Познатиот грчки подвижник на дваесеттиот век, Светиот Старец Порфириј Кавсокаливит, поседувал многу дарови од Бога, та можел дури и во иднината да гледа.
Во една прилика тој искарал еден од неговите духовни синови, којшто капејќи се во мраз студена вода, се беше подложил на многу голем ризик, така што бил во опасност да умре од срцев удар.
-Отче, токму вие ми рековте дека ќе живеам многу долго! Како сега тврдите дека вчера можев да умрам?
-Тоа што ти го кажав е точно – одговорил Светиот Старец. – Во светилникот на твојот живот има уште многу елеј. Но доколку го скршиш, тогаш елејот ќе се разлее и светилникот ќе изгасне. Таков е и животот! Бог ни го дава тој скапоцен дар. Ние луѓето го примаме и должни сме да го чуваме, а не да го изложуваме на бесмислени опасности. Биди внимателен и внимавај на твојот светилник!
Извор: Бигорски манастир