логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Отец Пајсиј секогаш нè поттикнуваше да мислиме позитивно. Меѓутоа, нашите добри помисли не треба да ни бидат крајна цел. Нашата душа конечно мора да биде очистена дури и од нашите добри помисли, имајќи ја како своја единствена одежда божествената благодат, која ни е дадена на Светото Крштение. „Нашата цел е“, обично велел, „целосно да го покориме својот ум на Божјата благодат. Единственото што Христос го бара од нас е нашето смиреноумие. За останатото се грижи Неговата благодат“.

На почетокот треба да се обидуваме да развиеме добри помисли, кои постепено ќе нè одведат кон совршеното добро, кон Бога, Кому Му припаѓа секоја слава, чест и поклонение; а нам, напротив, ни припаѓа само понижување на нашето суетно однесување“.

„Секогаш мораме да бидеме внимателни и да се замислиме над природата на нашите помисли. Кога некој е обземен со сопствен начин на мислење и има доверба во него, лесно може да биде повреден од ѓаволот, кој е способен да нè претвори во лукави луѓе, дури и доколку сме по природа простодушни.

Постарите отци никогаш не им верувале на сопствените помисли. Се молеле на Бога дури и кога станувало збор за помали проблеми, на кои требало да дадат одговор, или, пак, постеле, за некако да ја „принудат“ божествената благодат да им го открие одговорот, кој е во согласност со волјата Божја; и одговор ќе даделе дури тогаш, откако ќе добиеле „информација“.

Кога некој во нашево време има сериозен проблем и бара совет, ние го прекинуваме и му нудиме одговор, пред да дозволиме тој да го постави своето прашање. Во тој случај, не само што не чекаме помош од божествената благодат туку, истовремено, ја злоупотребуваме и логиката која Бог ни ја дарувал. Со нас управуваат нашите помисли и ние ни најмалку не се двоумиме да се потпреме на нив, но, исто така, многу често мораме и да се соочиме со поразувачкиот исход на нашите постапки“.

Речиси сите ние ги сметаме своите помисли за едноставни и природни и затоа спонтано се потпираме на нив. Напротив, не би требало да имаме доверба во нив, ниту да ги прифаќаме. Во својот ум или срце не би требало да имаме дури ниедна помисла, ниту добра, ниту лоша, бидејќи тоа место во нас ìприпаѓа на божествената благодат. Наша обврска е да го зачуваме чисто, не само од помисли, туку и од најблагото и најнедофатливото колебање на духот. Тоа можеме да го постигнеме единствено ако горешто Го сакаме Христа и непоколебливо веруваме во Него. Со ова ќе придобиеме смиреноумие и божествената благодат ќе се обнови во нас, зашто таа им се дарува на смирените: Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат (1. Петр. 5, 5).

„Мораме да имаме добри помисли, инаку никој од духовните отци, па дури ни светителите, не можат да ни помогнат. Кога Христос бил на Крстот и кога се случувале сите оние ужасни работи, со Него биле распнати и двајца разбојници… А во шестиот час настана темнина по целата земја, до деветтиот час (Марко 15, 33)… И наеднаш се расцепи црковната завеса на два дела, од горниот крај до долниот; и земјата се затресе; и карпи паднаа; и гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа; па како излегоа од гробовите, по воскресението Негово, влегоа во светиот град и се јавија на мнозина (Мат. 27, 51-53). Секој од нив имал различен став кон Него; иако обајцата се наоѓале покрај еден и ист Бог, Бог, Кој никого и никогаш не го укорил или осудил дури ни за најмал грев. Напротив, Он им помогнал на многу луѓе; некои биле исцелени од тешки болести, некои воскреснале и сите тие чуда се случувале пред очите на јавноста, а сега, дури и природата се побунила против неправдата која му била сторена.

Разбојникот распнат на левиот крст во својот ум изградил „фабрика“ која произведувала само лоши помисли. Еден од распнатите злочинци хулеше на Него, велејќи: Ако си Ти Христос, спаси Себеси и нас! (Лука 23, 39). Иако можел да види што се случува околу него, никогаш не се распрашал за ова. Оној од десната страна, кој размислувал позитивно, реагирал на следниов начин: А другиот, кога одговори, го искара и рече: „Зар и од Бога не се боиш, кога си веќе и сам осуден? Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела; но Он ништо лошо не направил“. И Му рече на Исуса: „Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!“ (Лука 23, 40-42). Обајцата разбојници помеѓу себе го имале распнатиот семоќен Бог Кој можел да им помогне. Негативниот начин на размислување на разбојникот од левата страна го спречил Бога да му помогне, додека оној од десната страна – кој извршил страшни злосторства и за нив бил праведно казнет – бил во состојба, со својот позитивен став, да го поттикне Исуса, да му рече: Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот! (Лука, 23, 43).

Треба да имаме на ум дека Бог „не може“ да ни помогне, дури и ако Он тоа навистина го сака, додека не стекнеме позитивен начин на размислување.

Во врска со духовниот раст на монахот – ученик, за него е поважно да развие добри помисли, отколку да го раководи духовен отец, кого го сметаат за жив светител…“

Разгледувајќи ја оваа тема од друг аспект, старецот Пајсиј ја истакнувал посебната карактеристика на љубовта, односно, дека љубовта не се срди, не мисли зло (1. Кор. 13, 5). Обично велел дека „никогаш, ни во најлоши прилики, не треба да им дозволиме на лошите помисли да навлезат во нашата душа. Личноста која во сите прилики е наклонета кон добри помисли секогаш ќе биде победник; нејзиниот живот ќе биде постојан празник, зашто, постојано е втемелена на добри помисли. Нашите постапки зависат и предодредени се од „машината“ која ја имаме во себе, а не со „материјал“ што го внесуваме од околината во која живееме. Ќе ви наведам еден пример, па така, подобро ќе сфатите што сакам да кажам:

Ако некој има машина која произведува куршуми и ја „храни“ со материјал од највисок квалитет, да речеме со злато, машината тоа злато сепак ќе го претвори во куршуми, златни, но смртоносни куршуми; доколку, пак, ја храни со сребро, тогаш ќе прави сребрени куршуми; доколку, пак, со железо – железни, а ако ја храни со глина, тогаш и куршумите ќе бидат глинени. Со други зборови, без разлика со кој материјал ја храни машината, таа сепак ќе прави куршуми, зашто е направена затоа да ги прави тие смртоносни производи. Доколку некој направи таа машина наместо куршуми да произведува свети путири тогаш таа, без разлика на материјалот со кој се „храни“, ќе произведува свети путири. Ако во машината внесе глина или железо, таа, според материјалот, ќе произведува глинени или железни путири.

Сега ќе ви ја раскажам приказната која се однесува на еден многу стар монах од Капсала. „Машината“ на овој старец била од оние што создаваат само добри помисли. Во животот гледал само добри работи и бил слеп за секое зло. Еднаш го посетила група луѓе и му подариле мал радиоапарат. Стариот монах го зел во рацете и го проучувал со голем восхит. Запрашал каде е произведен, а посетителите му одговориле дека е направен во Јапонија. Додека го набљудувал, ненадејно се исполнил со радост и почнал да го бакнува радиото велејќи: „Слава на Бога!“ Посетителите го запрашале зошто Го прославува Бога и тој им објаснил:

– Гледајте, многу сум среќен што јапонските христијани го ставиле знакот на светиот Крст врз производ што го направиле.

Стариот монах го забележал позитивниот и негативниот пол (+ и -) на батериите и помислил дека тоа е знак на Светиот Крст. Неговиот ум создавал едноставна и позитивна мисла за радиото кое му го донеле посетителите, иако бил подвижник, и можел да развие негативна мисла и да се разлути на нив што му донеле таков непристоен поклон.

Еднаш некој го запрашал истиот тој монах, зошто се осенува со крсниот знак, кога здогледува авион, а тој простодушно одговорил: „Зарем не гледаш, дете мое, дека неговиот облик потсетува на знакот на Светиот Крст?“

Стариот монах ги омаловажувал лошите помисли поврзани со појавата на авионот, како што се, на пример, војните и бомбардирањата. Неговиот ум ја привлекол сличноста на овој облик со знакот на Крстот; изгледот и вревата на авионот направиле да помисли на распетието Христово“.

 
***


„Пред неколку години отидов во Атина поради една работа и во таа прилика престојував во домот на еден брат христијанин. Крајот во кој живееше беше многу бучен, со оглед на тоа што куќата беше сместена недалеку од главниот пат. Пријателот ми кажа дека ноќно време тешко може да се заспие, поради што, почнал да зема апчиња за спиење. По вечерата, ме одведе во собата и рече:

– Старче, ова е вашата соба и се надевам дека ќе успеете да заспиете наспроти сообраќајната врева.

Кога следното утро излегов од собата, пријателот ми рече:

– Поради оваа страшна врева цела ноќ не можев да заспијам, а вие?

– Никогаш не сум спиел толку добро, дури ни на Света Гора.

Тогаш му раскажав што се случуваше од моментот кога влегов во собата. (Во тоа време, беше војната во Виетнам и во вестите секојдневно слушавме страшни приказни, поради што, се молев на Бога да помогне на луѓето во Виетнам).

Кога влегов во собата, клекнав покрај креветот. Ги ставив главата и рацете на креветот и почнав да се молам за сите војници кои се борат и гинат во Виетнам. Можев да ја чујам сообраќајната врева, но, бидејќи мојот ум беше сосредоточен на војната во Виетнам, ја преобратив сообраќајната врева во вревата што ја создаваат тенковите додека рушат згради и убиваат луѓе. Во еден момент, помина мотор чија врева ги потресе стаклата на прозорите; веднаш таа врева ја поврзав со авионите кои го бомбардираат Виетнам и можев да видам како убиваат беспомошни деца и старци. Во себе почувствував голема болка и почнав да плачам поради состојбата во Виетнам. Се презирав самиот себеси поради тоа што уживам во раскошот на вкусното јадење и чистата соба, што немам никакви проблеми. Додека плачев, се исполнив со тивко духовно спокојство и најпосле заспав покрај креветот. Сообраќајната врева ни најмалку не го нарушуваше мојот сон, зашто моите мисли беа насочени кон страдалните луѓе во Виетнам.

Вие можете истото да го направите: мислете за војните, за луѓето кои ги убиваат или умираат од глад, за бомбардираните куќи; помислете на тоа дека живеете во раскошни домови, дека уживате во изобилна храна, дека имате работа, дека сте сигурни и спокојни. Во тој случај, споредбата на сообраќајната врева со војната ќе биде многу добра причина да Го прославите Бога, но и да ве спречи да земате апчиња. Постои само едно решение: мислете позитивно.

– Отче Пајсиј, шетајќи по солунските улици се соочив со следниов проблем: сретнав мноштво питачи и тоа повеќето беа жени со деца во прегратка. Тврдеа дека децата им се болни и дека им е потребна парична помош. Секогаш во такви прилики помислувам дека ме лажат. Што би направиле вие во таква ситуација?

– Јас, исто така, сретнав една од тие жени и побара да ì помогнам. Во истиот миг се сожалив над нејзините неволји, но, имав многу малку пари. Ì дадов 500 драхми и ì реков: „Простете ми, ве молам, зашто немам повеќе пари. Затоа, јас ќе ви ја дадам својата адреса, така што, можете да ми пишувате и да ми ја испратите вашата адреса. Кога ќе се вратам на Света Гора, ќе се обидам да присоберам пари и ќе ви ги испратам“.

Ја зеде мојата адреса и почувствував дека ја трогна мојата понуда. По извесно време го добив нејзиното писмо, но во него не се наоѓаше нејзината адреса, туку, наместо тоа, ги беше ставиле 500-те драхми кои ì ги дадов и молеше да ì простам, зашто ме довела во тешка ситуација, а воедно се заблагодаруваше на мојата љубезност.

Верувам дека човек, доколку развие добри помисли, нема да биде губитник, зашто Бог, Кој ги познава намерите на секого од нас, кон таквиот ќе биде праведен“.

Еден новинар, кој во сè имал негативен начин на размислување, го посетил старецот Пајсиј. Почнал да го прашува старецот за разни работи и му кажал дека се чувствува непријатно. Така, во еден момент, запрашал:

– Зошто останувате овде, чувствувајќи се безгрижно во мирот и спокојството на Света Гора, а не отидете во светот да помогнете на луѓето кои имаат толку многу проблеми?

Старецот благо покачувајќи го тонот, му одговорил:

– Машината на вашиот ум е разбиена и создава само негативни мисли. Погрешно сфаќате сè што ќе видите или чуете. Вие, на пример, сега гледате дека живеам овде и прашувате зошто не одам во светот. Кога би живеел во светот, би рекле дека тоа не му доликува на монах и дека би требало да се вратам во тишината на својата ќелија. Од таа причина ќе ви кажам само едно нешто: поправете ја разбиената машина на својот ум и имајте ја на ум старата изрека, дека „семафорите се направени за бучни улици, а светилникот за осамените, карпести планини“.

Извор: Ортодоксија ортопраксија

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3223
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная