логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Мојата душа од Господа се учи на смирение. На неискажлив начин ми се јави Бог и ја заслади душата моја со љубов, но потоа се сокри и сега душата моја се прилепува кон Него ден и ноќ. Он, милостивиот и добар Пастир, ме најде мене, Својата овца, ранета од духовните волци и ги истера.

Душата моја знае за милоста на Господ кон грешниот човек. Вистина пишувам пред лицето Божјо, дека сите ние грешни луѓе ќе се спасиме и ниедна душа нема да погине, ако се покае, зашто Господ по природа е толку добар, што со зборови тоа не може да се изрази.

Со душата обрати се кон Господа и кажи: „Господи, прости ми“, и не помислувај дека Господ нема да ти прости. Неговата милост не може да не прости, и Он истиот час простува и осветува. Така учи Светиот Дух во нашата Црква.

Господ е љубов. „Вкусите и ќе видите колку е добар Господ“, говори Светото Писмо (Псал.ЗЗ). Мојата душа ја вкуси оваа Господова добрина и мојот дух ненаситно ден и ноќ се прилепува кон Него. За љубовта Божја можам неуморно да пишувам, зашто мојата душа е занесена од сеќавањето кон Бог Седржителот.

Љубовта произлегува од Светиот Дух и без таа љубов никој не може да Го разбере Господ онака како што треба. Преку Светиот Дух се познава љубовта Божја кон нас. Неа Господ ја излива на Своите слуги, за тие да се молат за сите луѓе. Јас тоа не би го знаел, ако благодатта Божја не ме научеше. Но, немојте да мислите дека имам голема благодат или дека сум во прелест. Не. Јас само ја познав благодатта во нејзиното совршенство, а живеам полошо и од најлошиот човек. Јас имам голема схима, но сум недостоен за тој чин. Јас имам само желба да се спасам, а немам никакви подвизи. Сепак, Господ ми даде да ја почувствувам благодатта на Светиот Дух која ја учи душата да го знае патот Божји кој води кон Царството Небесно.

Тешко ми е што не сум потрудољубив, но подобро и не можам. Знам дека сум умствено ограничен, необразован и грешен, но, ете, Господ сака и такви, и затоа мојата душа со сите сили се труди да Му служи на Бог.

О, каква е милоста Божја. Јас сум гаден и нечист човек, а Господ толку многу ме сака. Но, Он е сушта Љубов и сите нас силно нè сака и милостиво нè повикува кон Себе: „Дојдете кон Мене сите вие кои сте нажалени и обременети, и јас ќе ве успокојам“. Овој спокој преку Светиот Дух го добива смирената душа за покајание.

Ние сме последни монаси. Но, и сега прилично постојат подвижници, кои Господ ги сокри од луѓето на тој начин што тие не прават јавни чудеса. Но, во нивните души секојдневно се случуваат чудеса, само што луѓето не умеат да ги видат. Еве чудо: кога душата ќе се возгордее, паѓа во помраченост и униние, а кога ќе се смири, доаѓа радост, и умиление и светлост.

Кој не се подвизува, кој искрено не се кае, нема да ја почувствува благодатта. Но, Господ, по милоста Своја им даде на луѓето покајание и со покајанието ќе се спасиме сите без исклучок.

Демоните им нудат пофалби на оние кои имаат благодат. Ги прелажуваат и од кога ќе ги примат, душата ја губи благодатта. Таа чувствува дека си заминала благодатта, но не можат да разберат дека тоа е поради гордоста. Таа дури по долга борба се учи на смирение.

Кога ја губам благодатта, многу се жалостам во душата и говорам: Зошто од непослушност Го изгубив Господа? О, кога мојата душа ќе се насити со љубовта Божја? Кога повторно таа ќе се зарадува во Господа? Кога повторно моето срце ќе се развесели и ќе се наполни со премудрост Божја, така што Он ќе ме засака како што го засака пророкот Давид поради неговата кротост, или Мојсеј затоа што е верен во домот Господов (Евр.3,5)?

Господ нас бескрајно многу нè сака. Тоа е познато од Светото Писмо и од личен опит. Душата моја деноноќно греши со помисли. Меѓутоа, јас велам: „Прости ми, Господи, зашто сум многу немоќен и дарувај ми го Својот мир, кој го даваш на Своите слуги“, и во тој момент, душата повторно добива мир.

Господ вели: „Блажени се миротворците“. Помислив: Делумно ќе живеам во безмолвие, а делумно ќе градам мир меѓу луѓето. Затоа се населив покрај еден растроен брат, великосхимник… Почнав да разговарам со него, убедувајќи го дека треба со сите да живее во мир и на сите да им простува. Тој не издржа многу долго, туку ми рипна, и не само што ја напуштив ќелијата, туку и едвај побегнав од него. И многу плачев пред Бога што не го зачувавме мирот. Разбрав дека секогаш треба да се бара волјата Божја и по неа да се живее, а не сам на себе да си измислуваш подвизи. Во тоа многу згрешив. Читав и сметав дека добро е така да се прави, но излезе сосема друго.

Тешко е да се живее без старец. Неопитната душа не ја разбира волјата Божја и многу ќе се намачи додека се научи на смирение.



Во почетокот, додека бев млад послушник, му реков на духовникот дека примив блудна помисла и тој ми одговори: „Никогаш не ја примај“. Оттогаш поминаа 45 години и за тоа време ниту еднаш не примив блудна помисла. Исто така, ниту еднаш се немам налутено, затоа што мојата душа непрестајно се сеќава на љубовта Божја и сладоста на Светиот Дух и затоа ги заборавам навредите.

Пред 15 години отецот игумен (архимандрит Мисаил) го испрати отец С. на брод. Овој му одговори: „Не сакал да одам“. Игуменот го праша: „А каде сакаш?“ Отец, С. одговори: „Да сечам дрва“. Набрзо откако отиде, падна врз него дрво, па потоа, долго време лежеше во болница, каејќи се за својата непослушност.

Така и јас еднаш испросив послушание по своја волја. Бев економ, но сакав да одам во Стар Русик поради безмолвие. Таму постојано се постеше. Цела недела се јадеше на вода, освен сабота и недела, и заради тоа народот таму ретко одеше. Госто-приемник тогаш беше отец Серапион кој јадеше само леб и вода. Потоа него го замени отец Онисифор. Тој многу луѓе привлече кон себе со својата кротост и смирение, како и со дарот на беседништво. Беше толку смирен и кроток така што човек можеше да се поправи и без неговите поуки, само гледајќи во него, толку тој имаше здрава и мирна природа. Со него поминав доста време. Схимонахот Савин 7 години не спиеше во кревет. Отец Доситеј беше примерен монах во секој поглед. Схимонах отец Анатолиј имаше дар на покајание. Ми рече: „Долги години не знаев како дејствува благодатта, а сега знам“. Еднаш прими благодат за време на трпеза.

Таму беше и великосхимникот отец Израил. Тој ја видел Мајката Божја. Беше многу стар и додека живееше во Русија отиде кај преподобниот Серафим Саровски кој тогаш беше сè уште жив. Живееше во куќарка каде што сега се наоѓа бавчата. Таму имаше трева која ја косевме. Еднаш му пријдов. Седеше на клупата под зелената бука. Беше висок и сув. Имаше бројаница во рацете. Јас бев млад монах. Му пријдов, длабоко се поклонив и реков: „Батјушка, сами сте. Убаво ви е вам тука да се занимавате со умната молитва“. Тој одговори: „Луѓето немаат молитва, а ете ние сме луѓе“. Се засрамив и не се осмелив и понатаму да прашувам, иако не ја разбрав смислата на неговите зборови. Потоа веќе разбрав дека ние сме навистина луѓе, кои не живеат како што би требало, ниту знаат како да Му служат на Бога. Освен старец Израил, кај нас во манастирот имаше уште двајца кои отидоа кај преподобниот Серафим: отец Савин и отец Серафим. Тие беа од Тамбов.

Кај тие подвижници сакав да одам и да живеам крај нив. Успеав од игуменот да изнудам напуштање на економијата. Меѓутоа, не беше волја Божја таму да живеам и за половина година ме вратија на претходното послушание, затоа што се разбирав во градење. Поради мојата самоволност Господ ме казни и во Русикми настина главата, така што и до ден денешен патам од главоболка.

Неопходно е преку игуменот да се спознава волјата Божја, а не да се настојува на било што.

Извадок од книгата: Архимандрид Софрониј, Старец Силуан, Велес 2014, 480-484

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3223
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная