логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Протојереј Георгиј Флоровски


Одвоена од Бога, човековата природа е пореметена, неускладена, се распаѓа. Самата човекова структура станала нестабилна. Единството на душата и телото станало несугурно. Душата ја изгубила својата животна сила, и веќе не е способна да го оживува телото. Телото се претворило во гроб и во темница на душата. Физичката смрт станала неизбежна. Телото и душата не се веќе, како порано, втемелени и соодветни едно на друго. Нарушувањето на заповедта го „вратило човекот во првобитната состојба“, вели св. Атанасиј, „кога сме биле создадени од ништо, така што човекот пострадал од настанатата пропадливост во самото свое постоење, што е и праведно“. Зашто, бидејќи е создадено од ништо, созданието постои над бездната на ништожноста, постојано подготвено да пропадне во неа. Создадената природа, вели св. Атанасиј, е смртна и немоќна, „непостојана и подложна на распаѓање“. И таа е запазена од оваа природна пропадливост единствено преку силата на небесната благодат, „преку пребивањето во Словото“. Затоа одвојувањето од Бога ја водело материјата кон распаѓање.“ „Ние мора да умреме, како што водата, пролеана на земја, не може повторно да се собере“ (2 Сам. 14:14).

trikrsta.jpg

Во христијанското искуство смртта првобитно била поимана како голема трагедија, како болна метафизичка катастрофа, како таинствено промашување на човековата судбина. Зашто, смртта не е нормален крај на човековото постоење. Напротив. Човековата смрт е ненормална, погрешна. Бог не ја создал смртта. Тој го создал човекот за непропадливо и вистинско постоење, какво што ние можеме „да станеме“ (споредете Изреки 6:18 и 2:23). Човековата смрт е „плата за гревот“ (Римјаните 6:23). Тоа е губиток и пропаѓање. Со падот, тајната на животот е заменета со тајната на смртта. Што за човекот значи да умре? Она што очигледно умира е телото, зашто единствено телото е смртно, бидејќи ние говориме за „бесмртна“ душа. Во некои современи философии „бесмртноста на душата“ е пренагласена до таа мера што „смртноста на човекот“ речиси е занемарена. Со смртта се прекинува надворешната, видливата, земно-телесна егзистенција. Сепак, ние велиме дека „умрел човек“. Зашто, смртта ја разурнува човековата егзистенција, и покрај тоа што човековата душа е „бесмртна“ а личноста неуништива. Така што прашањето на смртта е, пред сè, прашање на човековото тело, на човековата телесност. Христијанството го објавува не само идниот живот на бесмртната душа, туку и воскреснувањето на телото.

Човекот со падот станал смртен и навистина умира. А човековата смрт станала космичка катастрофа. Зашто, со смртта на човекот, природата го изгубила своето бесмртно средиште, така што и самата таа умрела во човекот. Човекот е земен од природата бидејќи е создаден од земен прав, но на извесен начин е издвоен од неа, зашто Бог само во него вдахнал здив на живот. Свети Григориј Ниски вака ја коментира сторијата од Настанокот: „Зашто Бог, вели Григориј, зеде прав земен, го создаде човекот и со Својот здив вдахна живот во созданието што Самиот го создаде, за да можат земните елементи да бидат доведени во единство со Божеството, и така Божествената благодат наеднаш и рамномерно се проширила на целото создание. Со тоа пониската природа се помешала со онаа која е над светот“... Човекот е еден вид „микрокосмос“, зашто со него е поврзан секој животен вид и само во него целиот свет доаѓа во допир со Бога. Следствено, човечката апостасија (отпадништво) го оддалечила сето создание од Бога, го разорила и го лишила од Бога. Човековиот пад ја уништил космичката хармонија. Гревот е беспоредок, несогласие, беззаконие.

Стриктно говорејќи, само човекот е оној што умира. Смртта, навистина, е закон на природата, закон на органскиот свет, но човековата смрт го означува само неговиот пад или фаќањето во стапицата на цикличното движење на природата, коешто, всушност, воопшто не требало да се случи. Како што вели св. Григориј, „од природата на бесловесните ѕверови смртноста преминала на суштество создадено за бесмртност“. Само за човекот смртноста е спротивна на природата и смртноста е зло. Само човекот е ранет и изобличен од смртта. Воопшто, во животот на бесловесните животни смртта попрво е природен миг во развојот на видот. Таа попрво е израз на творечката сила, отколку слабост. Како и да е, со падот на човекот смртноста дури и во природата добила лошо и трагично значење. Самата природа е затруена со фаталниот отров на распаѓањето на човекот. Кога станува збор  за бесловесните животни, смртта едноставно е прекин на индивидуална егзистенција. Во човековиот свет, смртта удира врз личноста, а личноста е нешто многу повеќе од индивидуа. Телото е тоа што станува пропадливо и подложно на смртта преку гревот.Само телото може да се распадне. Но не е само телото тоа што умира,туку целосниот човек. Зашто, човекот изворно е составен од тело и душа. Ни душата ни телото, сами по себе, не претставуваат човек. Зашто, телото без душа е леш, а душата без тело е сениште. Човекот не е „бестелесно сениште“, и не е едноставно заробен во затворот на телото. Навистина се работи за тајна – единство на душата и на телото, и непосредната човекова свесност ни сведочи за органската целовитост на неговата психофизичка структура. Оваа органска целовитост на човековиот состав уште од самиот почеток силно била нагласувана од страна на сите христијански учители. Затоа раздвојувањето на душата и телото претставува смрт на самиот човек, прекин на неговата егзистенција, неговата целовитост, т.е., на неговотоо постоење како човек. Следствено, смртта и пропадливоста на телото се, на свој начин, исчезнување на „образот Божји“ во човекот. Св. Јован Дамаскин во една од своите химни вели: „Плачам и тажам кога ќе помислам на смртта и кога ќе ја видам во гробовите нашата красота – создадена според сликата Божја – како лежи без облик, без слава, без изглед“. Св. Јован тука не зборува само за човековото тело, туку и за самиот човек. „Според сликата Божја создадената красота“ – не е само телото, туку целиот човек. Тој навистина е „слика (икона) на неизмерната слава“ Божја, дури и кога е ранет со грев. Во смртта се покажува дека човекот, таа „словесна статуа“ вообличена од Бога, не е ништо друго туку леш. Човекот не е ништо друго освен суви коски, смрдеа и храна за црвите. Ова е загатка и тајна на смртта. Смртта навистина е тајна: зашто, душата со насилие е откорната од телото, одвоена со Божествена волја од природната врска и склад... О чудо! Зошто сме предадени на пропадливост, зошто сме венчани со смртта? Во стравот од смртта, често безначаен и кукавички, откриен е мудар метафизички аларм, не само грешна приврзаност спрема земното тело. Во стравот од смртта е објавен патосот на човечката целовитост. Отците често во единството на телото и душата гледале аналогија на неделивото единство на двете природи во единствената Христова ипостас. Аналогијата може да одведе на крив пат. Но, сè уште може да се зборува преку аналогија за човекот како битие со „една ипостас во две природи“. А во смртта, оваа една човечка ипостас е разорена. Оттука оправдувањето за тагата и за плачот. Теророт на смртта е отфрлен единствено во надежта во воскресение и во вечен живот. 

Па сепак, смртта не е просто самооткривање на гревот. Самата смрт е веќе исчекување на воскресението. Со смртта Бог не само што казнува, туку и ја исцелува паднатата и разорена човечка природа. И тоа не во смисла дека Тој го пресекува грешниот живот и го прави пократок, и на тој начин го спречува напредувањето на гревот и на злото. Бог ја претвора самата смртност на човекот во средство за исцелување. Во смртта природата е очистена, пред-воскресната. Такво е општото мислење на светите отци. Св. Григориј Ниски ова го истакнал со исклучителна нагласка. „Божественото провидение ја внело смртта во човековата природа со особена намера“, вели тој, „за преку тоа раздвојување на душата и телото порокот да може да биде одделен [од нив] и човекот да може повторно да биде вообличен преку воскресението, исправен, ослободен од страсти, очистен и без какво и да е мешање со злото.“ Ова е особено исцеление на телото. Според мислењето на св. Григориј, човековото патување од другата страна на гробот е начин на очистување. Човековата телесна структура е очистена и возобновена. Во смртта, Бог го очистува садот на нашето тело во печката за очистување. Со слободно извршување на својата грешна волја, човекот стапил во заедница со злото, а нашата структура се измешала со отровот на порокот. Со смртта човекот се распарчил, како земјен сад, и неговото тело повторно се распаднало во земја за да може, преку очистувањето од натрупаната нечистотија, да биде вратен во својот нормален облик преку воскресението. Следствено, смртта не е зло, туку добивка. Смртта е плата за гревот, но истовремено е и процес на оздравување, лек, еден вид страшно калење на оштетената структура на човекот. Земјата е засеана со човечки прав, од кој ќе стане, преку силата Божја, во последниот ден. Смртните останки се зачувани во земјата до воскресението. Смртта во себе има потенцијал (можност) за воскресение. Судбината на човекот може единствено да се реализира во воскресението, во општото воскресение. Но само воскресението на нашиот Господ ја оживува човековата природа и го прави општото воскресение можно. Можноста за воскресение, којашто ì е својствена на секоја смрт, е остварена единствено во Христос, Кој е првина за умрените (1 Коринтјаните 15:20).

Искупувањето, над сè, е прибежиште од смрт и пропадливост, ослободување на човекот од „робството на распаѓањето“ (споредете Римјаните 8:21), возобновување на првобитната целовитост и постојаност на човековата природа. Полнотата на искупувањето е во воскресението. Тоа ќе биде исполнето со општото „оживување“ кога „последниот непријател, смртта, ќе биде уништен“. Но, воспоставувањето на единството внатре во човековата природа е можно единствено преку воспоставување на единството на човекот со Бога. Воскресението е можно единствено во Бога. Христос е воскресение и живот. „Доколку човекот не би бил во заедница со Бога, никогаш не би можел да стане учесник во непропадливоста“, вели св. Иринеј. Патот и надежта во воскресението се откриени само преку воплотувањето на Словото. Св. Атанасиј ова го нагласува уште посилно. Милоста Божја не може да дозволи „тварта, којашто еднаш била создадена како словесна, и којашто учествувала во Словото, да заврши во пропаст и повторно, преку пропадливоста, да се врати во непостоење“. Престапување на законот и непослушноста не ја поништиле првобитната Божја намера. Поништувањето на таа намера би претставувало насилие над Божјата вистина. Човечкото покајание не било доволно. „Каењето не нè ослободува од состојбата во која се нашла природата (во која човекот доспеал поради гревот), тоа само го прекинува гревот“. Затоа Словото Божјо се симнало и станало човек, примајќи го нашето тело. „Бидејќи луѓето се свртеле кон пропадливост, Тој повторно морал да ги сврти кон непропадливост и, со примање на човечко тело, да ги оживее од мртвите преку благодатта на воскресението, изгонувајќи ја смртта од нив како што пламенот ја спалува сламата“. Смртта му била накалемена на телото, и затоа на телото повторно морал да му биде накалемен животот, за телото да може да ја отфрли пропадливоста и повторно да се облече во живот. Поинаку, телото не би воскреснало. „Да била смртта изгонета од телото само со заповед, тоа и понатаму би останало смртно и пропадливо, во склад со својата природа. Но, за да не се случи тоа, [телото] го зело бестелесното Слово Божјо, така што тоа повеќе нема страв од смрт и од пропадливост, бидејќи го има животот како облека“. Така, според св. Атанасиј, Словото станало тело за да ја укине пропадливоста во човековата природа. Односно, смртта е победена не преку јавувањето на животот во смртно тело, туку преку доброволната смрт на воплотениот живот. Словото заради смртта се воплотило во тело, нагласува св. Атанасиј: „За да ја прифати смртта, Тој примил тело“. И само преку Неговата смрт воскресението станало можно.

Крајната причина за Христовата смрт мора да се гледа во смртноста на човекот. Христос ја претрпел смртта, но минал низ неа и ја надвладеал смртноста и пропадливоста. Тој ја оживеал самата смрт. Со Неговата смрт смртта ја изгубило својата сила.  И гробот станал животодавен извор на воскресение. Така секој гроб станува постела на надеж за верните. Во Христовата смрт самата смрт добила нова смисла и ново значење. „Со смрт, смртта ја уништи“.

Подготви: д-р Драган Михајловиќ 

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная