„Ние секогаш треба да сме цврсто уверени во тоа дека никако не можеме да го достигнеме совршенството благодарение на своите трудови и подвизи, дури и кога неуморно се трудиме во секоја добродетел. Човековите напори немаат доволна вредност и сила да нѐ издигнат на висината на светоста и блаженствата. Неопходно е Господ да содејствува и да го насочи нашето срце кон она што е полезно за нас.
Секој пат кога ќе почнеме да се колебаме, Тој ги подава Своите раце кон нас, нѐ придржува и утврдува. Спротивно, препуштени на нашите сили, совршено би паднале. Ниту еден праведник, всушност, нема доволно сили во себе да здобие праведност. Тој постојано се колеба и секој миг е готов да падне. Затоа, милостивиот Господ го поткрепува со Својата рака. Спротивно, поради слабата волја, буквално би загинал. Зарем некој ќе биде толку самоуверен и слеп да мисли дека нема потреба од непрестајната Божја помош, кога и Самиот Господ во Евангелието јасно поучува: „Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене, не можете ништо да направите“.“
- Преподобен Јован Касијан
Избор од ФБ страна на :
Моника Николова
13 септември 2017 лето Господово