логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


По укорот кон Петар, Господ и од Своите ученици бара да живеат крстоносно: „Тогаш Исус им рече на учениците Свои: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене„ (Мт.16,24). На Заведевите синови и нивната мајка кои бараа првенство, им одговори: „Не знаете што барате. Можете ли да ја пиете чашата која што ќе ја пијам Јас, или да се крстите со крштевањето, со кое ќе се крстам Јас? (Мт.20,22). Од овие зборови на Господа, произлегува и следново: „Христос пострада за нас, оставајќи ни пример, за да врвиме по Неговите стапки„ (1Петр.2,21). Крстот не е само „облик„ или „символ „или  „знак„ на Христа, туку е и начин на живеење  на христијаните, или подобро речено, „единствениот начин на живеење на христијаните„. Како што е вистинскиот Христос незамислив без  Крстот, така и вистинскиот христијанин е незамислив без крстот т.е. без учество во Крстот Христов, како што всушност ни вели и Самиот Спасител: „И кој не го носи својот крст, не може да биде Мој ученик„ (Лк.14,27). Но, што значи да се следи Христос и да се носи крстот т.е. да се живее крстоносно?


а) Да се распне стариот човек (т.е. страстите) „телото свое со страстите свои и похотите„ (Гал.5,24).

Го одбивам стариот човек и се борам од себе да ги искоренам сите грешни и егоистички страсти, својот егоцентризам и самољубие. А, облиците на самољубието се следните: маловерност и неверност, рамнодушност кон ближниот, и уште полошо, искористување на ближниот, телесните наслади и обожувањето на телото, незаситната похотност и среброљубието, злопамтењето и клеветењето, и секое дело со кое ги рануваме и ожалостуваме своите ближни, славољубието и суетата. Согласно на светите Отци, самољубивиот човек не може да биде ниту богољубив, ниту човекољубив. Може да одглуми богољубивост и човекољубивост, но всушност се љуби единствено себе самиот. Ако своето самољубие не го распнеме на крстот Христов не можеме да бидеме Негови вистински ученици, бидејќи не можеме да ја стекнеме Неговата вистинска љубов. Затоа Неговиот ученик, светиот Павле, бели: „а, мене да не ми даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со крстот на Нашиот Господ Исус Христос, преку Кого за мене светот е распнат, а и јас за светот„ (Гал.6,14).

Според свети Исаак Сирин светот е нашиот острастен однос кон тварите, односно нашите страсти. Значи, светот за мене е распнат, а и јас сум распнат за светот, подразбира не само да го избегнуваме гревот, туку и грешните желби и грешните помисли. Ова умртвување можеме да го постигнеме, бидејќи во светите Тајни, ние умревме и воскреснавме со Христа, „сите ние што се крстивме во Исуса Христа, во Неговата смрт се крстивме...да одиме во обновен живот„ (Рим.6,3-4). Во смртниот живот нам преку крштевањето ни се дава нов живот во Христа. Хрисијанскиот живот по крштевањето е борба „можноста„ да стане стварност. Подарениот и обновне живот во Христа треба да победи и да го преобрази секој детал на мртвиот и стар човек. ОВАА БОРБА Е КРСТ. Толкувајќи ја оваат света Тајна светит Григориј Палама ни зборува за нашето бегство од светот (првата тајна на крстот). Потоа, кога светот преку лошите помисли се обидува да не оддалечи од Бога потребно е да се отстрани светот од нас (втората тајна на крстот). Првата тајна е идентична со праксата, а втората со теориа (видението, созерцанието). Тука свети Григориј споменува дека без теориа не можеме да го исчистиме нашиот внатрешен човек од лоѓите и страсни помисли: „Кога преку практичните добредетели достигнеме теориа, и го подобриме и очистиме нашиот внатрешен човек, и во него ја побараме скриената боѓествена ризница, и тука го пронајдеме царството Божјо, тогаш дури се распнуваме за светот, и страстите. Бидејќи преку ова преиспитување во срцето се раѓа една топлина која ги умртвува лукавите и нечисти помисли како мувите, а на душите и принесува духовен мир и утеха, и телото се осветува„. Свети Исаак Сирин исто така вели: „Дејството на Крстот е двострано....едно е во трпение на телесните неволји и се нарекува пракса, а другото се состои во изостреното делување на умот, во размислување за Бога и непрестајната молитва, и се нарекува теориа.

Според свети Григориј, Крстот делувал и во Стариот Завет. Постоел знак на крстот, многу дела и чудеса се направени со крсниот знак, како што е Мојсеевото крстообразно пресекување на Црвеното море. Се споменуваат  некаде околу дваесет праобрази на крстот во Стариот Завет. Исто така, постоеја и праведници кои беа праобраз на распнатиот Христос, како на пример, Исак кој со својата послушност кон татко му бил праобраз на Христовата послушност кон Отецото до самата смрт. Потоа, Јосиф кој неправедно е протеран и пртрпе многу искушенија. На крајот, кај сите старозаветни праведници делувала тајната на крстот како пракса и теориа, и со таа сила го победувале гревот и станувале Божји пријатели. Крстот делувал и кај Авраам кога во себе ја умртви љубовта кон татковината и по заповед Божја тргна во непозната земја. Крстот делувал и кај Мојсеј кога ги одбил почестите на фараноовата власт и го избрал страдањето за својот народ. Крстот повторно делувал кога Бог Го повикува Мојсеја на Синај брајчи претходно да ги соблече обувките одо своите нозе, т.е. да го умртви телесното мудрување со силата на боговидението. И завршува, свети Григоруј: „Ми недостасува време да проповедам за Исус Навин, за судиите и пророците, за цар Давид и останатите кои се подвизувале преку тајната на крстот; ги запираа реките и Сонцето, победувале во војни, го затвораа и отвораа небото, ги правеа облаците дождливи...„ Значи, „и пред Христовата крсна смрт, Крстот бил тој кој спасува.„ „Ако силата на крстот Христов делувала кај сите старозаветни праведници, разбирливо е дека делувал и кај Пресвета Богородица Марија, која од почетокот успеала во тоа – човекот да го отфрили сето она што на Бога не Му е угодно -. Никогаш не се опкружвала себе си со нечисти помисли, а во младоста го направила она што Авраам го направил во својата старост: го напуштила својот дом и роднините свои и влегла во Свјатаја Свјатих каде го соединила својот ум со Бога и останала во непрестакно созерцавање на Бога„. Секако, крстот во животот на Богородица како пракса и теориа не бил ист со оној на старозаветните праведници кои имаа дел во гревот. За нив крстот бил борба за надминување на гревот, додека кај Пречиста Богородица воздигнување од сила во сила, од слава во слава, од теориа во теориа. „Од моментот кога се родила„, вели свети Николај Кавасила, „го устојуваше пребивалиште за Оној Кој може да Го спаси човекот, се трудела беспрекорно да го уреди храмото Божји, т.е. самата себе како би била достојна да Го прими„ За оваа крсна борба и теориа, видение на Бога, кое Богородица го имала во Сватаја свјатих, ни зборуваат во своите беседи на „Воведение на Пресвета Богородица„ и свети Григориј Палама и свети Никодим Светогорец.

б) Ги поднесувам сите допуштени искушенија трпеливо и без негодување.

Тешките и долги болести, смртта на нам драгите ближни, како и нашата смрт, неправдите, неблагодарноста и запоставеноста, гонењата кои понекогаш ги трпиме, сиромаштијата и другите искушенија, се нашите прилики, кои ако ги искористиме правилно, нè распнуваат и приближуваат кон Христа. Ако се ожесточиме, ќе бидеме духовно оштетени. Ако пак, ги прифатиме пасивно, стоички, бидејќи сме немоќни поинаку, повторно, ништо не сме направиле. Но, ако ги прифатиме како наша Божја посета и како прилика за нашето духовно восовршување, тогаш сме во голема добивка. Доброволното прифаќање на крсното страдање како дар на Божјата љубов за нашето духовно растење нè воздигнува во висина на свети маченици. Еден светогорски подвижник категорично вели: Едно славословие „Слава Ти Боже„ за време на болеста има поголема вредност од илјада „Господи Исусе Христе„ кога сме здрави.

Сорапснат со Христос, како што свети апостол Павле нè уверува: "Ако трпиме, со Него и ќе царуваме" (2. Тим. 2, 12). Овој став  во животот го посведочиле сите светии на чело со блажениот и многустрадален Јов, кој се смета за праобраз на Христа. Јов е праведен, не бил безбожен и грешен, а сепак Бог допуштил да претрпи неподносливи болки, додека другите безбожни луѓе напредувале. Познатиот православен богослов о. Димитрије Станилое, вака поучува: "Бог има право да дава и да одзема дарови. И човекот не би требало да Му пристапува на Бога само заради тоа што што Бог му подарил некои дарови. Таквиот став кон Бога не би бил израз на вистинска љубов, туку само една покорност заради самите дарови. Тоа би значело ставање на даровите над Дародавателот. Односот на Бог и човекот во таков случај би се засновал на принцип на договор, во кој човекот би можел да каже: - Ќе Ти бидам верен онолку, колку што ќе ми дадеш.- „.Таквиот став на човекот би значел дека Бог, Сам по Себе не е достоен за љубов. Тогаш овој однос би бил од интерес, т.е. Однос Бога и човека би се, у том човекот само ги користи даровите кои Бог ги дава.Во таков случај всушност човекот би се љубел само себе. Со тоа и даровите како знаци на љубовта Божја и како начин на влез на човекот во личен однос со Бога. Даровите имаат смисла само тогаш кога ќе стапиме во вистински личен однос со Бога, однос кој е над сета твар. Единствено ваква врска не е оптоварена со материјални идоли. Сите наши идеи за тварите и Божјите дарови исчезнуваат во светлината на еден ваков однос. Така очистени се принесуваме себе на Бога и се вознесуваме во љубовен дијалог со Него. Тогаш чувствуваме дека Бог е безгранично поголем од сите Свои дарови и сето она што е создадено. Со овој однос се воздигнуваме на еден друг начин, рамен на постоење во кое одново добиваме она што сме изгубиле. Христијанинот кој во себе ја има љубовта Божја за секого, онаа љубов која ја сочинува нетрулежната и неисцрпната стварност, и чувствува дека ја има најголемата од сите радости. Поголема од сите твари во овој свет што би можеле да му ја пружат, поголема и од самото негово постоење. Тој факт го откриваат добродетелните луѓе во своето страдање. Овој крст се дава на човек како би можел да успее да го открие Бога  во една  друг  начин на постоење, во една апофатичка длабочина. Но, исто така, и на другите да им покаже дека постојат и такви кои можат да останат соединети со Бога, дури и кога ќе го изгубат сето она што го имаат, па и тогаш кога изгледа дека и Самиот Бог  се оттргнува од нив. На еден посебен начин во страдањето Христово на крстот учествува и Богородивца. Богородица  била  соучесничка  и сострадлничка со тоа што ичествувала во кенозисот на Логосот Божји (свети Григориј Палама) . Уште од зачнувањето на Логосот од Светиот Дух во Нејзината света утроба започнуваат некои искушенија. Јосиф неможејќи да го објасни нејзиното надумно зачнување и блажена состојба, „намисли да ја отпушти тајно„(Мт.1,19). Тогаш била голема болката на простодушната Дева Марија. Искушенијата и тешкотиите се слушувале исто така, кога барала место каде да се породи, бидејќе ретко се слушува за жена која е подготвена за породување да не може да најде место за да се изврши истото. Искушение било и убивањето на децата од страна на Ирод. Искушение беше и бегањето во Египет. Без покрив над глава во Витлеем, прогонети во Египет. Искушенија и агонија кога за време на нивното поклонение во Ерусалим три дена го бараше својот дванаесетгодишен син. Секоја Исусова болка за верме на Неговата тригодишна мисија било и Нејзино искушение. Да го чуеме свети Никола Кавасила: „А, заедно со Својот Син (и Богородица) учествуваше во понижувањата и навредите. И кога Го убија оние на кои им чинеше доборо, Таа заедно со Него ги трпеше сите Негови болки. Зеде учество во сето она што Нејзиниот Син сторил за наше спасение. Му ги даде своите крв и тело, учествуваше во Неговите маки и радости. И кога Него на крст го прободоа со копје, како и самата да беше прободена со нож, онака како што и беше прророкувал свети Симеон„.И по Вознесението на својот Син, повторно ја гледаме како прва меѓу апостолите и христијаните. И како што при Распетитето Христово стоеше под Крстот, така и по Вознесението таа го подигнува Крстот на Црквата бидејќи беше една од првите жртви на гоненњето на христијаните.

в) Доброволно ги превземам сите подвизи и одрекувања заради љубовта кон Бога

Сам Господ нас је учио да је пут јеванђеља узан и тежак, и да Царство Божије трудбеници добијају. Без труда и рада над сâмим собом стари човек неће одступити, страти неће бити искорењене. Самиот Господ нè поучува дека евангелскиот пат е тесен и тежок, и дека царството Божјо на сила се граба. Без труд и работа над самиот себе стариот човек нема да отстапи, страстите нема да бидат искоренети. Со постот, молитвата, бдеењето, метаниите и со севкупната православна аскеза се отстрануваат страстите и христијанинот станува духовен. Се подвизува за да не пристапува острастено кон луѓето и материјалните добра. Да не го употребува светот потрошувачки, туку евхаристиски. Позната е светоотечката изрека, дај крв-прими дух. Постот на Великата Четириесетница е навистина напорен, но без овој напор, сораспнување со Христа, не може да се доживее радоста на Воскресението. Во нашата православна Црква каде се подвизуваме крстоносно го добиваме и животот на Воскресението. Во нашата Црква сè е воскресно, бидејќи сè е крстоносно. Нашата Црква е Црква на Крстот и Воскресението. Без крст-нема воскресение. А, крстот не постои како крст ако не е следен од Воскресението. Затоа, ние православните и Велики Петок го славиме воскресно, додека на запад и Воскресението го слават во знакот на Крстот. „На Крстот Твој се поклонуваме Владика, и светото Воскресение Твое го славиме„. Свети Јован Златоуст,  „Беседата за крстот„ ја започнува со следните зборови: „Денес, имаме празник и слава, бидејќи нашиот Господ е прикован на крст...Крстот е темел на нашето спасение, крстот е претходник на безбројните добра.

Во трудот и напорот на подвигот во крстоносниот живот се крие и најтаинствената и највистинската радост и спокојство, како што и самиот Господ навестил: „Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат„. Солзите на покајанието и подвигот, согласно со светите Отци се радосна тага. Аскетски беше животот и на нашата Богородица, особено, како што погоре споменавме, во Свјатаја свјатих. Но, и по Вознесението на Нејзиниот Син, Таа, како што вели свети Григориј Палама, живеела со таков живот што може да се спореди и со сурова аскеза. На оваа крстоносна акеза од Спасителот и Богородица се научија и светите апостоли и таа наука и ја предадоа на Црквата. Нашиот народ од Црквата научил и создал крстовоскресен етос. Тој етос помогнал да се издржи и вековното османлиско ропство. Тој етос допринел овој бессилен народ да се охрабри и подигне востание (во оргиналот - 1821г. ). Простите и неписмени мајки, а сепак од Бога умудрени ги учеле своите деца на вера, молитва, пост и покајание. Воспитале вистински слободни луѓе за да станат водачи во борба за ослободување. Да размислиме какво воспитание им даваме денес на нашите деца и колку им помагаме да го надминат својот егоцентризам и да станат вистински слободни луѓе? Денес се рекламираат и промовираат други облици на аскеза, многу неправославни и нехристијански. Евангелската и православна акеза нема никаква врска со акетските методи на разни источни, индиски учења за јогата, каде што акезата има антропоцентричен карактер, и има само една гимнастика на вољата, која не е сораспнување со Христа. Во Православната Црква, аскезата никогаш не била сама по себе цел која е врв на самооправдување. Туку отсекогаш била средство за стекнување на благодатта на Светиот Дух и вистинска љубов кон Бог и човекот. За православните христијани прифаќањето на крстот е израз на почит и љубов кон Бога. Тоа е (Твоја од Твоих н.з.) дар на Бога, Кој се жртвувал за нас. Страдањата за Христа може да се принесат на Бога и за самата Црква, како што е тоа случај со свети апостол Павле: сега се радувам во своите страдања за вас, и во своето тело со Христовите маки го потполнувам она што ми недостига, за телото Негово, кое е Црквата. Во страдањата на многу маченици (св. Харалампиј, св. Модест, св. Анастасија Римјака, св. Злата Мегленска...) гледаме дека тие на Бога Му ги принесуваат сета своја болка и смртта за сите оние напатени души кои ќе се повикаат на нив во молитвите свои. Тоа е пример за совршена љубов, бидејќи страдањата тука се слушуваат не само за лично спасение, туку и за спасение на другите. (следува: Крстот и современиот свет).

 

Подготви:

презвитер Горан Стојчевски

6-ти април лето Господово 2016

Друго:

Архимандрит Георгиј Капсанис: Крстот Христов и Неговото значење во нашиот живот

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная