логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

ДУХОВНИ ПОУКИ

ЗА ГРЕВОТ НА ПРАЗНОСЛОВИЕТО И МНОГУГОВОРЛИВОСТА
Архимандрит Рафаил Карелин

Орудието на нашата молитва, зборот, сме го претвориле во средство за грев

Според Светото Писмо, пророкот "Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд: и не падна дожд на земјата три години и шест месеци". (Јк 5, 17). Небото изгледаше како блескав бакар.
Пророкот Илија со ова ги казнил луѓето поради нивното беззаконие и отстапување од верата. Пророкот потоа повторно се помолил и почнало да врне. Како земјата широко да ја беше отворила својата уста исушена од жед и почнала да ја впива животворната влага. Мртвите пустини се претвориле во зелени ливади и полиња.
Во Библијата, во Книгата "Битие", постои една таинствена приказна за видението на Јаков. Праведниот Јаков, бегајќи од гневот на својот брат Исав, застанал да преноќи на пусто место. И таму имал видение. Светлоносен човек, налик на Ангел, стапил во борба со него. Оваа борба траела цела ноќ. Не можел да победи ни едниот, ни другиот. На крај, пред зори, непознатиот му рече: "Пушти Ме веќе, зора е!" Но Јаков одговори: "Нема да Те пуштам, додека не ме благословиш."  И му рече: "Како се викаш?" А тој одговори "Јаков".
Тогаш му рече: "Отсега името нема да ти биде Јаков, туку Израил ќе е името твое; зашто храбро се бореше и со Бога, па и со луѓето силен ќе бидеш. " (1. Мој 32, 26-28.).
Кое е значењето на ова видение и на оваа приказна? Светите Отци вака ја толкуваат: Господ казнува за неправда и за грев, дури и Светите и праведните, Своите љубени. Можеби и уште построго го казнува гревот во нив. Јаков згрешил. Тој со измама зема благослов кој што Господ и така ќе му го дал. А видението? Молитвата на Јаков дошла до Бога во вид на некаква страшна борба. Со својата молитва Јаков како со рацете да го грабна Бога и не му дозволил на Божјиот праведен суд и Божјиот гнев да го казни. Оваа борба траела цела ноќ. Бог бил „врзан" во прегратките на Јакова, односно со напрегната молитва, која излегувала од срцето, и која била победоносна. Тука Божјото милосрдие како да го победило Бо¬жествениот праведен суд. Зборот Јаков значи „оној кој спрепнува". Зборот Израил - "оној што го гледа Бога"- боговидец. Јаков со својата молитва, таинствено, мистично ја видел Божјата слава и се здобил со благодат со која можел да ја победува човечката омраза и светот. Со што да победува? Со доверба и надеж во Божјата помош. Да победува со постојана, внатрешна покајаничка молитва!
Браќа и сестри!
Зошто нашата молитва е толку слаба, толку немоќна, толку јалова? Зошто таа како дим се испружува по земјата? Ке наведам три причини. Првата е таа бидејќи нашиот живот не е во согласност со молитвата. Ние не живееме според Божјите заповеди, а Господ како да говори: "Ако ти ја исполнуваш Мојата волја, Јас ќе ги исполнувам твоите молби. Ако Ме послушаш, и јас ќе ја услишам твојата молитва." Ете зошто нашата молитва е мртва и немокна - ние не живееме според евангелските заповеди. Се чини како нашиот живот да е разделен. Некаде во некое катче од нашата душа и свест заискрува верата. А во секојдневниот живот се однесуваме како пагани.
Втората причина е во тоа што молитвата не ја сметаме за главно делување во нашиот живот, како основа и срце на сите останати христијански подвизи. Свети Јован Златоуст говори: "Кога се молиш ти си жив, кога забораваш на молитвата твојата душа се претвора во труп преполн со црви". Значи, браќа и сестри, втората причина поради која Бог не ги слуша нашите молитви е тоа што не сме доволно восредоточени на молитвата, не можеме одвнатре да беседиме со Бога, нашиот ум и срцето се зафатени со минливото и со празното. И дури кога стоиме пред иконите, ние само ги повторуваме зборовите од молитвата без да ги почувствуваме, и не сме свесни за нивната содржина.
И на крај, третата и последна причина е во тоа што - орудието на нашата молитва, зборот, сме го претвориле во средство за грев, за разонода.


Свети Јован Кронштатски пишува: "Самиот Исус Христос е наречен Слово Божјо; заради тоа - колку е голем и нашиот, човечки збор, за тоа - колку треба да ги почитуваме своите зборови!" И додава: „Оној, кој намерно со зборови го лаже некој човек, тој во молитвата намерно ќе Го лаже и Бога". Гревот со зборот е најраспространет, на него најмногу сме навикнати, и затоа тој е најопасниот грев за нас. Се започнува со "едноставното" многусловие, а завршува со прекршување на заклетвата, со проклетства и богохулење. Поради тоа, пред се, потребно е да се бориме со многуговорливоста (дрдорењето). Ке кажете: "Да, навистина, нашиот јазик личи на ветерница, која започнува да се врти при првиот налет на ветрот, и тоа на ветерница со празни воденички камења. Понекогаш нашиот јазик е како бесно куче откинато од синџирот, па го каснува и својот сопственик и секој друг кој ќе му се најде на патот. Но, што да правиме? Се каеме и повторно грешиме. Не можеме да го победиме својот јазик, тој нас не победува".
Не е доволно да се знае дека каснувањето на змијата е смртоносно, треба да знаеме како да ја заобиколиме змијата отровница, како да ја вшмукаме крвта од раната, ако веќе не каснала, и ако отровот навлегол во нашето тело.
Што да правиме за да се избавиме од многуговорливоста?
Најнапред да го ограничиме кругот на нашите соговорници. Како што алкохоличарот кој сака да се ослободи од својот порок не смее да се среќава со алкохоличари, слични на него, така и болниот треба да ги избегнува причините за својата болест. Значи, потребен ни е строг избор на соговорници. Понекогаш ни се чини дека разговараме сосема невино, но, всушност, сме се предале на многуговорливоста, која е нашата страст, како духовна опиеност во словоблудие. Алкохоличарот често се буди покрај оградата во својата нечистотија, со празни џепови. Така и ние, после долгите разговори чувствуваме духовна опустошеност, чувствуваме болка во главата, го чувствуваме, што е најстрашно од се - губитокот на Божјата благодат.
Некои од нас велат: „Можеме на јавните места да не разговараме со луѓето кои озборувааат и ги клеветат другите, но ако некој дојде кај нас дома, не можеме туку така да го избркаме, и приморани сме да го слушаме тоа што тој ни го зборува. Светиот Дух преку пророкот Давид вели: „Оној што тајно го клевети ближниот свој, го изгонувам". (Пс. 100, 5). Но, ако не можете да му ја затворите устата на сплеткарот и клеветникот, ако не можете да го избркате, постапете поинаку. Кажете му: "Јас сум виновен за истите гревови. Најверојатно ги гледаш во мене моите гревови и ме разобличуваш мене, а се чини како да зборуваш за друга личност". Доколку ова не помогне, кажете му на својот соговорник: "Дојде време за молитва и јас би сакал да го искористам твоето присуство заедно да се помолиме, за да имам полза од твоите молитви". И започни да читаш од Псалтирот или некој акатист. Тој веднаш ќе почне да се подготвува за да си замине. Но ти задржи го, и продолжи ја молитвата подолго отколку што вообичаено се молиш. Тогаш сплеткарот и клеветникот не само што нема да дојде кај тебе следниот пат, туку оддалеку ќе ја заобиколува и вратата на твојата куќа. За жал, овие луѓе не се срамат да ни пристапат, дури и во црквата. Тие наликуваат на месечари или на бесомачни.
Месечарот, воден од нему самиот непозната сила, не сфаќа над каква провалија оди, и на каква опасност се изложува. Така и овие луѓе, заслепени од демонот, не сфаќаат дека разговорите, а особено сплетките во црквата се погубни. Мувите вообичаено летаат над ѓубриштето и кај нечистотијата и лазат по нив, а потоа пренесуваат зараза. И еве, браќа и сестри, ако таква мува почне да зуи покрај нашето уво: "Ја знаете ли последната новост, само тоа нека остане помеѓу нас..." и така натаму, кажете: "Брате (или сестро)! Да ги приклониме колената и да се помолиме за човекот кој го осудуваш. Ако тој навистина згрешил, значи дека е во неволја, и тој е наш брат"! И верувајте дека вашиот соговорник (или соговорничка) нема да сака да се помоли. Тој (таа) ќе рече: "Ме болат нозете", и ќе избега. Многуговорливоста е погубна.
Грчкиот писател Плутарх раскажува за следниов случај:
Во едно село кое се наоѓало блиску до Атина, дошле двајца војници од поразената атинска војска носејќи тажна вест. Тие отишле во берберницата додека во тоа време берберот бричел некој човек. Тој му ја насапунил главата и веќе ја избричил едната половина, кога ја слушна оваа вест. Берберот остави се и истрча до Атина колку што нозете го носеа, за да биде првиот што ќе ја донесе веста за поразот. Тој почнал да вика на улицата:"- Слушнавте ли дека Спартанците ја разбиле атинската војска?" Во градот настапил метеж. Но потоа власта почнала да испитува за што се работи, што точно се случило. Гласините не биле потврдени.  Берберот го приведоа и почнаа да бараат докази од него. Секако, тој немаше да даде никакви докази. Тогаш го осудија да биде погубен поради нарушување на мирот. Го одведеа на местото кај што требаше да биде погубен, а џелатот веќе го извадил мечот од корицата за да му ја исече главата. Горко се каел берберот поради својата страст за новости. Тој даваше збор дека повеќе никогаш нема да се меша во туѓите работи доколку случајно остане жив. И одеднаш, народот повика: "Застанете, не убивајте го!" Изморените војници конечно стигнале до Атина и потврдиле дека војската е навистина поразена и уништена. Тогаш берберот го одврзаа. И штом си дојде на себе, пред да се спушти од губилиштето, веднаш му постави прашање на џелатот: "Слушнавте ли што се случило со војсководачот? Дали е заробен или е убиен?"  Но, тој ништо не научил.
Значи, првиот услов за борбата против многуговорливоста е изборот на соговорници. Вториот е контролирање на своите зборови. Своите мисли треба да ги изразуваме што е можно пократко. Во Грција постоел градот Спарта, чии жители се обидувале да зборуваат што е можно пократко, за во една реченица да ја раскажат целата приказна.
Античкиот мудрец Питагора барал од учениците кои стапувале во неговата заедница првите три години да ги минат во молчење. Тој говорел дека мудрецот прво треба да научи да молчи, а потоа да говори. И во некои древни манастири постоел типик кој пропишувал молчење. Монасите општеле само со знаци.


Браќа и сестри, зошто ова е толку неопходно за нас? Зошто треба да научиме да молчиме? Затоа што молчењето ги собира огромните сили во човечката душа. Преподобниот Исаак Сирин вели: "молчењето гради а говорливоста разградува!". Некои луѓе си одредуваат за себеси правило: во текот на денот да изговараат одреден број на зборови. Се разбира, ова не е правило за цел живот. Ова е правило само за некое време. Ако гранката се искривила, треба да се свитка на другата страна за потоа да се исправи. Ако некој човек е болен, за лекување му се пропишува строга диета. Освен тоа, во разговорот треба да се одбегнуваат сите непотребни повторувања.
Горделивиот човек сака постојано да ја повторува истата реченица, како да сака да ја фиксира во сеќавањето на другите. Во принцип, многуговорливоста е еден од знаците на гордоста. Човекот смета дека неговите зборови се многу драгоцени и како да се опијанува од звукот на сопствениот глас. Од друга страна, треба да се одбегнуваат следните често одвишни фрази како што се: „Простете", „би сакал да ви кажам", „да не ви пречам" и така натаму. Ова е надворешно, лажно смирение, кое вообичаено ја сокрива духовната гордост. Ако сакате да кажете нешто потребно и корисно, нема причина да се извинувате. Ако сакате да кажете нешто празно, нема да помогне молбата за прошка. Потоа, човекот треба да се научи да ги слуша другите. Многумина од нас не умеат да го ислушаат својот соговорник: го прекратуваат, не му дозволуваат да ја искаже својата мисла. Исто така, не смее да се зборува кога сме под влијание на гневот или на другите страсти. За сето она што ќе го кажеме во состојба на гнев, подоцна горко ќе зажалиме. Најнапред, потребно е да се успокоиме.
Некои советуваат ништо да не одговара¬ме кога сме вознемирени, но ако тоа е неопходно, прво триесет и три пати да ја кажеме Исусовата молитва, или во краен случај, да му се обратиме на Бога со кратка молитва да ни помогне и да не упати. Исто така, ако не прашаат за нешто што е многу важно, не треба веднаш да даваме одговор, туку да го одложиме, ако е можно на два дена. Воопшто, човекот треба да одбегнува да зборува било што за другите луѓе, да ги оценува, да ги пофали или осудува, бидејќи човечкото срце е длабоко море, а ние ја гледаме само неговата површина.
Некој од Светите Отци има речено: „Ако стигнам до Рајот, ќе бидам зачуден од три работи. Од тоа што во Рајот нема да ги видам оние што очекував дека ќе ги видам таму. Во Рајот ќе ги видам оние кои не очекував да ги видам таму. И на крај, ќе бидам зачуден ако јас самиот се спасам!" Кога говориме, секој наш збор треба да биде искрен, да излегува од срцето. Една иста реченица, во зависност од тоа дали е изговорена од срце или е кажана махинално, по навика може да биде и потребна и гревовна. На пример, кога ќе се сретнеме со пријател, ние го прашуваме: „Како си?". Ако притоа навистина не интересира како е тој човек, ако сакаме да дознаеме дали има потреба од нешто, ако сме подготвени да му помогнеме, тогаш тоа е гласот на нашата љубов. Но, ако прашаме формално: "Како сте?" без никакво чувство кон другиот човек, ние лажеме и сме лицемери, а тоа всушност е празнословие.
Светите Отци говореле: „Кога отпочнуваш разговор, одреди со каква цел зборуваш, треба да знаеш со кого зборуваш, за што зборуваш, зошто зборуваш, каде зборуваш и колку зборуваш. Ако притоа имаш на ум дека поради своите зборови ќе бидеш оправдан или осуден, ќе сфатиш дека далеку побезбедно е да молчиш отколку да зборуваш! „Илија е наречен Божји пророк, човек Божји, бидејќи постојат уште и сатански пророци. Како да ги разликуваме Божјите пророци од пророците на ѓаволот? Божјите пророци ја откриваат волјата Божја само тогаш, кога Светиот Дух слегува врз нив.
Што се однесува до демонските проро¬ци, тие не пророкуваат, тие гатаат и лажат за пари. Тие „одговараат" на прашањата што им ги поставуваат. Во својот живот, тие бескрајно се далеку од евангелската духовност, а кога „пророкуваат", тие, всушност, му се умилкуваат на човекот, ги оправдуваат човечките страсти и похоти за да му угодат на огревовеното мнозинство. Светиот Божји пророк Илија, според зборовите на синот Сирахов, бил како виор, а неговиот збор како запалено светило (Сирах. 48, 1-12). Виорот руши, вртлогот чисти се пред себе. И пророкот Илија како силен ветар го уништува гревот, беззаконието и порокот. Неговото слово како светилник го осветлува патот на сите што го бараат спасението.
Затоа, треба да го следиме светиот пророк Илија во неговата љубов кон Бога и во ревноста за верата. Се разбира, таква чистота на умот, ние никогаш нема да достигнеме и нема никогаш да бидеме како пророкот Илија, но поддржувањето на добродетелите веќе ќе биде залог за нашето духовно усовршување и спасение.

Превод: Свештеник Илија Поп Гонов

 

Извор:

 16.09.2018 лето Господово

Друго:

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная