- „Ќе дојдат времиња во кои само оние што активно го искусуваат дејството на благодатта ќе бидат способни да го разликуваат доброто од злото.
- Луѓето нема да бидат способни да изберат меѓу доброто и злото служејќи се само со својот човечки разум.
- Ќе има вешти прелести и измами, и само благодатта Божја ќе може да нѐ спаси од сето тоа.
- Затоа, моли се – моли се за да не паднеш во искушението на прелеста! Благодатта Божја можеме да ја добиеме само со молитва.
- Ако продолжиме да седиме непокајани и да опстојуваме во нашата мрзливост и небрежност, без да се молиме, можеме да ја изгубиме наклонетоста кон покајание.
- Господ да чува од тоа да ја изгубиме желбата за покајание!
- Устата и срцето кои во секое искушение Му благодарат на Бог, ги добиваат Неговиот благослов и благодат.
- Оној што ја избегнува празната слава на овој свет, во својата душа ја чувствува славата на идниот век.
- Во животот на христијанинот нема место за самооправдувањето, него никаде го нема во Христовото учење.
Старец Јустин Парву
Избор од фејсбук страната на: Мина Даниловска
Друго: