✜✣✜
Плачи, и ридај и не барај да те сметаат за нешто; не изедначувај се со другите. Остави го светот, издигни се на крстот, симни го земното од себеси, истреси го правот од твоите нозе, „презри го срамот“ (Евр. 12,2), не разгорувј ги печките вавилонски, за да не бидеш и ти самиот изгорен заедно со нив од Божјиот гнев. Секој човек сметај го погорен од тебе. Плачи за твојот мртовец, извади ја гредата од твоето око; обнови го твојот разурнат дом, па извикај кон Господа: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме! (Лука 18,30) и: „Господи, сакам да прогледам!“ (Матеј 18,41).
✜✣✜
Ти ми пишуваш да се помолам за простување на твоите гревови. И јас ти го велам истото; помоли се и ти за простување на моите гревови. Зашто е речено: „Како што сакате луѓето да постапуваат со вас, така постапувајте и вие со нив!“ (Лука 6,31). Иако сум јас лош, иако сум помал од сите луѓе, но и досега го правам ова според моите сили, според заповедта: „Молете се еден за друг, за да се исцелите“ (Јак. 5,16)
- Св. преподобни оци Варсануфиј и Јован
Избор оФБ страна на : Светланка Трајлев