Ако Му се молиш на Бога кога си во духовна борба, за да ја отстрани од тебе, а Он не те послушува и борбата продолжува, не биди малодушен; зашто Он подобро знае што е корисно за тебе.
И кога Му се молиш на Бога за нешто кога си во духовна борба, тогаш не говориː „Боже, оддалечи го од Мене тоа и тоа, а подај ми го ова!“.
Туку моли се вакаː „Господи Исусе Христе, помогни ми и не дозволи ми да згрешам пред Тебе, зашто се заблудив; не дозволи ми да ја следам мојата волја, не дозволи ми да загинам во моите гревови. Биди милостив спрема Твоето создание. Не презирај ме, зашто сум немоќен. Не оставај ме, зашто при Тебе доаѓам. Исцели ја мојата душа, зашто згрешив пред Тебе. Пред мене се сите оние што ме напаѓаат; освен Тебе, Господи, друго прибежиште немам. Господи, спаси ме заради Твојата милост; нека се засрамат сите што стануваат против мене; истреби ги оние што ја бараат душата моја, зашто Господи, Ти си силен во сѐ и преку Тебе е славата на Бога и Оца и на Светиот Дух, во векови, Амин“.
– Тогаш твојата совест тајно ќе му каже на твоето срце заради што Бог не ја послушал твојата молитва. Тогаш твој долг е да ја слушаш твојата совест и да го извршуваш она што ќе ти каже. Не може Бог да не го послуша човекот, ако Му е тој послушен Нему. Он не е далеку од човекот, но нашите желби Му пречат да го слушне нашиот глас. Не дозволувај никој да те измамува, дека земјата, може да даде плод сама од себе, без сеење и без небеска роса, така ни човекот не може да даде добри плодови без страдања, без борба против себеси и без смирение.
Преподобен авва Исаиј
Избор од ФБ профилот на:
Светланка Трајчева