О, кога би знаеле колку Пресвета Богородица ги љуби оние кои ги исполнуваат заповедите Христови и како жали и тагува за оние кои не се поправаат.
Ова лично го имам почувствувано. Таа благоизволи да ме посети и да ме вразуми веќе да не грешам, велејќи: „Тешко ми е кога гледам што правиш“.
Поминаа повеќе од 40 години, но не можам да ги заборавам тие зборови и не знам што јас, грешниот, би и дал за таа нејзина љубов спрема мене, нечистиот, и како би се заблагодарил на благата и милостива Мајка Господова.
Св.Силуан Атонски
Избор од фб профилот на: Православие.мк