логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 TVIT1046

             Искрено да Ти кажам, без Тебе ми е многу лошо. На масата има сè, другар ми дојде на гости. Има и пиво. Сувите дрва крцкаат во каминот, најмалата ќерка си игра наземи, синовите цртаат бродови. Надвор паѓа снег. Што уште му треба на човека за да биде среќен? Но јас искрено Ти велам, без Тебе ми е многу лошо.

Си му ги видел очите на нашето куче? Нашето сито, чисто и сакано куче? Знам дека си му ги видел. Ти веќе сè си видел. Колку тажни очи! Паметни и тажни. Такви се очите на ситиот и умен човек, кого сите го сакаат, но кој не е во Твоја близина.

Секогаш знаев дека Ти Си. Тоа не е вера. Тоа е убеденост, некој вид знаење. Зарем е можно Ти да не Си?! Но, не ми е доволно само да знам дека Си. Сакам да Те чувствувам во себе, сакам да Те слушам, сакам да Те дишам.

Многу пати одев надвор од градот, наоѓав пусти места (се сеќаваш) и викав, и се молев. Те молев да дојдеш, да ми се приближиш, да ми станеш поблизок, да можам да Те почувствувам. Ти молчеше. Уф, ама умееш да молчиш, како никој друг.

И се враќав дома. Се враќав истоштен, заситен и оглувен од сопствените крици. И кога немаше никакви наговестувања дека ќе ги слушнеш моите прозби, чудни вести една по друга почнуваа да ја вознемируваат мојата заспана и изморена душа.

На почетокот, во еден најобичен зимски ден, тројца невообичаени јавачи поминаа покрај нашиот прозорец. Имаа некакви чудни шапки. Во замрзнатите раце секој јавач држеше малечко сандаче. Замрзнатите муцки на нивните коњи зборуваа за тоа дека животните се навикнати на потополо време. Го отворив прозорецот и еден од јавачите го заврте своето густобрадо лице кон мене и тивко, но јасно, на персиски рече: „Он дојде“.

Тие поминаа покрај мене, а снежниот ветер уште долго ме биеше в лице, додека ги следев со поглед. Кој дојде? За кого ми зборуваа овие чудни луѓе? И од каде знаат дека по малку разбирам персиски?

На секој ден доста му е неговото зло. Не ги бев заборавил тројцата јавачи, чии траги во снегот снежната виулица брзо ги покри. Просто ги оттргнав мислите од нив и се вратив на домашните работи. Така поминаа неколку дена. Но повторно, изненадувањето влезе во мојот дом, и тоа не на кој било, туку на мојот мајчин јазик.

        Овчарите, старите добри пастири, смешни шегобијци кои секогаш се подготвени да се насмеат на нивна сметка кога ги задеваме, внесоа во мојот дом ново изненадување. Често им се смееме поради нивната сиромашна и смешна облека, поради нивните стада кои ги љубат повеќе од нивните жени. А тие нè нарекуваат домашари и тавтабити кои се кријат зад печката. Велат дека за ниту еден деликатес на светот не би го замениле парчето сирење и вино. А пак оние посмелите претскажуват дека тоа овчарско јадење – двопек и сирење – со време ќе стане украс на трпезата на богатите.

Но, овој пат, тие беа преплашени. На нивните испукани од студот лица имаше детски страв и искрена изненаденост.

– Знаеме дека еден од овчарите стана цар Израилев. Знаеме дека Бог Него Го љуби и дека Ангелите Го чуваа. Но, чесен овчарски збор, никогаш не мислевме дека самите Ангели ќе ни се јават нам!

– Ама зборувајте појасно, што се случило? – им реков и им налеав полни чашки вино.

Ми раскажаа дека како и обично ги паселе стадата, дека одеднаш Ангелите запеале над ним, дека тие едвај од страв не умреле и дека зборовите на Ангелите биле дека се родил Некој Кој ќе донесе мир на земјата и добра волја во човечките души.

Испивме по уште една чашка, и ги замолив подетално да ми раскажат за тоа што го чуле и виделе. Но, овчарите! Ах, тие овчари! Сте разговарале некогаш со нив? Сте пиеле вино со нив? Раслабени од виното, брзо заборавија за темата на нашиот разговор и почнаа да „колваат“ со носовите на масата. Оној кој работи надвор, во топло брзо заспива.

                  Така тие заспаа, а јас излегов од куќата. Знам каде ги пасат нивните стада и каде можело да се случи она за кое ми зборуваа овие луѓе. Снегот, сув и тврд, крцкаше под моите нозе додека одев накај вообичаеното место кадешто овчарите ги пасеа своите овци. И одеднаш видов светлина, невообичаена, мека и пријатна светлина која го изгоре мојот образ. Знае Бог, Кому порано така многу му се молев, надвор од моите сили беше тоа да не трнам накај таа светлина. Тргнав накај Него, а снегот под мене беше веќе изгазен, по што ми стана јасно – не сум првиот кој оди по овој пат.

Не помнам добро, а и нема да лажам, кој освен мене беше таму. Стари беа или млади. Поминав низ малечката група, без никого да забележам или да познаам. Вратата зачкрипи и јас не по своја волја ги затворив очите. Не од силната светлина, не. Светлината во куќата беше повеќе од оскудна. Јас замижав од сјаењето околу главчето на Младенецот Кој мирно спиеше во рацете на Мајка си. Изгледаше како да е едно обично дете. Како оние кои плачат кога се гладни, постојано бараат да јадат и поцрвенуваат од плачење. Но јас не сум глупав, нели? Јас знам дека Младенецот не би бил тука да не е особен Младенец. И никакви туѓинци не би патувале толку долго, ако тоа беше обично дете. И никаков овчар, па колку и вино да испил, нема да си помислува невозможни работи, приплетувајќи ги своите фантазии со Самиот Господ Бог. Да, и самото сјаење од Неговото главче – зарем тоа не зборува најдобро за тоа Кој дојде и Кој се роди?! Се вкочанив стоејќи во аголот на крцкавиот под.

Се вкочанив, стравувајќи да не се помрднам па подот да почне да крцка. Очите ми гледаа во топлата и мека сјајна длабочина на колепката, а мислите ми прескокнуваа, како да беа ми беа слегле од умот.

„Зарем тоа си Ти? – мислев. – Зарем, Ти дојде? Така чудно и неочекувано дојде?! Дојде беспомошен и слаб, нежен и незаштитен?! Мислев дека ќе бидам изнемоштен кога Те молев да дојдеш. А сега, Ти дојде, а јас сум уште поизнемоштен, затоа што дојде неочекувано, без никакво величие…“

Стоев и гледав. А зборовите се преплетуваа во синџири и низи, за потоа се расплетуваа, и мислите ми остануваа пусти и беспомошни. Јас чекав едно, а добив друго. Го сретнав она, за кое не мечтаев. Престанав да мислам. Колената самите од себе ми се подвиткаа, и јас паднав наземи допирајќи со челото на подот. „Правилно постапи“ – слушнав. „Не треба да размислуваш. Треба да се поклониш.“

Го свртев лицето и видов блескав поглед. Само поглед и само на секунда. Очигледно тоа беше еден од Ангелите, кои на овчарите им беа јавиле за Господовото раѓање од Дева. Колку убаво говорат! Колку кратко и јасно Ангелите говорат! Не треба да се размислува! Треба да се поклонува!

Се поклонив. Потоа се исправив и застанав на нозе. Младенецот уште спиеше. Мајка му бдеејќи над Него, пееше нешто тивко и нежно. Не вртејќи им се со грб и одејќи наназад, изглегов на улица, носејќи во градите така слатки и густи измешани чувства, што илјадници луѓе би можеле да се насладат од нивната сладост.

            Снегот крцкаше под моите нозе. Сув и тврд снег. Снегот паѓаше на моите трепки, се лепеше за моите мустаќи и брада, се топеше на топлата кожа на мојот врат. „Тој дојде“ – мислев и се гушев од солзи. „Тој дојде, но не онака како што јас барав, туку на Негов начин. Смирено и скромно. Колку е Он чудесен. Колку е Он…“

Кога се вратив дома, овчарите само што почнаа да се будат. „Што? Беше таму?“ – ме прашуваа.

Молчев. Снегот од трепките се топеше, но овчарите знаеја да го распознаат растопениот снег од солзите, кои ми стоеја во очите. И солзите благоговејни можеа да ги распознаат од солзите на болка.

„Да се напиеме!“ – рече еден од нив. Тој глас беше вистински спас од надвиснатата тишина. Долго пиевме и пеевме, се радувавме до разденување. Стравувавме да не кажеме непотребни зборови, та да не би со грубиот звук на човечките зборови ја оскрбиле таа Тајна, кон која сите се допревме.

 Rozdestvo.Hristos.Bogorodica10

            Тој дојде! Колку интересно сега ќе тече човечкиот живот! Колку тешко и сложено, колку чудно и среќно сега ќе заживее човекот!

Rozdestvo.Hristos.Bogorodica5

 

Бев многу весел. Бев надвор од себеси. Но изобилието од врело вино и друштвото на бучните овчари не ми пречеа ниту една секунда во таквото спонтано празнување себеси да си повторувам „Ти дојде! Ти дојде! Ти благодарам!“

 

 

Протојереј Андреј Ткачјов

 

Извор: http://pravoslavie.mk.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная