Неправдата го собира врз себе Божјиот гнев
34664Големо нешто е човек да го има Божјиот благослов! Тоа е богатство! Она што е благословено, пребива и не се руши. Она што не е благословено, не останува долго. Неправдата е голем грев. Сите гревови имаат олеснителни околности, но неправдата нема такви. Таа го собира врз себе Божјиот гнев. Страшно нешто! Оние, кои вршат неправда, собираат оган врз своите глави. Гледаш како некои вршат неправда, а потоа умираат нивни блиски луѓе, но тие не оддаваат значење на тоа. Како луѓето да имаат напредок при толку многу неправди? Си го вршат своето, му даваат право на ѓаволот и затоа потоа биваат подложени на испитувања, ги стигаат болести итн. И после ти велат: “Моли се за мене, за да оздравам.”
Повеќето зла што се случуваат со луѓето се плод на неправда. Кога, на пример, некои натрупуваат богатство преку неправда, еден мал период живеат како царски синови, а потоа даваат по лекари сè што собрале. Што се вели во псалмот? “Она што е малку кај праведниот е подобро од богатството на многу безбожници” (Пс. 36:16). На ветер собираат и ветрот го развејува. Она што го собрале, се топи, сè се растура. Ретко и на малкумина се случува болестите, неуспесите и сл. да им се Божјо испитување. Таквите луѓе ќе имаат чиста отплата од Бога. Во тој случај, тие подоцна обично стануваат побогати отколку што биле, како некогаш праведниот Јов. И мнозина од покојниците, чии тела остануваат нераспаднати во гробот, за време на животот извршиле некаква неправда.
Извор: Несправедливостта е голям грях
3-ти декември 2017 лето Господово