ни бидува дадено да ги засакаме сличните на нас луѓе во молитвата за целиот свет:
 да го живееме целокупното човештво како единствен Човек.

Со ова искуство ние стекнуваме ново сознание, животно сознание:
личноста по својата природа, по структурата и карактерот не живее една-осамена, туку постојано во љубов кон друга, друг, на себе сличен.

Во актот на љубовта личноста ѝ го носи одговорот на другата личност и со тоа сведочи за неа.

Превод : Мина Даниловска

(Извадок од книгата „Гледање на Лицето Божјо“  од Архимандрит Софрониј)



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2074
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 537
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная