логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Светиите велат дека еден од основните проблеми што ги имаме е заборавањето. Освен чисто основните работи што треба да ги завршиме, ние забораваме и многу други нешта. Јас, на пример, дома сум купил четири пакетчиња сол, затоа што кога ќе појдам во продавница, си мислам дека ми е при крај и купувам. Сум го наполнил шкафот со сол. Заборавам што треба да правам, а во пространството на духовниот живот го забораваме она на коешто Христос нѐ учи. Резултатот е тој што за време на искушение паѓаме во паника, затоа што тоа ни се чини изненадувачки и одеднаш. Светиите велат дека секој пат кога се чувствуваме лошо, независно дали поради беспокојство или грижа, или пропаѓаме, или сме во меланхолија, или нѐ обзема паника, со сигурност нешто сме заборавиле. Не е возможно во тој момент да си во контакт со Бога, со Неговото учење и вистина, со чувство во душата, а дури само како мисла, да се чувствуваш толку отпаднат. Кога се чувствуваме лошо, нешто сме заборавиле. Добро е да се потсетиме на оваа работа. Затоа служиме постојано света Литургија, затоа постојано читаме, затоа се молиме постојано, затоа за време на светата Литургија свештениците велат: „Пак и пак, одново и одново, на Господа да се помолиме“. Зошто? Затоа што сум човек. Како што велат некои: „Убаво ги зборуваш тие работи и додека зборуваш сѐ е во ред, но кога ќе завршиш, започнува пак истото: ги заборавив. Одново чекам да те слушнам и после пак заборавам“.

Која ни е целта? Да дојде еден момент во животот, добро ќе е да не сме на деведесет или сто години, добро е сѐ да е во овој живот, во кој овие вистини ќе најдат простор во нас, ќе започнат да доминираат и ќе бидат основниот елемент во нашиот живот. Да ги почувствуваме и тие да нѐ напојуваат, за да живееме порадосни и утешени.

Една заборавена вистина е тоа што доказ за духовен живот не се зборовите, туку радоста што излегува од нас. Можеме да зборуваме многу за Христос, но кога некој живее близу до нас, тогаш се гледа дали тоа што го кажуваме нѐ преобразило. Затоа многу често дома се караме, ги притискаме другите, им зборуваме разни работи, ги потсетуваме, но со мислите не допираме до нивното срце, затоа што не се сеќаваме дека првото нешто што треба да го докажеме за Христос е нашиот личен живот, а не зборовите. Зборови во наше време има многу. Луѓето не се убедуваат, затоа што велат: „Добро зборувате, но не го живеете тоа што го проповедате“. Затоа и Христос вели: По тоа ќе ве препознаат дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу вас (Јован 13,35). Односно не по тоа што го зборувате, макар што и тоа е неопходно, но не е доволно, затоа што не е убедливо. Следствено, основната вистина што ја забораваме е дека приоритет во духовниот живот е доколку нештата што ги зборуваме, нѐ преобразуваат самите нас. Те прави ли среќен тоа во кое веруваш, те успокојува ли, те смирува ли твојата вера? Живеј така како што вели Христос и остави ги луѓето во спокој и мир. Обично ние создаваме притисок дома, во околината, на работа, во семејството, наводно за да им помогнеме заради Христа, а всушност, ги доживуваме сопствениот притисок и незадоволство, нашите лични емоционални, психолошки и духовни проблеми. Човекот што има мир во себе е смирен. Сака сите да се спасат, го има благиот неспокој, за кој зборува Старец Пајсиј. Тој благ неспокој не го полудува, тој спие мирно, затоа што ги доверува луѓето на Бога.

Преподобен Пајсиј Светогорец, современ графит

На Света Гора тоа ми го кажа еден монах од скитот на Света Ана  пред 1986 година. Јас тогаш бев мал и мислев дека ако веруваш во Бога, тоа задолжително ќе има како последица да зборуваш, да трчаш, да ги менуваш луѓето насила, со добро и со лошо. Се прашував тогаш за овој монах што ќе прави тука, цел живот ли ќе стои во планината? Ми се чинеше многу чудно и бев љубопитен. Имав малку детска дрскост и го прашав: „Отче, што правиш тука? Со што ќе му помогнеш на општеството?“

– Ќе ги оставам луѓето на мир, тоа ќе е мојот допринос, нема да ги дразнам и обеспокојувам луѓето со моите страсти, нема да ги врзувам со мојот карактер, ќе стојам тука за да придобијам мир и спокој.

После тоа ме праша:

– Можеш ли да ги обгрнеш нозете на Христос и да се преобразиш? Тоа сакам да го постигнам!

Накрај ми рече:

– Можеш ли да станеш ‘свети мошти’?  – тоа ќе биде твојот придонес.

Направи го својот живот таков што ќе станеш тоа што треба да бидеш и остави ги луѓето да те почувствуваат. Каде е Свети Нектариј Егински сега, што прави? Стои во Манастирот во Егина, лежи таму со неговите мошти. Бродовите доаѓаат и се враќаат во Егина, го посетуваат Светецот, тој е свет и ги привлекува луѓето. Ако си таков каков што Бог те сака, ќе ги привлекуваш луѓето, другите ќе доаѓаат да те најдат, без самиот ти да ги притискаш, без да вршиш притисок. Тоа е една духовна вистина, која што не сме ја разбрале.

Многупати нашата прекумерна екстровертност крие лични недостатоци и проблеми. Жени, коишто постојано врескаат на своите мажи, проповедаат, поправаат, сакаат сите да ги стават во ред. И жени и мажи, сите страдаат од тоа коешто покажува дека прво тие самите не постигнале мир и не се сталожиле. Спокојниот човек дава спокојство на сите. Ако ти не го убедиш, друг ќе го стори тоа, така одеднаш, додека не очекува. Ќе појде на некакво поклонение, ќе најде брошура на влезот, на прв поглед безначајни работи и ќе си рече: „Гледај, тука Бог нешто ми вели!“ Нема ти да го промениш. Ти смири се. Голема работа е да помниме дека најважното во духовниот живот е ние да придобиеме мир и спокојство. Да не го заборавиме тоа.

Кога некогаш избувнувам, јас имам проблем во себеси. Никој не ми е виновен. Од тоа патат многу жени, кои се мажат и ми велат:

– Јас, отче, се омажив!

Кога ќе ја прашам како е мажот ѝ, таа ми одговара:

– Добро е, не е баш тоа што јас сакам, но ќе го поправам. Лека – полека ќе го променам.

И тоа ѝ е животна мечта. Се мажи за да го поправи. И мажот го вели истото на своите пријатели: „Не е како што треба, но ќе ја поправам“. Едниот се обидува да го поправи другиот, првиот влече наваму, вториот натаму. Така се караат до длабока старост и никој не вели: „јас треба да се поправам себе си“. Не се оженив со својата жена за да се правам мисионер, да ја поправам насила. Основните елементи на личноста не се менуваат, на пример, една жена која има голем инает и упорност, карактерот ѝ е таков, малку ќе омекне, нема да стане ангел. Тоа се практични нешта. Теоретски може да веруваш дека може да стане ангел. Но сум слушал многу исповеди и сум сфатил дека не стануваме ангели во однос на своите составни елементи. Родителите со време омекнуваат, стануваат поблаги, но не се менуваат од корен. Освен кога ќе остариш потполно. Ѝ реков на една госпоѓа:

– Гледам дека си напреднала во духовниот живот, дека си многу спокојна, не се караш.

– Е, што да правам, отче, како да се карам, немам сили, остарев. И тој не може, има шеќер, кога ќе му се покачи, не може да зборува…

Тоа се вистини кои изгледаат смешни, но ако побараш подлабоко, тие кријат многу сериозни проблеми во нашиот духовен живот. Затоа фокусирајте се на себеси.

Кога си Божји човек, не сакаш да убедуваш никого, туку твојот живот и пример убедуваат. На пример, тоа што во среда и петок постиш и тоа без да го вознемирува другиот кој не пости. Убедува тоа што во недела наутро ти ќе појдеш в црква, без да се враќаш дома намрштен, иако другиот не отишол. Убедува тоа што ќе отидеш на беседа и ќе се вратиш во мир, слобода и спокојство. А не да велиш: „Требаше и ти да дојдеш, да слушнеш што рекоа за тебе! Сѐ што кажаа беше за тебе!“ Односно, да одиш на беседата со цел да го промениш другиот. Со цел да создадеш вознемиреност, притисок и другиот соодветно да го почувствува тоа. Многу ни се допаѓа да читаме житија на Светиите, но што прифаќаме од нив? И преподобниот Старец Порфириј го вели ова: „Не му зборувај постојано на детето, зашто кажаното ќе влезе само во увото, подобро кажи Му на Бога, Он да го стави во неговото срце“.

Да го промени на мек начин. А ние зборуваме, зборуваме и ништо не се менува. Затоа што ние не се менуваме. Себепознание значи да се разбере дека сите луѓе длабоко во себе бараат нешто убаво. Тоа исто го забораваме, а имено дека не постои човек, не постои таков кој по природа е грешен. Нашето создание е преплетено со љубовта на Бога, со Неговата благодат; со прошката што сме ја добиле преку крштевањето, со светото миро, со светата Причест, преку која се простуваат нашите гревови. Кога гледаш некој човек, кон кого чувствуваш внатрешен притисок и сакаш да се скараш, сети се дека тој човек страда. Еден светогорец велеше: „Кога гледаш дека некој те напаѓа и има агресија кон тебе, те навредува или говори остро, не го подготвувај во себе оружјето за да војуваш со него, туку речи си: колку ли страда овој човек сега, нешто го загрижува, растажува, нешто го измачува“. Колку повеќе вика, се кара, толку повеќе страда и се мачи. Тој повеќе се грижи од тебе. Оној кој греши е жеден.

Човек не знае каде да Го најде Христа и започнува да прави гревови. Колку пожеден за грев ќе видиш и колку повеќе се потопува во наркотици, пороци, беззаконија, да знаеш дека тој не е лош човек, тоа го гледале сите Светци. Но ние го забораваме тоа, ги бележиме луѓето како добри и лоши, праведни и грешни. Во исто време, гледаме дека Христос постојано е со оние, лошите, Го гледаме како јаде, како оди, зборува, како ги сака, а другите како се чудат. Односно, ние, „добрите“. Кога Му рекле: „Зошто одиш кај нив, не гледаш ли дека се лоши?“ – Он одговорил: Не дојдов да ги повикам праведните, туку грешните кон покајание (Матеј 9,13). Овие луѓе, всушност, длабоко во себе немаат љубов, Господ ги изобличува, како што отишол во домот на Симон, кога му рекол: „Ти не ми даде целив“, додека блудницата му ги целивала нозете. Таа гревовна душа. Гревовна во својата површност и дела, таа пројавила љубов. А ти покажуваше само правда, самооправдување, задоволство. Си велиш: „Јас сум во ред, не сум како другите и моето дете, кое има куси панталони, обетки и тетоважи, сум должен да го поучам и поправам“. Но зад сите тие надворешни нешта труди се да го гледаш другиот печат, којшто е од Бога. Не ја гледај тетоважата, зад неа се крие душа која жеднее да ја отпечати во себе љубовта што не ја добила. Но кога ќе се случи скандал, ние го забораваме тоа. Зборуваме како да сме непријатели и дома имаме воени кампови. Некои жени велат:

– Сите се свртеле против мене, сите војуваат со мене.

Јас ја прашувам:

– Каде живееш, во Авганистан? Како така сите војуваат против тебе? Тоа е твојот дом, семејство, деца. Но таа зборува со агресивни термини, термини од војната.

– Во оваа куќа помислиле да ме полудат!

– Кои се тие?

– Мажот ми, моите деца…

Таа не разбира дека врската е врска на заедничко патување. Сите ние одиме заедно да ја постигнеме целта, која е радоста и мирот на душата, единството на срцата и телата, кога станува збор за брачни другари. Ако тоа не се постигне, царува само тензија.

Кога сакаме, треба да се сетиме дека не е потребно да имаме согласност од другиот. Односно, ‘сакам’ не значи се согласувам. Исто како што и ‘не се согласувам’ не значи дека не сакам и дека ќе направам скандал и кавга. И покрај тоа што не се согласуваме, те сакам. Имам друго мислење, но тоа не значи дека не можам да го толерирам твоето. Треба да си подготвен да го прифатиш и обратното мислење и да водиш дијалог, во спротивно ќе настане кавга.

Не постои општ изглед за сите нешта. Еднаш го прашав еден човек: „Пречи ли да сме со различни мненија и да се сакаме, да имаме љубов еден кон друг? Ни пречи ли да се согласуваме во нашето несогласување?“ И да останеме поврзани и покрај тоа. Христос имал дванаесет ученици, секој со свој карактер. Не мислам да не се согласуваме по однос на догмите на верата, во срцевината на учењето на Црквата, туку во практичното поведение. Вака се чувствувам јас, така се чувствуваш ти. Мојот карактер е едно, твојот друго. И твоето е добро, но треба да се научиш да го кажуваш мислењето без злоба и страв, без да го прекинуваш контактот со другиот и без да го рушиш мостот на комуникација со него. Тоа исто така е една тајна во духовниот живот. Кога се сеќаваме на тоа, ќе можеме да ја прифатиме својата сопруга кога има различно мислење, детето, ближните…

Продолжува…

 

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная