логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Архива

 TviTER816.Premin1

Отец Георгиј Калчу (1925-2006) бил исповедник за верата. Романец по раѓање, православен христијанин по воспитување, и свештеник по вокација, Калчу поминал дваесет и една сурова година во затвор, бивајќи измачуван и подложен на перење на мозокот – поради неговото храбро проповедање на Евангелието и критикување на комунистичкиот материјализам.

           Што да ти кажам? На раце ми умреа луѓе илјадапати подобри од мене. Во затвор умреа мнозина, луѓе што беа многупати повредни од нас, што преживеавме, па сепак, јас грешниот, стојам тука. А да зборам за мене – без разлика дали ќе зборам за тоа колку добро или колку лошо имам сторено – ќе биде како да се фалам. Затоа, тешко ми е да зборувам за овие работи.

Општо земено, многу хвалоспеви се кажуваат; сето ова е прав и пепел, сето ова е суета, но сепак, продолжуваме да се држиме за она што Бог ни го даде, и што некако успеавме да го одржиме преку страдањето, или преку успесите, славата или вината… И така остануваме верни на Црквата и нашиот род.

Мојот живот во Романија беше преполн со настани, дел добри, дел лоши. Не обвинувам, ниту кривам никого, сето тоа Бог ми го испрати за да ја испита мојата душа.

Еден човек ме праша дали страдањето во затворите ми помогнало некако. Му одговорив: „Не, не ми помогна, но јас сум резултат на тоа страдање. Ако било што правам, ако нешто сум, ако гледаш нешто во мене, знај дека сето тоа е поради страдањето. Без ваквото страдање, јас ништо немам!“

Можеби, од сите тешки прашања на луѓето, тоа за страдањето е најнеобјасниво. Зошто е потребно страдањето? Јас имам опит на страдање што ја облагороди мојата душа, и верувам дека за мене, страдањето беше неопходно. Но, тешко е секој да го прифати ваквиот принцип.

          Додека бевме во затвор, се прашувавме: „Зошто страдање? Зошто нам? Од толку милиони Романци, зошто токму нас Господ нè избра да страдаме? Која е смислата?“ И Бог ништо не ни откриваше. Секој ден повикувавме кон Бога да ни ја ублажи болката, а Тој, се чинеше, ни даваше уште поголеми страдања.

Дури и откако ме ослободија од затвор, во себе го носев печатот на оваа болка, која, се чинеше, го обележа целиот мој понатамошен живот. После второто затвореништво, пребегнав на Запад и ги посетив сите земји во Европа и Америка, говорејќи за последиците од комунизмот. Мојата цел беше јасна: не можев да молчам сè додека во мојата земја се случуваше страдање, неправда, комунизам, рушење на цркви и уништување на луѓе. И така талкајќи, дојдов во еден манастир и заспав во неговата библиотека. Беше тоа некој католички манастир. Во неговата библиотека, меѓу другите книги, открив едно мало книжуле со христијански изреки. Го отворив книжулето случајно, и наидов на една страна во која беше напишано созерцанието на фрацускиот писател Пол Клодел.

Беше напишано:

Христос не дојде во светот за да го отстрани страдањето, ниту пак, дојде во светот за да го објасни страдањето. Попрво, Тој дојде за човечкото страдање да го исполни со Своето присуство.

Слушаш ли? Да го исполни човечкото страдање со Неговото присуство! Тогаш сфатив дека додека плачевме, ридавме и повикувавме „Боже, зошто ни го правиш ова?“, и покрај нашите гревови и падови, Тој е поприсутен во нас отколку во било кое друго време. Тој го исполни нашето страдање со Неговото присуство. И така, точно го сфатив длабокото значење на оваа болка: Бог е присутен во нас!

Извор: http://pravoslavie.mk.

 

 5-ти мај 2018 лето Господово

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2072
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2090
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 535
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная